Генерална Конференција
Божјиот Миленик
Oктомври 2024 Генерална Конференција


Божјиот Миленик

Да се биде исполнет со Божја љубов нé штити во животните неволји, но и ги прави среќните моменти уште посреќни.

Пред да започнам, морам да ви кажам дека две од моите деца се онесвестија додека зборуваа од говорницата, и јас никогаш не сум се почувствувал поблизок со нив отколку во овој момент. Ми доаѓаат уште мисли на памет не само онаа од длабините на мојот ум.

Нашето семејство има шест деца, кои понекогаш се задеваат еден со друг дека тие се омиленото дете. Секое од нив има поинаква причина да биде префериран. Нашата љубов за секое од нашите деца е чиста, целосна и исполнува. Не би можеле да сакаме ниту едно од нив повеќе од другите—со раѓањето на секое дете дојде и најубавото проширување на нашата љубов Најдобар начин на кој можам да ја почувствувам љубовта на Небесниот Отец кон мене е преку љубовта што ја чувствувам кон моите деца.

Иако секој од нив ги повторува своите тврдења дека е најсаканото дете, би помислиле дека нашето семејство никогаш немало неуредна спална соба Чувството на вина во односот родител дете се ублажува кога се фокусираме на љубовта.

Во одреден момент, можеби затоа што можам да видам дека одиме кон неизбежен семеен бунт, ќе кажам нешто како: „Во ред ме изморивте, но нема да објавам; вие знаете кој од вас е мојот миленик“. Мојата цел е секој од шестмината да се чувствуваат победници и да се избегне сеопфатна војна—барем до следниот пат!

Во неговото Евангелие, Јован се опишува себе си како „еден од неговите ученици кого Исус го љубеше“, како оваа љубов да е на некој начин посебна. Сакам да мислам дека ова се случува поради тоа што Јован се чувствувал наполно сакано од Исус. Нефи ми даде сличнo чувство кога напиша, „Се радувам во мојот Исус“. Секако, Спасителот не му припаѓа на Нефи повеќе отколку што му припаѓа на Јован, а сепак личната природа на односот на Нефи со „неговиот“ Исус го навела да го напише овој нежен опис.

Зарем не е прекрасно што има моменти кога можеме да се чувствуваме толку исполнети и лично забележани и сакани? Ако Нефи може да го нарече „неговиот“ Исус, и ние можеме исто така. Љубовта на нашиот Спасител е „највозвишената, најблагородната, насилната љубов“, и Тој ја обезбедува сé додека не сме „исполнети“. Божествената љубов никогаш не пресушува, и секој од нас многу ни значи. Божјата љубов е местото каде што, како кругови на Венов дијагарам, сите се преклопуваме. Без разлика кои делови од нас изгледаат различни, во Неговата љубов наоѓаме сплотеност.

Дали изненадува што најголемите заповеди се да се сака Бог и да се сакаат оние околу нас? Кога ги гледам луѓето како искажуваат Христијанска љубов едни кон други, чувствувам како да таа љубов ја содржи повеќе од само нивната љубов; тоа е љубов која исто така има божественост во себе. Кога се сакаме едни со други на овој начин, колку што можеме попотполно и поцелосно, се вклучуваат и небесата.

Затоа, ако некој за кој се грижиме изгледа оддалечен од чувството за божествена љубов, можеме да го следиме овој модел—да правиме работи што не доближуваат до Бога, а потоа да правиме работи што нé доближуваат до нив—неискажано навестување да дојдеме до Христос.

Посакувам да можам да седнам со вас и да ве запрашам во кои околности ја чувствувате Божјата љубов. Кои стихови од светите писма, кои кокретни чинови на служба? Каде би биле? Каква музика? Во чија компанија? Генералната конференција е богат ресурс кој нуди многу можности да се поврзете со небесната љубов.

Но можеби чувствувате дека сте далеку од Божјата љубов. Можеби има хор од гласови на обесхрабрување и темнина што натежнува во вашите мисли, порака која ви кажува дека сте премногу ранети и збунети, преслаби и предвидливи, премногу различни или дезорјентирани за да ја оправдате небесната љубов на некој вистински начин. Ако ги слушнете овие идеи, тогаш ве молам слушнете и го ова: овие гласови едноставно се погрешни. Можеме самоуверено да ја игнорираме скршеноста на начин што нé дисквалификува од небесната љубов—секој пат кога ќе ја запееме химната што нé потсетува дека нашиот возљубен и безгрешен Спасител избира да биде „повреден, скршен, [и] растргнат заради нас” секогаш која ќе земеме скршен леб. Сигурно Исус го отстранува сиот срам од скршениот. Преку Неговата кршливост, Тој станува совршен, и Тој може да нé направи совршени и покрај нашата кршливост. Тој беше скршен, осамен, растргнат и повреден—и ние можеби се чувствуваме така—но сигурно не сме одвоени од Божјата љубов. „Скршени луѓе; совршена љубов”, како што се вели во песната.

