Генерална Конференција
Триумфот на Надежта
Oктомври 2024 Генерална Конференција


13:32

Триумфот на Надежта

Надеж е животен дар, дар што расте кога ја зголемуваме нашата вера во Исус Христос.

Почитувани мои браќа и сестри ширум светот, кога го започнуваме ова многу посебно време за „генерална конференција“, очите од небесата сигурно ќе бидат вперени кон нас. Ќе го слушнеме „гласот на Господ“ преку Неговите слуги; ќе го почувствуваме „водечкото, насочувачко [и] утешително” влијание на Светиот Дух и нашата вера ќе зајакне.

Пред три години, Претседателот Расел М. Нелсон ја започна конференцијата со овие три збора: „Чисто откровение за прашањата во вашето срце ќе ја направи оваа конференција пријатна и незаборавна. Ако сé уште не сте успеале да побарате службата на Светиот Дух да ви помогне да го слушнете она што Господ би сакал да го чуете во текот на овие два дена, ве поканувам да го сторите тоа. Ве молам да ја направиме оваа конференција време за насладување со пораките од Господ преку Неговите слуги“.

Светите писма моќно ги поврзуваат овие три збора: вера, надеж, добротворност. Дарот за надеж е непроценливо обдарување од Бога.

Зборот надеж се користи за многу работи што сакаме да се случат. На пример, „Се надевам дека нема да врне“, или „се надевам дека нашиот тим победува“. Мојата намера е да говорам за нашите свети и вечни надежи насочени кон Исус Христос и обновеното евангелие, и нашите „самоуверени очекувања за … ветените благослови на праведност“.

Нашата Надеж за Вечен Живот

Нашата надеж за вечен живот е осигурана со Христовата благодат и со нашите сопствени избори, овозможувајќи ни го неверојатниот благослов да се вратиме во нашиот небесен дом и да живееме засекогаш во мир и среќа со нашиот Небесен Отец, Неговиот Возљубен Син, нашето верно семејство и скапоцени пријатели, и праведните луѓе од секој континент и од секој век..

На земјата доживуваме радост и тага кога сме тестирани и потврдени. Нашата победа доаѓа преку верата во Исус Христос кога триумфираме над нашите гревови, потешкотии, искушенија, направедности, и предизвици од овој смртен живот.

Кога ќе ја зајакнеме нашата вера во Исус Христос, гледаме подалеку од нашите маки кон благословите и ветувањата за вечност Како светилка чија сјај се зголемува, надежта осветлува, светот потемнува и ние ја гледаме нашата славна иднина.

Надежта Доаѓа од Бога

Од самиот почеток, нашиот Небесен Отец и Неговиот Возљубен Син желно ги благословија праведните со скапоцени подароци за надеж.

Откако ја напуштија градината, Адам и Ева беа поучувани од ангел за ветувањето од Исус Христос. Дарот за надеж ги просветли нивните животи. Адам изјави, „Моите очи се отворени, и во овој живот ќе имам радост“. Ева зборуваше за „радоста на [нивното] искупување, и вечниот живот што Бог го дава на сите послушни“.

Исто како што Светиот Дух носи надеж за Адам, силата на Господовиот Дух ги просветлува верниците денес, осветлувајќи им ја реалноста на вечен живот.

Спасителот ни испраќа Утешител, Светиот Дух, придружник кој носи вера, надеж, и мир „не како светот што го дава“.

„Во светот“, вели Спасителот, „ќе имате маки: но не плашете се [чувајте го сјајот на надежта]; зашто јас го победив светот“.

Во време на тешкотии, избираме да му веруваме на Господ со вера. Тивко се молиме, „Но нека не биде мојата волја туку твојата“. Го чувствуваме Господовото одобрување за нашата добра волја, и го бараме ветениот мир што Господ ќе го испрати во од Него избрано време.

Апостолот Павле поучуваше, „Бог на надежта [ќе] ве исполни со … радост и мир … , за вашата радост да се преумножува”. „радувајте се во надежта; бидете трпеливи во неволја”. „преку моќта на Светиот Дух“.

Лекција на Надеж

Пророкот Морони знаел од прва рака за присуството на надеж во Христос во време на неволја. Ја објаснува неговата ужасна ситуација:

„Јас сум сам,. … Немам … каде да одам”.

„Не им се откривам … за да не ме уништат“,

Необично, во овој мрачен и осамен час, Морони ги бележи зборовите на надеж на својот татко:

„Затоа, ако човек има вера тој исто така мора да има надеж; зашто без вера не може да има никаква надеж“.

„Што е она на што се надевате? … Ќе имате надеж во помирувањето Христово и моќта од неговото воскресение, за да бидете воскреснати во вечен живот”.

Мои браќа и сестри, надежта е жив дар, дар што расте кога нашата вера во Исус Христос се зголемува. „Верата е тврда увереност во она на кое се надеваме“.. Го градиме ова уверување—доказите ја блокираат нашата вера—Преку молитва, храмски завети, почитување на заветите, постојано гоштевање со светите писма и зборовите од современите пророци, земање на сакрамент, и служење со нашите браќа и сестри Светци.

