Генерална Конференција
Смртност Делува!
Oктомври 2024 Генерална Конференција


Смртност Делува!

И покрај предизвиците со кои сите се соочуваме, нашиот љубезен Небесен Отец го дизајнирал планот на среќа така што не сме осудени на неуспех.

Неколку години бев назначен дома да поучувам една сестра во мојот оддел. Таа немаше лесен живот. Таа имаше разновидни здравствени проблеми и искусуваше живот исполнет со болка поради несреќа од детството на игралиштето. Разведена на 32 годишна возраст со четири млади деца да го одгледа и да им обезбеди, таа повторно се венча на 50 години. Нејзиниот втор сопруг почина кога таа имаше 66 години, и оваа сестра живееше дополнителни 26 години како вдовица.

И покрај нејзините животни предизвици, таа беше верна на нејзините завети до крајот. Оваа сестра беше истакнат гинеколог, присуствувач во храмот, и колекционер и писател на семејни истории. Иако имаше многу тешки испити, и без сомнение понекогаш чувствуваше тага и осаменост, таа имаше весело лице и љубезна и пријатна личност.

Девет месеци после нејзината смрт, еден од нејзините синови имаше впечатливо искуство во храмот. Тој дозна преку моќта на Светиот Дух дека неговата мајка имаше порака за него. Таа комуницираше со него, но не преку визија или гласни зборови. Следнава непогрешлива порака дојде при умот на син и од неговата мајка: „Сакам да знаете дека смртноста делува, и сакам да знаете дека сега јас разбирам зошто се што се случуваше [во мојот живот] како што се случи—и се ќе биде во ред.“

Оваа порака е се повеќе впечатлива кога некој зема во предвид нејзина ситуација и потешкотии кои оваа сестра ги издржа и надмина.

Браќа и сестри, смртност делува! Тоа е дизајнирано да делува! И покрај предизвиците, срцеболките, и потешкотиите со кои се соочуваме, нашиот прекрасен, мудар, и совршен Небесен Отец дизајнираше план за среќа дека не ни е пишано да неуспееме. Неговиот план овозможува начин за нас да се кренеме над нашите смртни неуспеси. Господ кажа, „Ова е мое дело и моја слава—да се оствари бесмртноста и вечниот живот на човекот.“

Сепак, ако ние сме примачи на Господовото „дело и слава,“ дури и „бесмртноста и вечниот живот,“ мораме да очекуваме да бидеме учени и поучувани, и да минеме низ оганот на прочистувачот—понекогаш до наши крајни граници. За целосно да ги избегнеме проблемите, предизвиците, и потешкотиите на овој свет би било добро да го избегнеме процесот кој е навистина неопходен за смртност да делува.

И така, не треба да бидеме изненадени кога тешките времиња се врз нас. Ние ќе се соочиме со ситуации кои не испробуваат и луѓе кои ни овозможуваат да практикуваме вистинско милосрдие и трпение. Но ние треба да се носиме со нашите потешкотии и да се сетиме, како што Господ кажа:

„И кој и да го положи неговиот живот за мојата цел, за доброто на моето име, ќе го пронајде повторно, и тоа вечен живот.

„Затоа, не се плашете од вашите непријатели [или вашите проблеми, предизвици, или тестови на животот], зашто јас издадов одредба …, кажа Господ, дека ќе ви докажам со сите нешта, дали ќе се придржувате во мојот завет … за да можете да сте достојни.”

Кога се чувствуваме вознемирени или неспокојни за нашите проблеми односно се чувствуваме дека добиваме поголем дел од животните потешкотии, можеме да се сетиме дека Господ им кажа на децата на Израел:

„И ти ќе се сеќаваш на сите начини на кои Господ твојот Бог те водеше тебе овие четириесет години во дивината, да те понизи, и да ти докаже, да дознае што [е] во твоето срце, дали ти [ќе] ги одржуваш неговите заповеди, или не.“

Како што Лехи го поучуваше неговиот син Јаков:

„Ти страдаше неволји и многу тага. … Сепак, … [Бог] ќе ги освети твоите неволји за твоја добивка. … Затоа, знам дека ти си искупен, поради праведноста на твојот Искупител.“

Зашто овој живот е место за испит и „мрачни облаци на неволја висат врз нас и се закануваат на нашиот мир да го уништат,“ од помош е да разбереме дека овој совет и ветување пронајдени во Мосија 23 се поврзани со животните предизвици: “Сепак—кој и да ја потпре Неговата вера во Него истиот ќе биде кренат на последниот ден.”

