Глава 16
Пакосните сметаат дека вистината е тешка—Синовите на Лехи се венчаат со ќерките на Исмаил—Лиахоната го води нивниот правец во дивината—Пораки од Господ се напишани врз Лиахоната од време на време—Исмаил умира; неговото семејство мрмори поради маките. Околу 600–592 п.н.е.
1 И сега се случи дека откако јас, Нефи, бев ставил крај на зборувањето со моите браќа, ете ми рекоа: Ти ни објави тешки нешта, повеќе од тоа што можеме да издржиме.
2 И се случи дека им реков дека знам дека бев говорел тешки нешта против пакосните, според вистината; и праведните сум ги оправдал, и сведочев дека ќе бидат издигнати на последниот ден; затоа, пакосните сметаат дека вистината е тешка, зашто ги пресече до самиот центар.
3 И сега браќа мои, да бевте праведни и да бевте спремни да ја послушате вистината, и да ѝ обрнете внимание, за да можете да чекорите исправено пред Бог, тогаш не би мрмореле поради вистината, и не би рекле: Ти говориш тешки нешта против нас.
4 И се случи дека јас, Нефи, ги охрабрив моите браќа, со сета трудољубивост, да ги одржуваат заповедите Господови.
5 И се случи дека се понизија пред Господ; толку што јас имав радост и големи надежи за нив, дека ќе чекорат по патиштата на праведност.
6 Сега, сите овие нешта беа речени и сторени додека татко ми живееше во шатор во долината која ја нарече Лемуил.
7 И се случи дека јас, Нефи, земав една од ќерките на Исмаил за жена; а исто така, и моите браќа ги земаа ќерките на Исмаил за жени; а исто така и Зорам ја зема најстарата ќерка на Исмаил за жена.
8 И така татко ми беше ги исполнил сите заповеди на Господ кои му беа дадени. А исто и јас, Нефи, бев премногу благословен од Господ.
9 И се случи дека гласот Господов му говореше на татко ми ноќе, и му заповеда дека следниот ден треба да го започне неговото патување во дивината.
10 И се случи дека кога татко ми стана наутро, и отиде кон вратата на шаторот, на негово големо запрепастување виде на земјата една тркалезна топка од чудна изработка; и таа беше од фин месинг. И внатре во топката беа две вретена; и едното го покажуваше патот каде треба да одиме во дивината.
11 И се случи дека го собравме сето тоа што требаше да го носиме во дивината, и сиот остаток на нашите залихи кои Господ беше ни ги дал; и зедовме семиња од секаков вид за да можеме да ги носиме во дивината.
12 И се случи дека ги зедовме нашите шатори, и тргнавме во дивината, преку реката Ламан.
13 И се случи дека патувавме во текот на четири дена, скоро во јужно-јужноисточна насока, и ги поставивме нашите шатори повторно; и го нарековме името на местото, Шазер.
14 И се случи дека ги зедовме нашите лакови и нашите стрели, и тргнавме во дивината за да убиеме дивеч за нашите семејства; и откако бевме убиле дивеч за нашите семејства се вративме повторно кај нашите семејства во дивината, до местото Шазер. И тргнавме повторно во дивината, следејќи ја истата насока, задржувајќи се во најплодните делови на дивината, кои беа во границите близу до Црвеното Море.
15 И се случи дека патувавме во текот на многу денови, и патем убивавме дивеч со нашите лакови и нашите стрели и нашите камења и нашите прачки.
16 И ги следевме упатствата на топката, кои нѐ водеа во поплодните делови на дивината.
17 И откако бевме патувале во текот на многу денови, ги поставивме нашите шатори за извесно време, за да можеме повторно да одмориме и да набавиме храна за нашите семејства.
18 И се случи додека јас, Нефи, тргнав да убијам дивеч, ете, го скршив мојот лак, кој беше направен од фин челик; и откако го скршив мојот лак, ете, моите браќа ми се разгневија поради загубата на мојот лак, зашто не набавивме храна.
19 И се случи дека се вративме без храна кај нашите семејства, и бидејќи беа многу изморени, поради нивното патување, страдаа многу поради потребата на храна.
20 И се случи дека Ламан и Лемуил и синовите на Исмаил започнаа да мрморат премногу, поради нивните страдања и маки во дивината; а исто и татко ми започна да мрмори против Господ неговиот Бог; да, и беа сите премногу тажни, што дури и мрмореа против Господ.