Дом на Надеж

За да ја зајакне нашата надеж во време на зголемена злоба, Господ му заповеда на Својот пророк да ја пополни земјата со Негови храмови.

Кога влегуваме во Господовиот дом, го чувствуваме Божјиот Дух, кој ја потврдува нашата надеж.

Храмот сведочи за празниот гроб и дека животот зад превезот продолжува за сите.

За оние кои немаат вечен сопатник, обредите моќно потврдуваат дека секој праведен човек ќе го добие секој ветен благослов.

Постои возвишена надеж кога млада двојка клечи пред олтарот за да биде запечатена, не само за ова време туку и за вечноста.

Има огромна надеж за нас во ветувањата дадени на нашите потомци, какви и да се нивните сегашни околности.

Не постои болка, ни болест, ни неправда, ни страдање, ништо не може да ја затемни нашата надеж кога веруваме и се држиме цврсто до нашите завети со Бога во Господовиот дом. Тоа е дом на светлина, дом на надеж.

Кога надежта не напушта

Лееме солзи на тага кога гледаме тага и очај кај оние кои не се надеваат на Христос.

Неодамна оддалеку забележав еден пар кој своевремено имал вера во Христа, но потоа одлучи да го напушти своето верување. Тие беа успешни во светот, и нашле задоволство во својот интелект и ја отфрлиле својата вера.

Сé изгледало добро сé додека сопругот, сé уште млад и енергичен, одеднаш не се разболел и починал. Како што затемнувањето на сонцето, ја блокира светлината , така и ним им се затемнила надежта. Сопругата, во неверување, чувствувајќи се дезорјенирана, неподготвена за болка, не била во можност да ги утеши нејзините деца. Нејзиниот интелект и кажувал дека нејзиниот живот е во совршен ред сé додека оддеднаш таа веќе не можела да ја види утрешнината. Нејзиниот очај и донел темнина и забуна.

Надеж среде Потресна Трагедија

Дозволете ми да го споредам нејзиниот болен очај со надежта во Христос на друго семејство во време кога нивните срца биле скршени.

Пред дваесет и една година новородениот син на мојот внук, Бен Андерсен и неговата сопруга Роби, беше пренесен со спасувачки хеликоптер од нивната земјоделска заедница во Ајдахо во Солт Лејк Сити. Пристигнав во болницата, и Бен ми ги објасни сериозните животно загрозувачки компликации на срцето на нивното бебе. Ги поставивме рацете на малата глава на Треј. Господ го благослови со продолжување на животот.

Треј беше опериран во текот на првата недела од неговиот живот, а следеа уште операции. Како што минуваа годините, стана очигледно дека Треј има потреба од трансплантација на срцето. Иако неговите физички активности беа ограничени, неговата вера растеше. Тој напиша, „Никогаш не се сожалував себе си зашто отсекогаш знаев колку е важно да се има вера во Исус Христос и сведоштвото за планот на спасение“.

Треј Андерсен

Треј го сочувал во својот телефон овој добро познат цитат од Претседателот Нелсон: „Радоста што ја чувствуваме не зависи од околностите во кои живееме, туку од тоа во кој правец ги насочуваме нашите животи”.

Треј Андерсен

Треј запишал: „Отсекогаш со нетрпение очекував да служам мисија со полно работно време, но … моите лекари не ми дозволуваат да служам барем една година по мојата трансплантација…. Ја доверив мојата вера на Исус Христос“.

Треј беше возбуден што е примен да студира сметководство на БЈУ почнувајќи од овој семестар, но беше уште повозбуден што во текот на втората половина на јули го добил многу очекуваниот телефонски повик да дојде во болницата за трансплантација на срцето.

„Една година”, вели Треј, „и пото ќе заминам на мисија“.

Имаше големи очекувања кога влезе во операционата сала. Сепак, за време на операцијата имаше катастрофални компликации, и Треј никогаш не се освести.

Неговата мајка Роби, рече: „Петок беше најболниот ден. …Само се обидуваме да се навикнеме Останав будна до доцна обидувајќи се да се навратам на сé … Но саботата, се разбудив со чувство на апсолутна радост. Тоа не беше само мир; не беше негирање. Почувствував радост за мојот син, почувствував радост како негова мајка. … Бен стана многу порано од мене, и кога конечно добивме шанса да разговараме, Бен се отрезна со истото тоа чувство

Роби и Бен Андерсен

Тој објасни: „Разјаснување пристигна во мојата душа како што Бог ме поучу преку Неговиот Свет Дух. Се разбудив во 4:00 наутро и бев исполнет со неопислив мир и радост Како е тоа можно? … Умирањето на Треј е толку многу болно, ми недостасува толку многу. Но Господ не нé остава без утеха. …* Се радувам на среќната средба”.