Како млад, јас лично искусив голема емоционална болка и срам кој дојде како резултат на неправедни постапки на друг, кои многу години влијаеја на мојата самовредност и мојата смисла на достојност пред Господ. Сепак, јас сведочам со лично сведоштво дека Господ може да не засили и да не носи низ било какви тешкотии за кои сме повикани да ги искусиме за време на нашиот престој во оваа долина на солзи.

Ние сме запознаени со иксуството на Павле:

„И за да не бидам воздигнат над мерата низ изобилство на откровенија, ми беше даден на мене трн во телото, гланикот на Сатана да ме удира, освен ако не сум воздигнат над мера.

„За ова нешто јас го молев Господ три пати, да си замине од мене.

„И тој ми кажа на мене, Мојата благодат е доволна за тебе: зашто мојата сила е совршена во слабост. Затоа најрадосно би славел во моите слабости, за моќта на Христос да почива врз мене.“

Не знаеме што беше „трнот во телото“ на Павле. Тој одбра да не го опише било да беше физичка болест, ментална или емоционална слабост, односно искушение. Но не треба да го знаеме тој детал за да знаеме дека тој се бореше и молеше Господа за помош и дека, на крајот, Господовата сила и моќ му помогнаа да го надмине тоа.

Како Павле, тоа беше преку Господовата помош дека јас бев на крај зацврстен емоционално и духовно, и на крај препознаен после многу години дека секогаш бев личност од вредност, и достоен за благословите на евангелието. Спасителот ми помогна да ги надминам чувствата на недостојност и да пружам искрено простување на навредувачот. Конечно разбрав дека Искупувањето на Спасителот беше личен дар за мене и дека мојот Небесен Отец и Неговиот Син ме љубат совршено. Поради Помирувањето на Спасителот, смртноста делува.

Додека бев најпосле благословен да препознаам како Спасителот ме спаси мене и стоеше покрај мене низ тие искуства, јас јасно разбрав дека несреќната ситуација на моите тинејџерски години беше мое лично патување и искуство, решение за кое при евентуален исход не би можел да се прикаже на оние кои страдале и продолжиле да страдаат од неправедно однесување на други.

Јас препознавам дека животни искуства—добри и лоши—може да не поучат важни лекции. Јас сега знам и носам сведоштво дека смртноста делува! Се надевам дека како резултат на збирот на искуствата на мојот живот—добри и лоши—имам сочувство за невини жртви за постапки на другии емпатија за прегазените,

Искрено се надевам дека како резултат на моите животни искуства—добри и лоши—јас сум пољубезен со други, ги третирам како Спасителот, имам поголемо разбирање за грешникот, и дека имам комплетен интегритет. Додека се потпираме на благодатта на Спасителот и ги одржуваме заветите, можеме да служиме како примери на далеку достижни ефекти на Помирувањето на Спасителот.

Споделувам последен пример дека смртноста делува.

Тетката и мајката на Старешина Хејлс.

Тетката на Старешина Хејлс, Лоис Ванденбош, и неговата мајка, Клеа Ванденбош.

Мојата мајка немаше лесно патување низ смртноста. Таа не доби признанија или светски почести и немаше образовни можности вон средно училиште. Таа заболела од полио како дете, што резултирало со доживотна болка и непријатност во нејзината лева нога. Како возрасен, таа искусуваше многу тешкотии и предизвикувачки и финансиски околности но беше верна на нејзиниот завет и го љубеше Бога.

