Исполнувајте ги вашите привилегии.
Дознајте на кој начин свештеничките обреди и заветните ветувања ќе и дозволат на Божјата моќ да протече во вашиот живот.
Неодамна на мојот сопруг, Грег, му беше дијагностицирана болест што бараше интензивна операција и месеци на хемотерапија. Како и многумина од вас кои се соочиле со слична ситуација, веднаш почнавме да се молиме за помош од небесата и Божја сила. Неделата по операцијата на Грег, сакраментот беше поделен во нашата болничка соба.
Овој пат, јас бев единствената што зема сакрамент. Едно парче леб. Една чаша вода. Во црквата, мојот ум често се фокусира на системот за доставување на сакрамент—подготовката, благословувањето и предавањето. Но попладнето, размислував за дарот на Божјата сила достапна за мене преку самиот свештенички обред и заветното ветување што го давав додека го земав тој парче леб и таа чаша вода. Ова беше времето кога навистина ми беше потребна небесна сила. Среде голема тага, исцрпеност и неизвесност, се прашував за овој дар што би ми овозможил да ја црпам силата од Него што толку очајно ми беше потребна. Земањето сакрамент би го продолжило времето на дружба со Господовиот Дух, давајќи ми поголем пристап до дарот на Божјата моќ, вклучувајќи го служењето на ангелите и оспособувачката моќ на Спасителот за надминување.
Мислам дека никогаш порано не сум сфатила со толкава јасност дека не е важно само кој управува со обредот— туку и она што обредот и поврзаниот со него завет отвораат, што исто така, заслужува да биде во фокусот на нашето внимание. Свештенички обреди и одржувањето на заветните ветувања му дозволува на Бог да не освети и да прави чуда во нашите животи. Но, како се случува ова?
Прво, за еден обред да манифестира Божја моќ во нашите животи, тој мора да биде извршен со овластување од Синот Божји. Системот на поделба е важен. Отецот ни го довери Исус Христос со клучеви и овластување да ја надгледува поделбата на Неговите свештенички обреди. Под Негово водство, во рамките на Неговиот свештенски ред, Божјите синови се ракоположени да стојат на местото на Синот Божји.
Второ, не даваме само заветни ветувања – мораме и да се држиме до нив. Во многу евангелски обреди, ние склучуваме свети завети со Бога; Тој ветува дека ќе нè благослови ако се држиме до тие завети. Дали сфаќаме дека комбинацијата на свештенички обреди и чувањето на заветните ветувања ни овозможува да ја црпиме Божјата сила?
Тоа попладне се прашував дали јас, заветна ќерка на Бог, целосно разбирам како да го пристапам дарот на Божјата сила преку свештенички обреди и дали навистина го препознавам како Божјата сила делува во мене.
Во 2019 год. беше упатена покана од пророкот до жените на Црквата, поучувајќи нè како да ја привлечеме силата на Спасителот во нашите животи. Претседателот Расел М. Нелсон нè покани да го проучиме Учење и Завети 25, откровение дадено на Ема Смит во Хармони, Пенсилванија. Прифаќањето на таа покана ми го промени животот.
Минатиот месец имав неочекувана можност да го посетам Хармони. Таму, под јаворовите дрвја, свештенството беше обновено од Џозеф Смит и Оливер Каудери. Близу до тие дрвја е влезната врата на домот на Џозеф и Ема. Спроти каминот во тој дом има прозорец. Стоев крај прозорецот и се прашував што Ема можеби мислела кога гледала низ прозорецот кон дрвјата.
Во јули 1830 година, Ема имала 26 години; била толку млада. Таа била три и пол години во брак. Изгубила бебе момче - нејзиното првороденче. Неговото мало гробче е веднаш под патеката што води кон нејзиниот дом. Додека стоев на тој прозорец, не ми беше тешко да замислам што можеби ги исполнувало нејзините мисли. Сигурно се грижеше за нивните финансии, за зголеменото прогонство што ја загрозуваше нивната безбедност, за нивната иднина.“ А сепак, Божјото дело било насекаде околу неа. Дали се прашувала и за нејзиното место во планот, нејзината цел во Неговото царство и за нејзиниот потенцијал во очите на Бога?
Јас мислам дека токму тоа биле нејзините причини за загриженост.
На другата страна од патот, Божјиот дар на свештенско овластување и клучеви беа обновени на земјата. Ова беше времето кога на Ема навистина и беше потребна небесна сила. Среде голема тага, исцрпеност и неизвесност, претпоставувам дека Ема се прашувала за дарот од Божјото свештенство што би можел да ја отклучи моќта дадена од Него што толку очајно ѝ беше потребна.
Но Ема не стоеше само на тој прозорец и се прашуваше.
Додека Пророкот Џозеф беше подучуван за клучевите, службите, обредите и како да помага во богослужбата на свештенството, Господ лично, преку Неговиот пророк, и даде откровение за Ема. Тоа не беше Претседателката на Здружението за помош Ема— ова откровение беше дадено на 26-годишната Ема од Хармони. Преку откровение, Ема ќе научи за внатрешното осветување на една личност и взаемната заветната врска што ќе ја зголеми моќта на свештенските обреди да делуваат во нејзиниот живот.
