Свети Писма
1 Нефи 22


Глава 22

Израел ќе биде распрснат врз сето лице на земјата—Неевреите ќе го негуваат и хранат Израел со евангелието во подоцнежните денови—Израел ќе биде собран и спасен, а пакосните ќе изгорат како слама—Царството на ѓаволот ќе биде уништено, и Сатаната ќе биде врзан. Околу 588–570 п.н.е.

1 И сега се случи дека откако јас, Нефи, бев ги прочитал овие нешта кои беа врежани врз плочите од месинг, моите браќа дојдоа кај мене и ми рекоа: Што значат овие нешта кои си ги прочитал? Ете, дали треба да бидат разбрани според нешта кои се духовни, кои ќе се случат според духот а не телото?

2 И јас, Нефи, им реков: Ете, му беа покажани на пророкот преку гласот на Духот; зашто преку Духот сите нешта им се откриени на пророците, кои ќе дојдат врз човечките деца според телото.

3 Затоа, нештата за кои сум читал се нешта кои се однесуваат и на привремени и на духовни нешта; зашто се чини дека Израеловиот дом, поскоро или подоцно, ќе биде распрснат врз сето лице на земјата, а исто и помеѓу сите нации.

4 И ете, има многу кои веќе се изгубени од знаењето на оние кои се во Ерусалим. Да, поголемиот дел на сите племиња беа одведени; и тие се распрснати таму и ваму на островите на морето; и каде и да се, никој од нас не знае, освен тоа што знаеме дека беа одведени.

5 И затоа што биле одведени, овие нешта биле пророкувани односно нив, а исто и односно сите оние кои од сега ќе бидат распрснати и збркани, заради Светецот на Израел; зашто против Него ќе ги закоравуваат срцата; ете зашто, ќе бидат распрснати среде сите нации и ќе бидат мразени од сите луѓе.

6 Сепак, откако ќе бидат негувани од Неевреите, и Господ ќе ја крене Неговата рака врз Неевреите и ги постави како знаме, и нивните деца ќе бидат носени во нивните раце, и нивните ќерки ќе бидат носени врз нивните раменици, ете овие нешта од кои се зборуваше се привремени; зашто така се заветите Господови со нашите татковци; и тоа значи нас во деновите кои ќе дојдат, а исто и сите наши браќа кои се од Израеловиот дом.

7 И значи дека времето доаѓа, откако сиот Израелов дом бил распрснат и збркан, Господ Бог ќе издигне моќна нација помеѓу Неевреите, да, дури и врз лицето на оваа земја; и од нив нашето потомство ќе биде распрснато.

8 И откако нашето потомство е распрснато, Господ Бог ќе продолжи да прави чудесно дело помеѓу Неевреите, кое ќе биде од голема вредност на нашето потомство: затоа, споредено е со нивното негување од Неевреите и носењето во нивните раце и врз нивните раменици.

9 И исто и ќе биде со голема вредност за Неевреите; а не само на Неевреите туку исто и на сиот Израелов дом, во откривањето на заветите на Отецот на небесата до Авраам, велејќи: Во твоето потомство сите колена на земјата ќе бидат благословени.

10 И јас би сакал, мои браќа, да знаете дека сите колена на земјата не можат да бидат благословени, освен ако Тој не ја оголи Неговата рака во очите на нациите.

11 Затоа, Господ Бог ќе продолжи да ја оголи Неговата рака во очите на сите нации, во донесувањето на Неговите завети и Неговото евангелие до оние кои се од Израеловиот дом.

12 Затоа, Тој ќе ги изведе од заробеништво, и ќе се соберат заедно во земјите на наследството; и ќе бидат изведени од нејасноста и од темнината; и ќе знаат дека Господ е нивниот Спасител и нивниот Искупител, Моќниот од Израел.

13 И крвта на таа голема и одвратна црква, која е блудницата на сета земја, ќе се сврти на нивните сопствени глави; зашто ќе војуваат меѓусебно, и мечот на сопствените раце ќе падне врз нивните сопствени глави, и ќе бидат пијани со нивната сопствена крв.

14 И секоја нација која ќе војува против тебе, О доме Израелов, ќе се сврти една против друга, и ќе паднат во јамата која ја ископаа за да го заробат народот на Господ. И сите кои се борат против Сион ќе бидат уништени, и онаа голема блудница, која ги изопачи правилните патишта на Господ, да, онаа голема и одвратна црква, ќе се распаѓа во правта и нејзиниот пад ќе биде голем.

