Свети Писма
1 Нефи 19


Глава 19

Нефи прави плочи од руда и ја запишува историјата на неговиот народ—Богот на Израел ќе дојде шестотини години од времето кога Лехи го напушти Ерусалим—Нефи прикажува за Неговите страдања и распнување—Евреите ќе бидат презирани и распрснати до подоцнежните денови, кога ќе се вратат кај Господ. Околу 588–570 п.н.е.

1 И се случи дека Господ ми заповеда, и затоа направив плочи од руда за да можам да го врежам врз нив записот на мојот народ. И врз плочите кои ги направив, го врежав записот на татко ми, а исто и нашите патувања во дивината, и пророштвата на татко ми; а исто и многу од моите сопствени пророштва сум ги врежал врз нив.

2 И не знаев во тоа време кога ги направив нив дека ќе ми биде заповедано од Господ да ги направам овие плочи; затоа, записот на татко ми, и родословието на неговите татковци, и поголемиот дел од сите наши постапки во дивината се врежани врз оние први плочи за кои сум говорел; затоа, нештата кои се случија пред да ги направам овие плочи се, навистина, подетално спомнати врз првите плочи.

3 И откако бев ги направил овие плочи по начин на заповед, јас, Нефи, добив заповед дека служењето и пророштвата, појасните и поскапоцени делови од нив, треба да бидат напишани врз овие плочи; а дека нештата кои беа напишани треба да бидат задржани за упатството на мојот народ, кој треба да ја поседува земјата, а исто така и за други мудри цели, кои цели му се познати на Господ.

4 Затоа, јас, Нефи, направив запис врз другите плочи, кој дава извештај, односно кој дава поголем извештај за војните и препирањата и уништувања на мојот народ. И ова сум го направил, и му заповедав на мојот народ што треба да направат откако бев отишол; и дека овие плочи треба да бидат предадени од едно поколение до другото, односно од еден пророк до другиот, сѐ до понатамошните заповеди на Господ.

5 И извештај за моето правење на овие плочи ќе биде даден подоцна; и тогаш, ете, продолжувам според тоа што сум го изговорил; и ова го правам за посветите делови да можат да бидат задржани за знаењето на мојот народ.

6 Сепак, не пишувам ништо врз плочите освен ако не мислам дека е свето. И сега, ако грешам, исто и тие грешеа во минатото; не е дека јас би се оправдувал поради други луѓе, туку поради слабоста која е во мене, според телото, би се оправдувал.

7 Зашто нештата кои некои луѓе ги сметаат дека се од голема вредност, и на телото и душата, други ги сметаат за ништо и ги газат под нозете; да, дури и самиот Израелов Бог Го газат луѓето под нозете; велам, Го газат под нозете, но би говорел со други зборови—тие го сметаат Него за ништо, и не го слушаат гласот на Неговите совети.

8 И ете Тој доаѓа, според зборовите на ангелот, шестотини години од времето кога татко ми го напушти Ерусалим.

9 И светот, поради нивното беззаконие, ќе го смета Него за ништо; затоа го камшикуваат Него, а Тој страда; и го удираат Него, а Тој страда. Да, плукаат на Него, а Тој страда поради Неговата љубезна милост и Неговата макотрпност кон човечките деца.

10 И Богот на нашите татковци, кои беа изведени од Египет, од ропство, а исто и беа зачувани во дивината од Него, да, Богот на Авраам, и на Исак, и Богот на Јаков, се предаде Самиот, според зборовите на ангелот, како човек, во рацете на пакосните луѓе, за да се издигне, според словата на Зенок, и да биде распнат, според зборовите на Неум, и да биде закопан во гробница, според зборовите на Зенос, кои Тој ги рече во врска со трите денови на темнина, кој треба да биде знак даден за Неговата смрт на оние кои ќе ги населат островите на морето, поспецијално даден на оние кои се од Израеловиот дом.

11 Зашто така зборуваше пророкот: Господ Бог сигурно ќе го посети сиот Израелов дом на последниот ден, некои со Неговиот глас, поради нивната праведност, до нивна голема радост и спасение, а други со громовите и молњите на Неговата моќ, преку невреме, преку оган, и преку чад, и пареа од темнината, и со отворањето на земјата, и со планините кои ќе бидат издигнати.

12 И сите овие нешта мора сигурно да дојдат, вели пророкот Зенос. И карпите на земјата мора да распарчат; и поради стенкањето на земјата, многу од царевите на островите на морето ќе бидат под влијание на Светиот Дух, да извикаат: Богот на природата страда.

13 И за оние кои се во Ерусалим, вели пророкот, ќе бидат камшикувани од сите народи, зашто го распнуваат Богот на Израел, и ги вртат срцата настрана, одбивајќи знаци и чуда, и моќта и слава на Богот на Израел.

14 И затоа што ги вртат срцата настрана, вели пророкот, и го презирале Светецот на Израел, ќе скитаат со телото, и ќе загинат, и ќе станат свиреж и потсмев, и ќе бидат мразени среде сите нации.

15 Сепак, кога ќе дојде денот, вели пророкот, кога повеќе нема да ги вртат срцата настрана против Светецот на Израел, тогаш Тој ќе се сети на заветите кои Тој ги склучи со нивните татковци.

16 Да, тогаш Тој ќе се сети на островите на морето; да, и сите народи кои се од Израеловиот дом, ќе ги соберам, вели Господ, според словата на пророкот Зенос, од четирите страни на земјата.

17 Да, и сета земја ќе го виде спасението на Господ, вели пророкот; секоја нација, колено, јазик и народ ќе бидат благословени.

18 И јас, Нефи, сум му ги напишал овие нешта на мојот народ, за можеби да можам да ги убедам да се сетат на Господ нивниот Искупител.

19 Затоа, му зборувам на сиот Израелов дом, ако е така дека ќе ги добијат овие нешта.

20 Зашто ете, имам духовни чувства, кои ме исцрпуваат толку што сите мои зглобови се слаби, за оние кои се во Ерусалим; зашто да не беше Господ милостив, да ми покаже во врска со нив, и тоа како што Тој им беше покажал на пророци во минатото, и јас требаше да загинам.

21 И Тој сигурно им ги покажуваше на пророци во минатото, сите нешта во врска со нив; а исто Тој им покажа на многу во врска со нас; затоа, мора да е така дека знаеме во врска со нив зашто се напишани врз плочите од месинг.

22 И сега се случи дека јас, Нефи, ги поучив моите браќа на овие нешта; и се случи дека им прочитав многу нешта на нив, кои беа врежани врз плочите од месинг, за да можат да знаат во врска со постапките Господови во други земји, среде луѓе од минатото.

23 И им прочитав многу нешта кои се напишани во книгата на Мојсеј; но, за да можам целосно да ги убедам да веруваат во Господ нивниот Искупител, им го прочитав тоа што беше напишано од пророкот Исаија; зашто ги применив сите свети писма за нас, за да може да биде за нашата полза и учење.

24 Ете им реков, велејќи: Слушнете ги словата на пророкот, вие кои сте остаток од Израеловиот дом, гранката која е искршена; чујте ги словата на пророкот, кои беа напишани врз сиот Израелов дом, и применете ги за себе, за да може да имате надеж како и вашите браќа од кои бевте одделени; зашто на ваков начин пишуваше пророкот.