Свети Писма
1 Нефи 14


Глава 14

Еден ангел му кажува на Нефи за благословите и проклетствата кои ќе паднат врз Неевреите—Постојат само две цркви: Црквата на Божјото Јагне и црквата на ѓаволот—Светците на Бог во сите нации се прогонувани од големата и одвратна црква—Апостолот Јован ќе напише во врска со крајот на светот. Околу 600–592 п.н.е.

1 И ќе се случи, дека ако Неевреите го послушаат Божјото Јагне на оној ден кога Тој ќе им се покаже Самиот на нив во слово, а исто и во моќ, во самото дело, со тргањето на нивните камења што ги сопнуваат—

2 И ако не ги закоравуваат нивните срца против Божјото Јагне, ќе бидат вброени помеѓу потомството на татко ти; да, ќе бидат вброени помеѓу Израеловиот дом; и ќе бидат благословен народ во ветената земја засекогаш; и никогаш повторно нема да бидат доведени во заробеништво; и Израеловиот дом нема повеќе да биде измешан.

3 И таа голема јама, која беше ископана за нив од таа голема и одвратна црква, која беше основана од ѓаволот и неговите деца, за да може да ги одведе душите на луѓето долу во пекол—да таа голема јама која беше ископана за уништувањето на луѓето ќе биде исполнета со оние кои ја ископаа, до нивното целосно уништување, вели Божјото Јагне; не уништувањето на душата, освен ако не се фрли во тој пекол кој нема крај.

4 Зашто ете, ова е според заробеништвото на ѓаволот, а исто и според правдата на Бог, врз сите оние кои ќе вршат пакост и одвратност пред Него.

5 И се случи дека ангелот ми говореше на мене, Нефи, велејќи: Ти си видел дека ако Неевреите се покајат ќе им биде добро; а исто и знаеш во врска со заветите на Господ за Израеловиот дом; а исто така си слушнал дека оној кој не се покајува, мора да загине.

6 Затоа, тешко на Неевреите ако е така да ги закорават срцата против Божјото Јагне.

7 Зашто времето доаѓа, вели Божјото Јагне, кога јас ќе направам едно големо и чудесно дело помеѓу човечките деца; едно дело кое ќе биде вечно, или на едната страна или на другата—или до убедувањето на нив до мир и вечен живот или до избавување на нив од закоравеноста на нивните срца и слепилото на нивните умови додека да се доведат во заробеништво, а исто и во уништување, и привремено и духовно, според заробеништвото на ѓаволот, за кое сум зборувал.

8 И се случи дека кога ангелот беше ги изговорил овие слова, ми рече: Дали ти се сеќаваш на заветите на Отецот на Израеловиот дом? Му реков, Да.

9 И се случи дека ми рече: Погледни, и види ја онаа голема и одвратна црква, која е мајката на одвратности, чиј основач е ѓаволот.

10 И тој ми рече: Ете, има само две цркви; едната е црквата на Божјото Јагне, а другата е црквата на ѓаволот; затоа, оној кој не и припаѓа на црквата на Божјото Јагне, ѝ припаѓа на таа голема црква, која е мајката на одвратности; и таа е блудницата на сета земја.

11 И се случи дека погледнав и ја видов блудницата на сета земја, и таа седеше врз многу води; и имаше власт над сета земја, помеѓу сите нации, колена, јазици, и народи.

12 И се случи дека ја видов црквата на Божјото Јагне, и нејзините броеви беа мали, поради пакоста и одвратностите на блудницата која седеше врз многу води; сепак, видов дека црквата на Јагнето, кои беа светците на Бог исто беа врз сето лице на земјата; и нивната власт врз лицето на земјата беше мала, поради пакоста на големата блудница која ја видов.

13 И се случи дека видов дека големата мајка на одвратностите собра заедно мноштва врз лицето на целата земја, помеѓу сите нации на Неевреите, за да се борат против Божјото Јагне.

14 И се случи дека јас, Нефи, ја видов моќта на Божјото Јагне, дека се спушти врз светците на црквата на Јагнето, и врз заветениот народ на Господ, кои беа распрснати врз сето лице на земјата; и беа вооружени со праведноста и со моќта на Бог во голема слава.

15 И се случи дека видов дека бесот на Бог беше излеан врз таа голема и одвратна црква, толку што имаше војни и гласини за војни помеѓу сите нации и колена на земјата.

16 И штом започна да има војни и гласини за војни помеѓу сите нации кои ѝ припаѓаа на мајката на одвратностите, ангелот ми говореше, велејќи: Ете, бесот на Бог е врз мајката на блудниците; и ете, ти ги гледаш сите овие нешта—

17 И кога ќе дојде денот кога бесот на Бог ќе биде излеан врз мајката на блудниците, која е големата и одвратна црква на сета земја, чиј основач е ѓаволот, тогаш, на тој ден, делото на Отецот ќе започне, во подготвувањето на патот за исполнувањето на Неговите завети, кои Тој ги склучил со Неговиот народ кој е од домот Израелов.

18 И се случи дека ангелот ми говореше, велејќи: Погледни!

19 И погледнав и видов човек, и тој беше облечен во бела наметка.

20 И ангелот ми рече: Ете еден од дванаесетмината апостоли на Јагнето.

21 Ете, тој ќе го види и напише остатокот од овие нешта; да, а исто и многу нешта кои се случиле.

22 И исто така ќе напише во врска со крајот на светот.

23 Затоа, нештата кои ќе ги напише се праведни и вистинити; и ете тие се напишани во книгата која ја виде како излезе од устата на Евреинот; и во времето кога излегоа од устата на Евреинот, односно, во времето кога книгата излезе од устата на Евреинот, нештата кои беа напишани беа јасни и чисти, и најскапоцени и лесни за разбирањето на сите луѓе.

24 И ете, нештата кои овој апостол на Јагнето ќе ги напише се многу нешта кои си ги видел; и ете, остатокот ќе го видиш.

25 Но нештата кои ќе ги видиш понатаму нема да ги напишеш; зашто Господ Бог го одредил апостолот на Божјото Јагне да ги напише.

26 А исто и на други кои биле, на нив Тој им ги покажал сите нешта, и тие ги напишале; и тие се запечатени за да се појават во нивната чистота, според вистината која е во Јагнето, во сопственото одредено време од Господ, за Израеловиот дом.

27 И јас, Нефи, слушнав и сведочам, дека името на апостолот на Јагнето е Јован, според зборот на ангелот.

28 И ете, јас, Нефи, ми е забрането да го напишам остатокот од нештата кои ги видов и слушнав; затоа нештата кои сум ги напишал ми се доволни; а сум напишал само мал дел од нештата кои ги видов.

29 И сведочам дека ги видов нештата кои ги виде татко ми, и ангелот на Господ ми ги откри на мене.

30 И сега ставам крај на зборувањето во врска со нештата кои ги видов додека бев одведен во Духот; и ако сите нешта кои ги видов не се напишани, нештата кои ги напишав се вистинити. И така е. Амин.