Свети Писма
1 Нефи 6


Глава 6

Нефи пишува за нештата на Бог—Целта на Нефи е да ги убеди луѓето да дојдат при Богот на Авраам и да бидат спасени. Околу 600–592 п.н.е.

1 И сега јас, Нефи, не го давам родословието на моите татковци во овој дел од мојот запис; ниту ќе го дадам после врз овие плочи кои ги пишувам; зашто е дадено во записот кој беше воден од татко ми; затоа, не го пишувам во ова дело.

2 Зашто доволно ми е да кажам дека сме потомци на Јосиф.

3 И не ми е важно да сум прецизен за да дадам цел извештај за сите нешта на татко ми, бидејќи не можат да бидат напишани врз овие плочи, бидејќи го посакувам просторот за да можам да пишувам за нештата на Бог.

4 Зашто целината на мојата намера е да можам да ги убедам луѓето да дојдат при Богот на Авраам, и Богот на Исак, и Богот на Јаков, и да бидат спасени.

5 Затоа, нештата кои се пријатни за светот не ги пишувам, туку нештата кои Му се пријатни на Бог и на оние кои не се од светот.

6 Затоа, му давам заповед на моето потомство, дека нема да ги исполнат овие плочи со нешта кои немаат вредност за човечките деца.