Можеби знаете нешто тајно за себе што ве прави да се чувствувате несакано. Сепак, можеби сте во право за она што го знаете за себе, не сте во право кога мислите дека сте се довеле во ситуација да бидете надвор од дострелот на Божјата љубов. Понекогаш сме сурови и нетрпеливи кон себе на начини на кои никогаш не би можеле да замислиме дека сме кон некој друг. Има многу што да направиме во овој живот, но самобендисаноста и срамното самоосудување не се на тој список. Иако се чувствуваме неоформено , Неговите раце не се прекратки. Не. Тие се секогаш доволно долги да го „[достигнат нашиот] дострел” и да прегрнат секој од нас.

Кога не ја чувствуваме топлината на нашата божествена љубов, таа не напушта. Самите Божји зборови се „нека се раздвижат планините, и нека се потресат бреговите; но [Неговата] љубов нема да се повлече од [нас]“. Значи, само за да разјасниме, идејата дека Бог престанал да не сака треба да биде на дното на списокот на можни објаснувањаа за животот што ќе стигнеме до неа дури откако планините ќе заминат и ридовите ќе исчезнат.

Навистина ми се допаѓа оваа симболика за планините како доказ за сигурноста на Божјата љубов. Таа моќна симболика провејува низ записот за оние кои одат во планините за да добијат откровение и описот на Исаија за „планината на Господовиот дом“ што е „основана на врвот од планините”. Господовиот дом е дом на нашите најскапоцени завети и место каде што сите ние можеме да се повлечеме и длабоко да се нурнеме во доказите за љубовта на Отецот кон нас. Јас исто така уживав во утехата што доаѓа до мојата душа кога се врзувам поцврсто со мојот крштален завети, наоѓам некого кој тагува за некоја загуба или жали за некое разочарување и се обидувам да им помогнам да ги задржат и да се справат со своите чувства. Дали се ова начините на кои можеме да навлеземе подлабоко во скапоцената заветна љубов, хесед?

Затоа, ако Божјата љубов не нé напушти, зошто ние не ја чувствуваме секогаш? Само за да управувате со вашите очекувања; Не знам. Но да се биде сакан дефинитивно не е истото чувство како и да се сака, и имам неколку мисли што може да ви помогнат додека ги барате одговорите на тоа прашање.

Можеби се борите со тага, депресија, измама, осаменост, разочарување или други моќни упади што ја нарушуваат вашата способност да ја почувствувате Божјата љубов. Ако е така, овие работи можат да ја затапат или да ја суспендираат нашата способност да се чувствуваме како што инаку би можеле да се чувствуваме. Барем некое време, можеби нема да можете да ја почувствувате Неговата љубов и знаењето ќе мора да ве задоволи. Но се прашувам дали вие би можеле да експериментирате—трпеливо—со изразување и примање на божествената љубов на различни начини? Можете ли да оттстапите од она што е пред вас и можеби уште еден чекор, и уште еден сé додека не видите поширок пејсаж, поширок, поширок сé уште доколку е потребно, сé додека не почнете буквално „да размислувате селестијално“ зашто гледате во ѕвездите и се сеќавате на световите без број а преку нив и на нивниот Создавач?

Песната на птицата, чувствувањето на сонцето, или ветре или дожд на мојата кожа, и моментите кога природата ги восхитува моите сетила во стравопочит пред Бога—секое има свој дел во моето овозможување на небесна врска Можеби утехата од верните пријатели може да помогне. Можеби музиката? Или служењето? Дали запишувавте или водевте дневник во моментите кога вашата врска со Бога беше појасна за вас? Можеби би можеле да ги поканите оние кои ви веруваат за да ги споделите нивните извори на божествена врска со вас кога барате олеснување или разбирање.

Се прашувам, ако Исус би избрал место каде што вие и Тој би можеле да се сретнете, некое осамено место каде би можеле да се фокусирате само на Него, дали би можел да го избере токму вашето единствено место на лично страдање, местото на вашата најдлабока потреба, каде што никој друг не може да оди? Некаде каде што се чувствувате толку осамени што мора навистина да бидете сами, а сепак не сте потполно, некое место на кое само Тој отпатувал но всушност го подготвил за средба со вас кога ќе пристигнете? Ако го чекате да пристигне, може ли да е веќе таму и во рамките на вашиот дострел?

Ако се чувствувате исполнети со љубов во овој период од вашиот живот, ве молам обидете се да се држите до тоа чувство, толку ефикасно колку што ситото ја држи водата. Истурајте ја каде и да одите. Едно од чудата на божествената економија е дека кога се обидуваме да ја споделиме Исусовата љубов, наоѓаме дека сме исполнети со варијации од принципи дека „кој и да ја изгуби својата душа поради мене, поради мене ќе ја најде“.

Да се биде исполнет со Божја љубов нé штити во животните неволји, но и ги прави среќните моменти уште посреќни—нашите радосни денови, кога има сонце на небото, стануваат уште посветли кога има сонце во нашата душа.

