Свети Писма
1 Нефи 7


Глава 7

Синовите на Лехи се враќаат во Ерусалим и ги покануваат Исмаил и неговото домаќинство да им се придружат во нивното патување—Ламан и други се бунат—Нефи ги охрабрува неговите браќа да имаат вера во Господ—Тие го врзуваат со врвци и го планираат неговото уништување—Тој е ослободен преку моќта на вера—Неговите браќа молат за опростување—Лехи и неговата дружина нудат жртва и запалени приноси. Околу 600–592 п.н.е.

1 И сега, јас би сакал да можете да знаете, дека откако татко ми, Лехи, беше ставил крај на пророкувањето во врска со неговото потомство, се случи дека Господ пак му говореше, велејќи дека не беше добро за него, Лехи, да го одведе неговото семејство во дивината само; туку дека неговите синови треба да земат ќерки за жени, за да можат да одгледаат потомство за Господ, во земјата на ветување.

2 И се случи дека Господ му заповеда дека јас, Нефи, и моите браќа, треба повторно да се вратиме во земјата на Ерусалим, и да ги доведеме Исмаил и неговото семејство во дивината.

3 И се случи дека јас, Нефи, повторно, со моите браќа тргнав во дивината за да одам горе до Ерусалим.

4 И се случи дека тргнавме до куќата на Исмаил, и стекнавме благонаклонетост во очите на Исмаил, толку што му ги говоревме на него словата на Господ.

5 И се случи дека Господ го омекна срцето на Исмаил, исто и на неговото домаќинство, толку што тие тргнаа на нивното патување со нас долу во дивината до шаторот на мојот татко.

6 И се случи додека патувавме во дивината, ете, Ламан и Лемуил, и две од ќерките на Исмаил и двајцата синови на Исмаил и нивните семејства, се побунија против нас; да, против мене, Нефи, и Сем, и нивниот татко, Исмаил, и неговата сопруга, и неговите три други ќерки.

7 И се случи при бунтувањето, да посакаа да се вратат во земјата на Ерусалим.

8 И сега јас, Нефи, бев натажен поради закорувањето на нивните срца, затоа им говорев, велејќи, да, дури и на Ламан и на Лемуил: Ете, вие сте моите постари браќа, па како може да сте толку закоравени во вашите срца, и толку слепи во вашите умови, што имате потреба јас, вашиот помлад брат, да ви говорам, да, и да поставувам пример за вас?

9 Како може да не сте го послушале словото на Господ?

10 Како може да сте заборавиле дека сте виделе еден ангел од Господ?

11 Да, и како може да сте заборавиле колку големи нешта Господ направи за нас, во нашето избавување од рацете на Лабан, а исто и дека треба да го добиеме записот?

12 Да, и како може да сте заборавиле дека Господ може да ги направи сите нешта според Неговата волја, за човечките деца, ако се случи тие да практикуваат вера во Него? Затоа, да му бидеме верни на Него.

13 И ако се случи да сме верни на Него, ќе ја добиеме земјата на ветување; и ќе знаете во некој иден период дека словото на Господ ќе биде исполнето во врска со уништувањето на Ерусалим; зашто сите нешта кои Господ ги изговорил во врска со уништувањето на Ерусалим мора да се исполнат.

14 Зашто ете, Духот Господов наскоро ќе престане да се стреми со нив; зашто ете, ги одбија пророците, и Еремија го фрлија во затвор. И настојуваа да му го одземат животот на татко ми, толку што го истераа од земјата.

15 Сега ете, ви велам дека ако се вратите во Ерусалим, вие исто така ќе загинете со нив. И сега, ако го изберете тоа, одете горе во земјата, и сетете се на зборовите кои ви ги говорам, дека ако отидете и вие исто ќе загинете; зашто така Духот на Господ ме принуди да говорам.

16 И се случи дека кога јас, Нефи, бев им ги изговорил овие зборови на моите браќа, ми беа гневни на мене. И се случи дека ги положија нивните раце врз мене, зашто ете, беа премногу разгневени, и ме врзаа со врвци, зашто настојуваа да ми го одземат животот, за да можат да ме остават во дивината да бидам проголтан од диви ѕверови.

17 Но се случи дека му се молев на Господ велејќи: О Господе, според мојата вера што е во Тебе, ќе ме ослободиш ли Ти од рацете на моите браќа; да, дури и дај ми сила за да можам да ги скинам овие врвци со кои сум врзан.

18 И се случи дека кога бев ги кажал овие зборови, ете, врвците беа одврзани од моите раце и нозе, и застанав пред браќата, и повторно им говорев.

19 И се случи дека пак ми се разгневија, и настојуваа да ги положат рацете врз мене; но, ете, една од ќерките на Исмаил, да исто и мајка ми, и еден од синовите на Исмаил, ги замолија моите браќа, толку што ги омекнаа срцата; и престанаа да се обидуваат да ми го одземат животот.

20 И се случи дека беа тажни, поради нивната пакост, толку што клекнаа пред мене, и ме замолија да им опростам за тоа што беа го направиле против мене.

21 И се случи дека јас искрено им опростив за сето тоа што го беа направиле, и ги охрабрив да му се молат на Господ, нивниот Бог, за опростување. И се случи дека тие направија така. И откако беа завршиле да Му се молат на Господ, повторно тргнавме на нашето патување кон шаторот на нашиот татко.

22 И се случи да се спуштиме долу до шаторот на нашиот татко. И откако јас и моите браќа и сите од куќата на Исмаил беа се спуштиле во шаторот на мојот татко, Му се заблагодарија на Господ нивниот Бог; и понудија жртви и запалени приноси за Него.