Свети Писма
1 Нефи 18


Глава 18

Бродот е завршен—Раѓањата на Јаков и Јосиф се спомнати—Дружината тргнува кон ветената земја—Синовите на Исмаил и нивните жени се придружуваат во веселба и бунт—Нефи е врзан, и бродот е протеран назад од ужасно невреме—Нефи е ослободен, и од неговата молитва бурата престанува—Народот пристигнува во ветената земја. Околу 591–589 п.н.е.

1 И се случи дека тие го обожаваа Господ, и тргнаа со мене; и ние изработивме греди од чудна изработка. И Господ ми покажуваше од време на време на кој начин треба да ги изработам гредите за бродот.

2 Сега јас, Нефи, не ги изработив гредите според начинот кој е научен од луѓето, ниту го изградив бродот според начинот на луѓето; туку, го изградив според начинот кој Господ ми го беше покажал; затоа, не беше според начинот на луѓето.

3 И јас, Нефи, често одев во планината, и често му се молев на Господ; затоа Господ ми покажува големи нешта.

4 И се случи дека откако бев го завршил бродот, според Господовото слово, моите браќа видоа дека беше добар, и дека неговата изработка беше извонредно фина; затоа, се понизија повторно пред Господ.

5 И се случи дека гласот Господов му дојде на татко ми, дека ние треба да станеме и да слеземе во бродот.

6 И се случи дека утрото, откако бевме ги подготвиле сите нешта, многу овошје и месо од дивината, и мед во изобилство, и залихи според тоа што Господ беше ни заповедал, слеговме во бродот, со сиот наш товар и нашите семиња, и сето тоа што ние бевме го донеле со нас, секој еден според неговата возраст; затоа, сите слеговме во бродот, со нашите жени и деца.

7 И сега, на татко ми беа му се родиле два сина во дивината; постариот беше наречен Јаков, а помладиот Јосиф.

8 И се случи откако ние сите бевме слегле во бродот, и бевме ги земале со нас нашите залихи и нешта кои ни беа заповедани, тргнавме кон морето и бевме водени напред пред ветрот кон ветената земја.

9 И откако бевме водени пред ветрот во текот на многу денови, ете, моите браќа и синовите на Исмаил а исто и нивните жени започнаа да стануваат весели, толку што започнаа да танцуваат, и да пеат, и да зборуваат со многу непристојност, да, дури и заборавија со која моќ беа доведени ваму; да, беа кренати во прекумерна непристојност.

10 И јас, Нефи, започнав да се плашам премногу дека Господ ќе ни се налути, и ќе нѐ удри поради нашето беззаконие, дека ќе бидеме проголтани во длабочините на морето; затоа, јас, Нефи започнав да им зборувам со многу трезвеност; но ете ми се налутија, велејќи: Не сакаме нашиот помлад брат да биде владетел над нас.

11 И се случи дека Ламан и Лемуил ме зедоа и ме врзаа со конопи, и ме третираа со многу грубост; сепак, Господ го дозволуваше тоа за да може да ја покаже Неговата моќ, до исполнувањето на Неговото слово кое Тој беше го говорел во врска со пакосните.

12 И се случи дека откако беа ме врзале толку што не можев да мрднам, компасот, кој беше подготвен од Господ, престана да работи.

13 Затоа, не знаеа каде да го насочуваат бродот, толку што се појави голема бура, да, големо и ужасно невреме, и бевме протерани назад врз водите во текот на три денови; и тие започнаа да се плашат премногу за да не бидат удавени во морето; сепак не ме одврзаа.

14 А на четвртиот ден, во кој бевме протерани назад, невремето започна да биде премногу бурно.

15 И се случи дека наскоро ќе бевме проголтани во длабочините на морето. И откако бевме протерани назад врз водите во текот на четири денови, моите браќа започнаа да гледаат дека пресудите Божји беа врз нив, и дека мора да загинат освен ако не се покајат за нивните беззаконија; затоа, дојдоа при мене, и ги одврзаа врвките кои беа врз моите зглобови, и ете тие беа отекле премногу; а исто и моите глуждови беа многу отечени, и голема беше таа болка.

16 Сепак, погледнав кон мојот Бог, и го славев Него во текот на целиот ден; и не мрморев против Господ поради моите маки.

17 Сега татко ми, Лехи, беше им рекол многу нешта на нив, а исто и на синовите на Исмаил; но, ете, изустија многу закани против било кого кој ќе зборува за мене; и моите родители бидејќи беа стари во годините, и како претрпеа многу жал поради нивните деца, беа соборени, да, дури и во нивните болнички кревети.

18 Поради нивниот жал и голема тага, и беззаконието на моите браќа, беа доведени дури и блиску да бидат одведени од ова време да го сретнат нивниот Бог; да, нивните сиви коси ќе беа соборени да легнат ниско во правта; да, дури и беа блиску да бидат отфрлени со тага во воден гроб.

19 А Јаков и Јосиф исто така, бидејќи беа млади, имајќи потреба од многу хранење, беа тажни поради маките на нивната мајка; а исто и мојата жена со нејзините солзи и молитви, а и моите деца, не ги омекнуваа срцата на моите браќа за да ме одврзат.

20 И немаше ништо освен да не беше Божјата сила, која им се закани со уништување, можеше да им ги омекне срцата; затоа, кога видоа дека наскоро ќе беа проголтани во длабочините на морето се покајаа за тоа што беа го направиле, така што ме одврзаа.

21 И се случи дека откако беа ме одврзале, ете, го зедов компасот, и тој функционираше како што посакував. И се случи дека му се молев на Господ; и откако бев се молел, ветровите запреа, и бурата запре, и имаше големо затишје.

22 И се случи дека јас, Нефи, го водев бродот, и пловевме повторно кон ветената земја.

23 И се случи дека откако бевме пловеле во текот на многу денови, стигнавме во ветената земја; и ние тргнавме напред во земјата, и ги поставивме нашите шатори; и ја нарековме ветената земја.

24 И се случи дека започнавме да ја обработуваме земјата, и започнавме да садиме семиња; да, ги ставивме сите наши семиња во земјата, кои бевме ги донеле од земјата Ерусалим. И се случи дека извонредно растеа; затоа, бевме благословени во изобилство.

25 И се случи дека најдовме во земјата на ветување, додека патувавме во дивината, дека имаше ѕверови во шумите од секаков вид, и кравата и волот, и магарето и коњот, и козата и дивата коза, и секаков вид диви животни, кои беа од корист за човекот. И најдовме секаков вид на руда, и од злато, и од сребро, и од бакар.