Прво, Господ ја потсетил Ема каде е нејзиното место во Неговиот план, вклучувајќи го фактот која е таа и на кого му припаѓа—- ќерка во Неговото царство. Таа беше поканета да „чекори по патеките на доблеста,“ патека која вклучуваше обреди што ќе ја отклучат Божјата сила ако Ема се држи до своите завети.
Второ, во нејзиниот период на длабока тага, Господ ѝ даде цел. Ема не само што имаше свое столче во првиот ред на Обновувањето; туку таа беше и клучниот учесник во делото што се одвиваше. Таа ќе биде издвоена „да ги толкува писмата и да ја поттикнува(опоменува) црквата.“ Ќе и биде дадено време „за пишување, и многу учење“.“ На Ема и е дадена света улога да помогне во подготовката на Светците за богослужба; нивните песни кон Господ ќе бидат примени како молитви и ќе „бидат одговорени со благослов врз нивните глави“.
На крајот, Господ ја опиша постапката на внатрешно осветување што ќе ја подготви Ема за егзалтација. „Доколку не го направиш ова“, ѝ објасни Господ, “нема да можеш да дојдеш онаму каде што сум Јас“.
Доколку внимателно го прочитаме делот 25 , ќе откриеме дека се случува важен напредок. Ема ќе премине од ќерка во царството до „избрана дама” до кралица. Ароновите и Мелхиседековите свештенички обреди, во комбинација со држење до нејзините заветни ветувања, ќе ја зголемат нејзината дружба со Духот и со ангелите, зајакнувајќи ја да може да го води својот живот со божествено водство. Преку Неговата божествена моќ, Бог ќе го исцелува нејзиното срце, ќе ја зголеми нејзината способност, и ќе ја трансформира во личност што Тој знае дека може да стане. И преку обредите на Мелхиседековото свештенство, „силата на божественоста [ќе биде] манифестирана“ во нејзиниот живот и Господ ќе го отвори превезот за таа да може да добие разбирање од Него. Вака изгледа кога Божјата моќ делува во нас.
Претседателот Расел М. Нелсон учеше:
„Сè што се случи во [Хармони] има неизбежни последици за вашите животи. Обновувањето на свештенството, заедно со Господовиот совет до Ема, може да го води и благословува секој од вас.
За да пристапите до Божјата моќ во вашиот живот треба да ги направите истите работи за коишто Господ ја поучил Ема и секој од [нас] “.
Имаше важни работи што се случуваа од двете страни на тој прозорец во Хармони, вклучувајќи го и откровението дадено на избраната дама што Господ ја повикал—- откровението што ќе ја зајакне, охрабри и поучи Ема Смит, Божјата ќерка.
Кога на нашата внука Изабел и беше дадено име и благослов, нејзиниот татко ја благослови со разбирање на свештенството; за да продолжи да напредува и да учи за благословот што ќе и биде даден во нејзиниот живот; и дека нејзината вера во свештенството ќе расте кога ќе се продлабочи нејзиното разбирање.
Не е често малечка девојка да биде благословена да го разбере свештенството и да научи како тие свештенички обреди и заветни ветувања ќе ѝ помогнат да пристапи до Божјата моќ. Но, се сетив на Ема и си помислив, Зошто да не? Оваа кревка ќерка има потенцијал да стане избрана дама во Неговото царство и на крајот царица. Преку Неговите свештенички обреди и одржувањето на нејзините заветни ветувања, Божјата ќе делува и преку неа ќе и помогне да го надмине сето она што животот ќе и го донесе за да стане жената што Бог знае дека може да стане. Ова е нешто што сакам да го разбере секоја девојка во царството .
“Исполнувајте ги вашите привилегии.”
Дознајте на кој начин свештеничките обреди и заветните ветувања ќе и дозволат на Божјата моќ да протече во вашиот живот со поголема ефикасност, зајакнувајќи ве и подготвувајќи ве да ја постигнете сопствената цел и целосен потенцијал.
Внимателно проучувајте ги и размислувајте за Ароновите и Мелхиседековите свештенички обреди, заветните ветувања што ги склучуваме со секое од нив, и Божјата моќ до која пристапуваме преку овие обреди.
Запомнете, не е важно само кој раководи со обредот; туку вашето внимание го заслужува и она што обредот и поврзаниот со него завет го отклучуваат .
Земањето на леб и вода е неделен потсетник за Неговата сила што делува во вас за да ви помогне да надминувате. Носењето на долна облека на светото свештенство е секојдневен потсетник за дарот на Неговата моќ што делува во вас за да ви помогне да постанете.
Сите имаме пристап до дарот на Божјата моќ.
Секој пат кога земаме сакремент.
Секој пат кога ќе го преминеме храмскиот праг.
Ова е врвот на мојот Сабат. Затоа ја ценам мојата храмска препорака.
„Во тамошните обреди, прикажана е моќта на божественоста.”.
За овој дар сведочам во името на Исус Христос, амин.