15 Зашто ете, вели пророкот, времето брзо доаѓа кога Сатана ќе нема веќе сила над срцата на човечките деца; зашто денот наскоро ќе дојде кога сите горди и оние кои прават пакосно ќе бидат како слама; и денот доаѓа кога мора да бидат изгорени.

16 Зашто времето наскоро ќе дојде кога целината на бесот на Бог ќе се пролее врз сите човечки деца; зашто Тој нема да дозволи пакосните да ги уништат праведните.

17 Затоа, Тој ќе ги зачува праведните преку Неговата моќ, дури и ако е така целината на Неговиот бес да мора да дојде, и праведните да се зачуваат, дури и до уништувањето на нивните непријатели со оган. Затоа, праведните не треба да се плашат; зашто така вели пророкот, ќе бидат спасени, дури и ако е така преку оган.

18 Ете, браќа мои, ви велам дека овие нешта мора наскоро да дојдат; да, дури и крв, и оган, и пареа од чад мора да дојдат; и мора да е така врз лицето на оваа земја; и ќе им доаѓа на луѓето според телото ако е така дека ќе ги закоравуваат срцата против Светецот на Израел.

19 Зашто ете, праведните нема да загинат; зашто сигурно ќе дојде времето кога сите оние кои се борат против Сион ќе бидат отсечени.

20 И Господ сигурно ќе подготви пат за Неговиот народ, до исполнувањето на зборовите на Мојсеј, кои Тој ги говореше, велејќи: Еден пророк Господ вашиот Бог ќе ви издигне, како мене; Него ќе го слушате во сите нешта како и да ви ги вели. И ќе се случи дека сите оние кои нема да го слушаат оној пророк ќе бидат отсечени од народот.

21 И сега јас, Нефи, ви објавувам, дека овој пророк за кого зборуваше Мојсеј беше Светецот на Израел; затоа, Тој ќе изврши пресуда со праведност.

22 И праведните не треба да се плашат, зашто тие се оние кои нема да бидат збркани. Туку е царството на ѓаволот, кое ќе биде изградено помеѓу човечките деца, кое е воспоставено помеѓу оние кои се во телото—

23 Зашто времето брзо ќе дојде кога сите цркви кои се изградени да стекнат добивка, и сите оние кои се изградени да добијат сила над телото, и оние кои се изградени да станат пријатни во очите на светот, и оние кои ги бараат страстите на телото, и нештата на светот, и да вршат секаков вид на беззаконие; да, на крајот, сите оние кои му припаѓаат на царството на ѓаволот се оние кои треба да се плашат, и треперат и тресат; тие се оние кои мора да се доведат долу во правта; тие се оние кои мора да бидат изгорени како слама; и ова е според зборовите на пророкот.

24 И брзо доаѓа времето кога праведните мора да бидат доведени како телиња од шталата, и Светецот на Израел мора да владее со власт, и моќ, и сила и голема слава.

25 И Тој ги собира Неговите деца од четирите страни на земјата; и Тој ги брои Неговите овци, и тие го знаат Него; и ќе биде едно стадо и еден пастир; и Тој ќе ги храни Неговите овци, и во Него ќе најдат пасиште.

26 И поради праведноста на Неговиот народ, Сатаната нема моќ; затоа, не може да биде одврзан во текот на многу години; зашто нема моќ над срцата на народот, зашто тие живеат во праведност, и Светецот на Израел владее.

27 И сега ете, јас, Нефи, ви велам дека сите овие нешта мора да дојдат според телото.

28 Но, ете, сите нации, колена, јазици и народи ќе живеат безбедно со Светецот на Израел ако е така да се покајат.

29 И сега јас, Нефи, ставам крај; зашто не се осмелувам да зборувам понатаму сѐ уште во врска со овие нешта.

30 Затоа, браќа мои, јас би сакал вие да земете во предвид дека нештата кои биле напишани врз плочите од месинг се вистинити; и сведочат дека човек мора да биде покорен на заповедите Божји.

31 Затоа, не треба да мислите дека јас и татко ми сме единствените кои сведочеа, а исто и ги поучуваа. Затоа, ако сте им покорни на заповедите, и издржите до крајот, ќе бидете спасени на последниот ден. И така е. Амин.