Генерална Конференција
„Јас Сум Тој“
Oктомври 2024 Генерална Конференција


15:23

„Јас Сум Тој“

Христовата љубов—очигледна во целосната лојалност кон божествената волја—опстојуваше и продолжува да опстојува.

Сега е Сабатот, и ние се собравме да зборуваме за Христос и за Него распнат. Јас знам дека мојот Откупител живее.

Земете ја во предвид оваа сцена од минатата недела за смртниот живот на Христос. Мноштво се собра, вклучувајќи Римски војници вооружени со стапови и опашани со мечеви. Водени од главни свештеници кои имаа факели во рака, оваа чесна дружина не беше спремна да освои град. Вечерва тие бараа само еден човек, еден човек што не знае да носи оружје, да добие војнички тренинг, или да се впушти во физичка битка во било кое време во Неговиот цел живот.

Додека војниците се приближуваа, Исус, со напор да ги заштити Неговите ученици, истапи, и кажа, „Кого го барате вие?“ Тие одговорија, „Исус од Назарет.“ Исус кажа, „Јас сум тој. … Веднаш штом … тој беше им кажал на нив, јас сум тој, тие тргнаа наназад, и паднаа на земјата.“

За мене, ова е една од најпоттикнувачките фрази во сите свети писма. Помеѓу другите нешта, тоа ми кажува директно дека само да се биде во присуство на Синот на Бог—големиот Јехова од Стариот Завет и Добриот Овчар од Новиот Завет— дека само слушајќи го гласот на овој Заробеник од Бурата, овој Кнез на Мирот, е доволно да се пратат антагонистите тркалајќи се во повлекување, насобирајќи ги на куп, и правејќи целата група да посака да беа назначени на должност во кујна таа ноќ.

Само пред неколку дена, кога Тој беше влегол во градот триумфирачки, „сиот град беше трогнат,“ светото писмо вели, прашувајќи, „Кој е ова?“ Можам само да замислам дека „Кој е ова?“ е прашањето тие заплеткани војници сега го поставуваа!

Одговоорот на тоа прашање не можеше да биде во неговиот изглед, зашто Исаија беше пророкуваше пред некои седум века дека „тој нема форма ниту привлечност; и кога ќе го видиме него, не постои убавина за да го посакуваме.“ Сигурно не беше во Неговата полирана гардероба или Неговото големо лично богатство, од кои немаше ниту едно. Не може да биде од било каков професионален тренинг во локални синагоги бидејќи немаме доказ дека Тој некогаш вежбал некои од нив, иако и во Неговата младост Тој можеше да збуни одлично подготвени писари и адвокати, запрепастувајќи ги со Неговото учење „како Тој што има власт.“

Од поучувањето во храмот до Неговото триумфално влегување во Ерусалим и ова последно, неоправдано апсење, Исус постојано беше поставуван во тешки, често лукави ситуации во кои секогаш беше триумфален—победи за кои немаме објаснување освен божествената ДНК.

Сепак, низ историјата многумина го поедноставиле, дури и го тривијализирале нашиот образ на Него и Неговото сведоштво за тоа кој беше Тој. Луѓе ја намалиле Неговата праведност на обична пуританска строгост, Неговата правда на обичен гнев, Неговата милост на обична дозволеност. Не смееме да бидеме виновни за такви поедноставени верзии на Него кои удобно ги игнорираат учењата што ги наоѓаме непријатни. Ова „поједноставување“ е вистинито дури и во однос на Неговата крајна дефинирачка доблест, Неговата љубов.

За време на Неговата мисија, Исус поучуваше дека постојат две големи заповеди. Тие беа поучени на оваа конференција и ќе бидат поучувани засекогаш: „Љуби го Господа твојот Бог [и] љуби го својот ближен како себеси.“ Ако ние сакаме да го следиме Спасителот верно во овие две круцијални и нераскинливо поврзани правила, ние треба да се држиме цврсто до тоа што Тој всушност го кажа. И тоа што Тој всушност го кажа беше, „ако ме љубите мене, одржувајте ги моите заповеди.“ На таа иста вечер, Тој кажа дека ние требаше да „се љубиме едни со други; како што ве љубев вас.“

Во тие свети писма, квалификувачките фрази кои ја дефинираат вистинската, Христова љубов—понекогаш нарекувана и милосрдие—се апсолутно суштински.

Што дефинираат тие? Како Исус љубеше?