Кога мојата мајка имаше 55 години мојата следна постара сестра почина, оставајќи осум-месечно бебе ќерка, мојата внука, без мајка. За најразновидни причини, Мајка ми заврши одгледувајќи ја мојата внука наредните 17 години, често низ многу пробни околности. Сепак, без оглед на овие искуства, таа среќно и спремно служеше на нејзиното семејство, соседи, и членови на оддел и служеше како работник за обреди во храмот многу години. За време на последните неколку години од нејзиниот живот, Мајка ми страдаше од една форма на деменција, често беше збунета, и беше ограничена во болничка установа. За жал, таа беше сама кога почина неочекувано.

Неколку месеци после нејзиното починувањето имав сон кој никогаш не го заборавив. Во мојот сон, седев во мојата канцеларија во Зградата на Црковната Администрација. Мајка ми влезе во канцеларија. Знаев дека таа дојде од духовниот свет. Секогаш ќе се сеќавам на чувствата кои ги имав. Таа не кажа ништо, туку зрачеше со духовна убавина која никогаш порано не сум ја искусил и која имам потешкотија да ја опишам.

Нејзиниот лик и битие беа навистина запрепастувачки! Се сеќавам дека ѝ реков: „Мајко, ти си толку убава!“, мислејќи на нејзината духовна сила и убавина. Таа ме призна мене—повторно без да говори. Јас ја почувствував нејзината љубов за мене, и знаев дека таа е среќна и исцелена од нејзините светски грижи и предизвици и желно чека „едно славно воскреснување.“ Знам дека за Мајка ми, смртноста делуваше—и делува за нас исто.

Делото на Бог и славата е да се оствари бесмртноста и вечниот живот на човекот. Искуствата на смртноста се дел од патувањето кое овозможува да растеме и напредуваме кон бесмртност и вечен живот. Не бевме пратени овде да потфрлиме туку да успееме во Божјиот план за сите.

Царот Венијамин поучуваше: „И згора на тоа, јас посакувам вие да размислите за благословената и среќна состојба на оние кои ги одржуваат заповеди на Бог. Зашто ете, тие се благословени, во сите нешта, и временски и духовни; и ако се верни на крајот тие се примени во небесам за тие да можат да живеат со Бог во состојба на среќа што никогаш не завршува.“ Со други зборови, смртноста делува!

Јас сведочам дека додека ги примаме обредите на евангелието, влегуваме во завет со Бог и потоа ги одржуваме заповедите, се покајуваме, и издржуваме до крај, и ние исто можеме да имаме уверување и комплетна доверба во Господ дека смртноста делува! Јас сведочам за Исус Христос и дека нашите славни иднини со нашиот Небесен Отец се возможни преку благодата и Помирувањето на Спасителот. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Споделено со дозвола. Ова искуство се усогласува со учењата на Господ дека смртта „ќе биде збришана при“ праведност (Учење и Завети 42:46). Пророкот Џозеф Смит објасни: „Духовите на праведните се возвишени на поголема и пославна работа … [во] светот на духовите“ (Teachings of Presidents of the Church: Joseph Smith [2007], 179). Тој понатаму поучуваше: „Тие не се далеку од нас и ги знаат и разбираат нашите мисли, чувства и движења“ (во Discourse, Oct. 9, 1843, како што е напишано во Times and Seasons, 331, josephsmithpapers.org).

  2. Moјсеј 1:39

  3. Учење и Завети 98:13-14.

  4. Второзаконие 8:2.

  5. 2 Нефи 2:1-3.

  6. “We Thank Thee, O God, for a Prophet,” Hymns, no. 19.

  7. Мосија 23:22.

  8. 2 Коринтјаните 12:7-9.

  9. Старешина Ричард Г. Скот кажа: „Јас сведочам дека знам жртви од сериозни злоупотреби кои успешно го поминале тешкото патување до целосно исцелување преку моќта на Помирувањето“ (“To Heal the Shattering Consequences of Abuse,” Liahona, May 2008, 40).

  10. Учење и Завети 138:14.

  11. Види Мојсеј 1:39.

  12. Мосија 2:41.