Ветувањето на Надежта

Треј ги запиша во својот дневник овие зборови од говорот од генералната конференција на Претседателот Нелсон: „Изгледа невозможно да се почувствува радост кога вашето дете страда од неизлечива болест или кога ја губите работата или кога вашиот сопружник ве изневерува. Сепак тоа е токму радоста што Спасителот ја нуди. Неговата радост е постојана, уваерувајќи нé дека нашите ‘маки ќе бидат само краток момент’ [Учењата и заветите 121:7] и ќе бидат осветени на наша корист”.

Браќа и сестри, спокојот што го барате можеби нема да дојде толку брзо колку што посакувате, но јас ви ветувам дека кога му верувате на Господ, Неговиот спокој ќе дојде.

Да ја негуваме нашата скапоцена вера, и да побрзаме напред со совршен отсјај на надеж. Јас сведочам дека нашата надеж е нашиот Спасител, Исус Христос. Преку Него, сите наши праведни сништа ќе се остварат. Тој е Бог на надежта— триумфот на надежта. Тој живее и ве сака. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Russell N. Nelson, “Revelation for the Church, Revelation for Our Lives,” Liahona, May 2018, 96.

  2. Russell M. Nelson, “Pure Truth, Pure Doctrine, and Pure Revelation,” Liahona, Nov. 2021, 6–7.

  3. „Дали сте забележале дека во светите писма дека надеж ретко стои сама? Надежта е често поврзана со вера. Надежта и верата често се поврзуваат со добротворност. Зошто? Бидејќи надежта е суштинска за верата; верата е суштинска за надежта; верата и надежта се основа за добротворноста (види 1 Коринтјаните 13:13, Алма 7:24, Етер 12:28, Учењата и Заветите 4:5). Се поддржуваат едни со други како нозете на троножно столче Сите три се поврзуваат со нашиот Искупител.

    Верата [е вкоренета во] Исус Христос. Надежта е насочена во неговото помирување. Добротворноста се манифестира во ‘ќистата љубов Христова’ (види Морони 7:47). Овие три особини се испреплетуваат како жиците од кабел и не секогаш може прецизно да се разликуваат Заедно, тие стануваат нашиот синџир со селестијалното царство” (Russell M. Nelson, “A More Excellent Hope” [Brigham Young University devotional, Jan. 8, 1995], 3, speeches.byu.edu).

  4. Gospel Topics, “Hope,” Gospel Library.

  5. „Затоа, секој што верува во Бога може со сигурност да се надева на подобар свет, да, дури и на место од десната страна на Бога, чија надеж доаѓа верата, претставува сидро за душите на луѓето, [правејќи ги] сигурни инепоколебливи“. (Етер 12:4).

  6. Дитер Ф. Ухдорф рече: „Дозволете ми да признаам дека депресијата и другите тешки ментални и емоционални проблеми се реални и дека одговорот не е едноставно: „Обидете се да бидете посреќни“. Мојата цел денес не е да ги минимизирам или тривијализирам проблемите со менталното здравје. Ако се соочувате со вакви предизвици, јас тагувам со вас и ве поддржувам. За некои луѓе, наоѓањето радост може да вклучува барање помош од квалификувани професионалци за ментално здравје кои го посветуваат својот живот на практикување на нивната многу важна уметност. Треба да бидеме благодарни за ваквата помош” (“A Higher Joy,” Liahona, May 2024, 66).

  7. Нашиот Небесен Отец изјави дека Неговото дело и слава е да се постигне вечен живот (види Мојсеј 1:39).

  8. Види Мојсеј 5.

  9. Мојсеј 5:10.

  10. Мојсеј 5:11.

  11. Види Мојсеј 5:9.

  12. Јован 14:27.

  13. Јован 16:33.

  14. Види Лука 22:42.

  15. Римјаните 15:13.

  16. Римјаните 12:12.

  17. Римјаните 15:13.

  18. Мормон 8:5.

  19. Морони 1:1.

  20. Морони 7:42.

  21. Морони 7:41.

  22. Евреите 11:1. Во преводот на Џозеф Смит читаме, „Вера е Уверувањето за нешата на кои се надеваме, доказ за наштата што не сме ги виделе” (in the Bible appendix). Гледаме уверување за нашата вера во благословите што доаѓаат до оние кои се држат до заветите што ги склучиле со Господ.

  23. Расел М. Нелсон, “Радост и Духовно Преживување,” Лиахона, Ное. 2016, 82.

  24. Говор даден од Роби Андерсен на погребот на нејзиниот син, Треј Андерсен, 12 август 2024 година Треј беше опериран на 31 јули 2024 год. Тој го напушти својот живот на 3 август 2024 год.

  25. Говор даден од Бен Андерсен на погребот на неговиот син, Треј Андерсен, 12 август 2024 година

  26. Russell M. Nelson, “Joy and Spiritual Survival,” 82.

  27. Види 2 Нефи 31:20. Надежта за која зборува Нефи е совршена и светла бидејќи е насочена кон Христос. Тој е совршен, а Неговото помирување, што ја нуди оваа светла надеж, е исто така совршено.