Најпрвин, Тој љубеше со „сето [Негово] срце, семоќ, ум и сила, „ давајќи му на Него способност да исцелува длабока болка и говори тешки вистини. Накратко, Тој е еден што може да послужува благодат и вистина истовремено. Како што Лехи рече во својот благослов на својот син Јаков: „Искупување доаѓа во и преку Светиот Месија; зашто тој е испонет со благодат и вистина.” Неговата љубов му овозможува прекрасна прегратка кога е потребно и горчлива чаша кога мора да се проголта. Затоа се обидуваме да љубиме—со сето наше срце, сила, ум и моќ—бидејќи така Тој нè љуби нас.

Втората карактеристика на Исусовата љубов беше Неговата послушност на секој збор кој излезе од Божјата уста, секогаш усогласувајќи ја Неговата волја и однесување со тоа на Небесниот Отец.

Кога пристигна на Западната хемисфера по Неговото Воскресение, Христос им рече на Нефитите: „Еве, Јас сум Исус Христос. … Јас се напив од таа горчлива чаша која што Отецот Ми ја даде, … во што Јас ја претрпев волјата на Отецот во сите нешта од почетокот.“

Од безбројните начини на кои можеше да се претстави, Исус го направи тоа објавувајќи ја Неговата послушност на волјата на Отецот, без оглед на тоа што не долго пред тоа, во Неговиот час на најголема потреба, овој Единороден Син Божји се чувствуваше целосно напуштен од Неговиот Отец. Христовата љубов—очигледна во комплетна лојалност до божествена волја—издржа и продолжува да издржува, не само низ лесни и удобни денови туку исто и преку најмрачните и најтешки денови.

Исус беше „човек од тага“ светите писма велат. Тој искуси тага, замор, разочарување и мачна осаменост. Во овие и во сите времиња, Исусовата љубов не потфрли и ниту таа на Неговиот Татко. Со таква зрела љубов—љубов што примерува, овозможува и пренесува—нашата нема да пропадне.

Значи, ако понекогаш колку повеќе се трудите, толку потешко изгледа дека станува; ако, токму кога се обидувате да работите на вашите ограничувања и недостатоци, наидете на некој или нешто што е решено да ја предизвика вашата вера; ако, додека посветено работите, сè уште чувствувате моменти на страв што ве облеваат, запомнете дека така било за некои од најверните и најчудесните луѓе во секоја ера на времето. Исто така, запомнете дека постои сила во универзумот која е решена да се спротивстави на секое добро нешто што се обидувате да го направите.

Значи, низ изобилство како и низ сиромаштија, низ приватно признание како и низ јавна критика, низ божествените елементи на Обновата како и низ човечките слабости кои неизбежно ќе бидат дел од неа, ние остануваме на патот со вистинската Црква на Христос. Зошто? Бидејќи, како и со нашиот Откупител, ние се пријавивме за целиот период—не завршувајќи со првиот краток воведен тест, туку до финалниот испит. Радоста во ова е дека Главниот ни даде одговори од отворена книга пред да започне курсот. Понатаму, имаме војска од тутори кои не потсеќаат за тие одговори на чести постојки долж патот. Но, секако, ниту едно од ова нема да делува добро ако сечеме стакло.

„Кого го барате вие?“ Со сите наши срца ние одговараме, „Исус од Назарет.“ Кога тој вели, „Јас сум Тој,” ние се поклонуваме со нашиот јазик дека тој е живиот Христос, дека Тој сам се помири за нашите гревови, дека Тој не водеше дури и кога ние мислевме дека Тој беше не напуштил. Кога ќе застанеме пред Него и ги видиме раните на Неговите раце, нозе и страна, ќе почнеме да разбираме што значеше за Него да ги носи нашите гревови и да биде запознаен со тагата, да биде целосно послушен на волјата на Неговиот Отец—сето тоа од чиста љубов кон нас Да ги воведеме другите во вера, покајание, крштевање, дарот на Светиот Дух и примањето на нашите благослови во домот на Господ—овие се основните „принципи и обреди“ кои на крајот ја откриваат нашата љубов кон Бог и ближниот и радосно ја карактеризираат вистинската Црква на Христос.

Браќа и сестри, сведочам дека Црквата на Исус Христос на Светиите од Подоцнежните Дена е средството кое Бог го обезбедил за нашето возвишување. Евангелието што го проповеда е вистинито, а свештенството што го легитимира не е деривативно. Сведочам дека Расел М. Нелсон е пророк на нашиот Бог, како што беа неговите претходници и како што ќе бидат неговите наследници. И еден ден тоа пророкувачко водство ќе води поколение подготвено да го види нашиот Гласник на Спасение да се спушти како „светлина … Надвор од исток,“ и ние ќе извикуваме, „Исус од Назарет.“ Со рацете засекогаш испружени и искрена љубов, Тој ќе одговори, „Јас сум тој.“ Јас така ветувам со апостолова моќ и власт за Неговото свето име, дури Исус Христос, амин.