Глава 12
Нефи ја гледа во визија земјата на ветување; праведноста, беззаконието и пропаста на сите нејзини жители; доаѓањето на Божјото Јагне помеѓу нив; како Дванаесетте Ученици и Дванаесетте Апостоли ќе го судат Израел; и одвратната и гнасна состојба на оние кои запаѓаат во неверување. Околу 600–592 п.н.е.
1 И се случи дека ангелот ми рече: Погледни, и види го твоето потомство, а исто и потомството на твоите браќа. И погледнав и ја видов земјата на ветување; и видов мноштва на народи, да, токму како да беа на број колку песокот од морето.
2 И се случи дека видов мноштва собрани заедно да се борат, едни со други; и видов војни, и големи гласини за војни, и големи колежи со меч помеѓу мојот народ.
3 И се случи дека видов многу поколенија да починат, според начинот на војните и препирањата во земјата; и видов многу градови, да, дури не ги изброив.
4 И се случи дека видов магла од темнина на лицето на земјата на ветување; и видов молњи, и слушнав громови и земјотреси, и секакви бучни звуци; и ги видов земјата и карпите, како пукаа; и видов планини како паѓаат на парчиња; и ги видов рамнините на земјата, дека беа распукани; и видов многу градови што беа потонати; и видов многу што беа изгорени од оган; и видов многу што паѓаат на земјата, поради нејзиното тресење.
5 И се случи дека откако ги видов овие нешта, ја видов пареата од темнина, дека се повлекува од лицето на земјата; и ете, видов мноштва кои не беа паднале поради големите и ужасни пресуди на Господ.
6 И ја видов небесата да се отвори, и Божјото Јагне да се симне од небесата; и Тој слезе и им се покажа Самиот на нив.
7 А исто видов и сведочам дека Светиот Дух слезе врз дванаесетмина други; и беа одредени од Бог, и одбрани.
8 И ангелот ми рече, велејќи: Ете ги дванаесетте ученици на Јагнето, кои се одбрани да му служат на твоето потомство.
9 И ми рече: Дали се сеќаваш на дванаесетте апостоли на Јагнето? Ете, тие се оние кои ќе ги судат дванаесетте племиња на Израел; затоа, дванаесетте свештеници на твоето потомство ќе бидат судени од нив; зашто вие сте од домот на Израел.
10 И овие дванаесет свештеници кои ги гледаш ќе го судат твоето потомство. И, ете, тие се праведни засекогаш; поради нивната вера во Божјото Јагне, нивните облеки се избелени во Неговата крв.
11 И ангелот ми рече: Погледни! И погледнав, и видов три поколенија да починат во праведност; и нивните облеки беа бели токму како Божјото Јагне. И ангелот ми рече: Овие се избелени во крвта на Јагнето, поради нивната вера во Него.
12 И јас, Нефи, исто видов многу од четвртото поколение кои починаа во праведност.
13 И се случи дека ги видов мноштвата на земјата собрани заедно.
14 И ангелот ми рече: Ете го твоето потомство, а исто и потомството на твоите браќа.
15 И се случи дека погледнав и го видов народот од моето потомство собрани заедно во мноштва против потомството на моите браќа; и беа собрани заедно за да се борат.
16 И ангелот ми рече, велејќи: Ете го изворот со гнасна вода која ја виде татко ти; да, дури и реката за која зборуваше; и нејзините длабочини се длабочините на пеколот.
17 И маглите од темнина се искушенијата од ѓаволот, кои ги ослепуваат очите, и ги закоравуваат срцата на човечките деца, и ги водат на широки патишта, за да загинат и се изгубени.
18 И големата и просторна градба која ја виде татко ти, се суетните фантазии и гордоста на човечките деца. И една голема и ужасна бездна ги одделува; да, дури и словото на правдата на Вечниот Бог, и Месијата кој е Божјото Јагне, за кого Светиот Дух сведочи, од почетокот на светот сѐ до ова време, и отсега натаму и засекогаш.
19 И додека ангелот ги говореше овие зборови, погледнав и видов дека потомството на моите браќа се препираше против моето потомство, според зборот на ангелот; и поради гордоста на моето потомство, и искушенијата на ѓаволот, видов дека потомството на моите браќа го совлада народот од моето потомство.
20 И се случи дека здогледав, и го видов народот од потомството на моите браќа дека беа го совладале моето потомство; и тргнаа во мноштва врз лицето на земјата.
21 И ги видов собрани заедно во мноштва; и видов војни и гласини за војни помеѓу нив; и во војните и гласините за војни видов многу поколенија да починат.
22 И ангелот ми рече: Ете овие ќе западнат во неверување.
23 И се случи дека видов, откако беа западнале во неверување, тие станаа мрачен, и омразен, и гнасен народ, исполнет со мрзливост и секаков вид на одвратности.