Ајде да стенеме „вкоренети и приземјени“ во нашиот Исус и Неговата љубов. Ајде да ги побараме и сокриеме доживувањата кога сме ја почувствувале Неговата љубов и моќ во нашите животи. Радоста од евангелието е достапна за секого: не само за среќните, не само за депресивните Радоста е наша цел, а не дар за нашите околности. Ја имаме секоја добра причина да „се радуваме и да бидеме исполнети со љубов кон Бога и сите луѓе”. Ајде да се наполниме со неговата љубов. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Јован 21:20; види и Јован 13:23; 19:26; 20:2; 21:7.

  2. 2 Нефи 33:6; додаден акцент.

  3. Bible Dictionary, „Charity(милосрдие).”

  4. Во Светата Земја: Матеј 14:15–20. И во американските земји: 3 Нефи 27:16.

  5. Види Матеј 22:35–40.

  6. Види 1 Јован 4:12.

  7. За силата на Младите: Водич за Донесување Одлуки бара да „им помагаме на другите да ја почувствуваат љубовта на Небесниот Отец преку [нас]” ([2022], 12).

  8. „Jesus of Nazareth, Savior and King“, Hymns, no. 181; види и Исаија 53:5; Матеј 26:26.

  9. Претседателот Расел М. Нелсон објасни: „Непосредно пред распнувањето на [Спасителот], Тој рече дека на ‘третиот ден ќе бидам совршен’ [Лука 13:32; додаден акцент]. Помислете на тоа! Безгрешниот Господ— веќе совршен според нашите смртни стандарди—, ја објави неговата сопствена состојба на совршенство која сè уште не е пристигната. Неговото вечно совршенство ќе го следи неговото воскресение и примање на ‘сета сила … во небесата и земјата’ [Матеј 28:18; види и Учењата и Заветите 93:2–23]” (“Perfection Pending,” Ensign, Nov. 1995, 87). Пророкот Морони ги покани сите „да дојдат кај Христос и да бидат совршени во Него и да се воздржуваат од секаква безбожност; и ако се воздржувате од секаква безбожност и го сакате Бога со сета своја сила, и со сиот свој ум и сила, тогаш неговата благодат е доволна за вас, за да со неговата благодат бидете усовршени во Христа“ (Морони 10:32).

  10. “Savior of My Soul,” 2024 Youth Album, ChurchofJesusChrist.org.

  11. Види Исаија 59:1.

  12. „Where Can I Turn for Peace?“, Hymns, no. 129.

  13. Исаија 54:10.

  14. На пример, Нефи (види 1 Нефи 17:7), Мојсеј (види Излез 19:3), единаесетте следбеници (види Матеј 28:16), и Спасителот (види Матеј 14:23); види и Псалми 24:3.

  15. Исаија 2:2; види и стих 3. Оваа симболика ме тера на понатамошно размислување за Господовите цели кога обезбедува стотици храмови за Неговите чеда низ целиот свет.

  16. Моите искуства ја потврдуваат вистината за ветувањето на Претседателот Нелсон дека најбезбедното место за живеење е во рамките на нашите храмски завети (види „The Temple and Your Spiritual Foundation“, Liahona, Nov. 2021, 96).

  17. Претседателот Нелсон нé уверува:

    „Времето поминато во храмот ќе ви помогне да размислувате селестијално и да стекнете визија за тоа кои сте навистина, кои можете да станете, и каков живот можете да имате засекогаш. Редовната храмска служба ќе го подобри начинот на кој се гледате себе си и како се вклопувате во Божјиот величествен план. Ви го ветувам тоа. …

    “… Ништо нема да го смири вашиот дух повеќе во време на болка. Ништо нема да ги отвори небесата повеќе. Ништо!“ („Rejoice in the Gift of Priesthood Keys“, Liahona, May 2024, 121, 122).

  18. Види Мосија 18:8–10, 13. „Заветот за крштевање е јавно сведоштво до Небесниот Отец за три конкретни обврски: да му служиме на Бога, да се држиме до Неговите заповеди и да бидеме спремни да го преземеме името на Исус Христос. Останатите аспекти кои често се поврзуваат со кршталниот завет—дека ние ‘си ги носиме бремињата еден на друг,’ ‘тагуваме со оние кои тагуваат’, и ‘ги тешиме оние [] на кои им е потребна утеха’ [Мосија 18:8, 9]—се плодовите од склучувањето завети наместо дел од самиот завет. Овие се аспектите кои се важни затоа што кореспондираат со она што природно би го направила една духовно препородена душа” (Dale G. Renlund, „Stronger and Closer Connection to God through Multiple Covenants” [Brigham Young University devotional, Mar. 5, 2024], speeches.byu.edu).

  19. Види Russell M. Nelson, “The Everlasting Covenant,” Liahona, Oct. 2022, 4–11.

  20. Види Russell M. Nelson “Think Celestial!,” Liahona, Nov. 2023, 117, 118.

  21. Матеј 16:25.

  22. Ефесјаните 3:17.

  23. Види 2 Нефи 2:25; Russell M. Nelson, “Joy and Spiritual Survival,” Liahona, Nov. 2016, 81–84.

  24. Мосија 2:4.

  25. Види Морони 7:48.