21 Сега се случи дека јас, Нефи, бев погоден со моите браќа поради загубата на мојот лак, и нивните лакови загубија нивната еластичност, започна да станува премногу тешко, да, толку што не можевме да набавиме храна.
22 И се случи дека јас, Нефи, им говорев многу на моите браќа, затоа што беа ги закоравиле нивните срца повторно, и тоа се жалеа против Господ нивниот Бог.
23 И се случи дека јас, Нефи, направив од дрво еден лак, и од еден прав стап, една стрела; затоа, се вооружив себеси со лак и стрела, со прачка и со камења. И му реков на татко ми: Каде треба да одам за да набавам храна?
24 И се случи дека тој го праша Господ, зашто тие беа се понизиле поради моите зборови; зашто им реков многу нешта со енергијата на мојата душа.
25 И се случи дека гласот на Господ дојде при татко ми, и навистина беше укорен поради неговите мрморења против Господ, толку што беше соборен во длабочините на тагата.
26 И се случи дека гласот на Господ му рече: Погледни ја топката, и види ги нештата кои се напишани.
27 И се случи дека кога татко ми ги виде нештата кои беа напишани врз топката, се исплаши и затрепери премногу, а исто така и браќата и синовите на Исмаил и нашите жени.
28 И се случи дека јас, Нефи, ги видов стрелките кои беа во топката, дека функционираа според верата и трудољубивоста и вниманието кои им ги дадовме.
29 А беше исто напишан врз нив еден нов запис, кој беше јасен да се чита, кој ни даде разбирање во врска со патиштата на Господ; и беше напишан и променет од време на време, според верата и трудољубивоста кои му ги дадовме. И така гледаме дека преку мали средства Господ може да стори големи нешта.
30 И се случи дека јас, Нефи, се искачав на врвот на планината, според упатствата кои беа дадени на топката.
31 И се случи дека убив диви ѕверови, толку што набавив храна за нашите семејства.
32 И се случи дека се вратив до нашите шатори, носејќи ги ѕверовите кои бев ги убил; и сега кога видоа дека бев набавил храна, колку голема беше нивна радост! И се случи дека се понизија пред Господ, и му се заблагодарија на Него.
33 И се случи дека ние повторно тргнавме на нашето патување, патувајќи речиси по истиот правец како на почетокот; и откако бевме патувале во текот на многу денови, ги поставивме нашите шатори повторно, за да можеме да останеме за извесно време.
34 И се случи дека Исмаил умре, и беше закопан во местото кое се викаше Нахом.
35 И се случи дека ќерките на Исмаил премногу жалеа, поради загубата на татко им, и поради нивните маки во дивината; и мрмореа против татко ми, бидејќи беше ги одвел од земјата Ерусалим, велејќи: Нашиот татко е мртов; да, и сме скитале многу во дивината, и сме претрпеле многу мака, глад, жед, и умор; и после сите овие страдања, мора да загинеме во дивината од глад.
36 И така мрмореа против татко ми, а исто и против мене; и беа желни да се вратат повторно во Ерусалим.
37 И Ламан му рече на Лемуил а исто и на синовите на Исмаил: Ете, да го убиеме нашиот татко, а и нашиот брат, Нефи, кој презема врз него да биде наш владетел и наш учител, кои сме негови постари браќа.
38 Сега, тој вели дека Господ зборувал со него, а исто и дека ангели му служеле. Но ете, знаеме дека нѐ лаже; и ни ги кажува овие нешта, и направи многу нешта преку неговите лукави вештини, за да може да ни ги измами очите, размислувајќи, можеби, дека може да нѐ одведе во некоја чудна дивина; и откако нѐ беше одвел, тој размислувал да се постави себеси за цар и владетел над нас, за да може да постапува со нас според неговата волја и задоволство. И според овој начин брат ми Ламан ги поттикна нивните срца кон гнев.
39 И се случи дека Господ беше со нас, да, дури и Господовиот глас дојде и им говореше многу зборови на нив, и премногу ги укори; и откако беа укорени од гласот Господов тие го тргнаа нивниот гнев и се покајаа за нивните гревови, толку што Господ повторно нѐ благослови со храна, така што не загинавме.