Свети Писма
1 Нефи 5


Глава 5

Сарија се жали против Лехи—Двајцата се радуваат за враќањето на нивните синови—Тие понудуваат жртви—Плочите од месинг содржат пишувања од Мојсеј и пророците—Плочите го идентификуваат Лехи како потомок на Јосиф—Лехи пророкува во врска со неговото потомство и зачувувањето на плочите. Околу 600–592 п.н.е.

1 И се случи откако ние бевме дошле во дивината кај нашиот татко, ете, тој беше исполнет со радост, а исто и мајка ми, Сарија, беше извонредно радосна, зашто таа вистински беше жалела за нас.

2 Зашто таа беше претпоставувала дека ние бевме загинале во дивината; а таа исто беше се жалела против татко ми, кажувајќи му дека тој е визионерски човек; велејќи: Ете ти нѐ изведе од земјата на нашето наследство, и моите синови повеќе ги нема, а ние гинеме во дивината.

3 И според ваков начин говор на мајка ми беше се жалела против татко ми.

4 И беше се случило дека татко ми ѝ говореше, велејќи: Знам дека сум визионерски човек; зашто ако не бев ги видел нештата од Бог во една визија не би ја дознал добрината на Бог, туку ќе останев во Ерусалим, и би загинал со браќата.

5 Но ете, сум добил една земја на ветување, поради која се радувам; да, и знам дека Господ ќе ги избави моите синови од рацете на Лабан, и ќе ни ги донесе пак кај нас во дивината.

6 И со ваков говор, татко ми, Лехи, ја утеши мајка ми, Сарија, во врска со нас, додека патувавме во дивината до земјата на Ерусалим, за да го добиеме записот на Евреите.

7 И кога бевме се вратиле до шаторот на татко ми, ете, нивната радост беше целосна, и мајка ми беше утешена.

8 И таа говореше, велејќи: Сега знам со сигурност дека Господ му заповедал на мојот сопруг да избега во дивината; да, и знам со сигурност дека Господ ги штитеше моите синови, и ги избави од рацете на Лабан, и им даде сила за да можат да го исполнат тоа што Господ им го заповеда. И на ваков начин таа зборуваше.

9 И се случи дека тие се радуваа извонредно, и Му понудија жртва и запалени приноси на Господ; и Му се заблагодарија на Израеловиот Бог.

10 И откако тие беа му се заблагодариле на Израеловиот Бог, татко ми, Лехи, ги зема записите кои беа врежани врз плочите од месинг, и започна да ги прегледува од почетокот.

11 И виде дека ги содржат петте книги на Мојсеј, кои дадоа извештај за создавањето на светот, а исто и за Адам и Ева, кои беа нашите први родители;

12 А исто и еден запис за Евреите од почетокот, сѐ до започнувањето на владеењето на Седекија, цар на Јуда.

13 А исто и пророштвата на светите пророци, од почетокот, сѐ до започнувањето на владеењето на Седекија; а исто и многу пророштва кои беа изговорени од устата на Еремија.

14 И се случи дека татко ми, Лехи, исто најде врз плочите од месинг едно родословие од неговите татковци; затоа знаеше дека е потомок на Јосиф; да, токму тој Јосиф кој е синот на Јаков, кој беше продаден во Египет и кој беше зачуван преку раката на Господ, за да може да го зачува неговиот татко, Јаков, и цело негово домаќинство да не загинат од глад.

15 А тие исто беа одведени од заробеништво и надвор од земјата на Египет, од тој ист Бог кој беше ги зачувал.

16 И така, татко ми, Лехи, го откри родословието на неговите татковци. И Лабан исто беше потомок на Јосиф, затоа, тој и неговите татковци ги беа чувале записите.

17 И сега, кога татко ми ги виде сите овие нешта, беше исполнет со Духот, и започна да пророкува во врска со неговото потомство—

18 Дека овие плочи од месинг ќе се појават кај сите нации, јазици, колена и народи кои се од неговото потомство.

19 Затоа, кажа дека овие плочи од месинг никогаш нема да загинат; ниту пак ќе се затемнат повеќе со време. И пророкуваше многу нешта во врска со неговото потомство.

20 И се случи дека до сега, јас и татко ми бевме ги одржувале заповедите кои Господ беше ни ги заповедал.

21 И бевме ги добиле записите, кои Господ беше ни ги заповедал, и ги прегледавме и дознавме дека беа пожелни; да, и тоа со голема вредност за нас, толку што можевме да ги зачуваме заповедите на Господ за нашите деца.

22 Затоа, тоа беше мудроста од Господ дека треба да ги носиме со нас, додека патувавме во дивината кон земјата на ветување.

Печати