Проповедајте го Евангелието на Мирот
Ние ја имаме светата одговорност да ја споделиме моќта и мирот на Исус Христос со сите кои ќе слушаат.
Почитувани мои Браќа и Сестри, добредојдовте на генералната конференција! Со големо исчекување го очекував овој ден. Се молам за вас секој ден. Јас се молев исто така за оваа конференција да биде време на духовно подмладување за сите.
Од минатата конференција, тешкотиите во светот продолжија. Глобалната пандемија сѐ уште има влијание во нашите животи. А сега светот го потресе конфликт кој истура ужас врз милиони невини мажи, жени и деца.
Пророците го предвидоа нашето време, кога би имало војни и гласини за војни, и кога целата земја ќе биде во метеж.1 Како следбеници на Исус Христос, упорно бараме од водачите на народите да најдат мирни решенија за нивните разлики. Ги повикуваме луѓето насекаде да се молат за оние кои имаат потреба, да направат сѐ што можат за да им помогнат на вознемирените, и да бараат помош од Господа за ставање крај на големите конфликти.
Браќа и сестри, евангелието на Исус Христос не било никогаш попотребно отколку што е тоа денес. Кавгата го нарушува сѐ она за кое се залагал и нѐ научил Спасителот. Го сакам Господ Исус Христос и сведочам дека Неговото евангелие е единственото трајно решение за мир. Неговото евангелие е евангелието на мирот.2
Неговото Евангелието е единствениот одговор кога многумина во светот се запрепастени од страв.3 Ова ја нагласува итната потреба за ние Апостолите да го следиме Господовото упатство до Неговите ученици да “одат … по целиот свет, и да го проповедаат евангелието до секое создание.“4 Ние ја имаме светата одговорност да ја споделиме моќта и мирот на Исус Христос со сите кои ќе слушаат и кои ќе дозволат Бог да надвладее во нивните животи.
Секоја личност која склопила завети со Бога дава ветување дека ќе се грижи за другите и дека ќе им служи на оние кои имаат потреба од тоа. Можеме да ја покажеме верата во Бога и секогаш да бидеме подготвени да одговориме на оние кои прашуваат за „надежта што е во [нас].“5 Секој од нас има своја улога во собирањето на Израел.
Денес силно потврдувам дека Господ побара од секој достоен, способен млад човек да се подготви и да служи мисија. За младите мажи Светци од Подоцнежните-дни, мисионерската служба е свештеничка одговорност. Вие млади мажи сте предодредени за ова време кога ќе се одржи ветеното собирање на Израел. Додека служите мисии, вие играте клучна улога во овие настани без преседан!
За младите способни жени сестри, мисијата е исто така моќна, но опционална, можност. Ние ги сакаме сестрите мисионерки и им посакуваме добредојде од сѐ срце. Она што вие придонесувате во оваа работа е одлично! Молете се за да знаете дали Господ сака да служите мисија, а Светиот Дух ќе одговори на вашето срце и ум.
Почитувани млади пријатели, вие сте од витално значење за Господ. Тој ве чувал во резерва сѐ досега за да ви помогне да го соберете Израел. Вашата одлука да служите мисија, без разлика дали е пробратеничка или мисионерска служба, ќе ве благослови вас и многу други. Ги поздравуваме и постарите двојки мисионери да служат кога им дозволуваат околностите. Нивните напори се едноставно незаменливи.
Сите мисионери поучуваат и сведочат за Спасителот. Духовната темнина во светот ја прави светлината на Исус Христос попотребна од било кога. Секој заслужува шанса да дознае за обновеното евангелие на Исус Христос. Секоја личност заслужува да знае каде може да најдат надеж и мир што „[надвишува] секој ум.“6
Нека оваа конференција биде време за мир и духовна гозба за вас. За да вие барате и добиете лично откровение за време на овие сесии, е мојата молитва во светото име на Исус Христос, амин.