„Вие сте моите пријатели”
Изјавата на Спасителот „вие сте моите пријатели“ е јасен повик да се изградат повисоки и посвети односи помеѓу Божјите чеда
Во свет полн со расправии и поделби, каде што граѓанскиот дискурс е заменет со осудување и презир, и пријателствата се дефинирани со -исмс и -итес, дојдов до сознание дека постои јасен, едноставен и божествен пример на кој можеме да се угледаме за единство, љубов и припадност. Тој пример е Исус Христос. Јас сведочам дека Тој е големиот Обединувач.
Ние сме Неговите пријатели
Во декември 1832 година, кога „појавите на неволји меѓу народите“ стануваа „повидливи“ од било кога од почетокто на Црквата, водачите на Светците од Подоцнежните дни во Киртланд, Охајо, се собрле на конференција. Тие му се молеле „одделно и гласно на Господ за да им ја открие својата волја [ним]“. Како признание на молитвите на овие верни членови во време на големи тешкотии, Господ ги утешил, обраќајќи им се на Светците три пати со два моќни збора;„моите пријатели.“
Исус Христос долго време ги нарекувал Своите верни следбеници Неговите пријатели. Четиринаесет пати во Учење и Завети, Спасителот го користи терминот пријател за да дефинира света и ценета врска. Не зборувам за зборот пријател како што го дефинира светот—предмет на следбеници на социјалните мрежи или „лајкови“. Пријателството не може да се наслика во хаштаг или некој број на Инстаграм или X.
Признавам, како тинејџер, се сеќавам на застрашувачките разговори кога ги слушав тие болни зборови „дали можеме да бидеме само пријатели?“ или „да останеме само во пријателската зона“. Никаде во светите писма не го слушаме Него како вели: „Вие сте само моите пријатели.“ Наместо тоаТуку, Тој учеше дека “никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели.” И “вие сте тие кои Мојот Отец ми ве дал; вие сте Мои пријатели;”
Сентиментот е јасен: Спасителот го брои секој од нас и не надгледува. Оваа надзор не е тривијален или безначаен. Напротив, таа е возвишувачка, подобрувачка и вечна. Ја гледам изјавата на Спасителот „вие сте мои пријатели“ како јасен повик да изградиме повисоки и посвети односи меѓу сите Божји деца „за да може да бидеме едно“.” Го правиме ова додека се собираме заедно барајќи можности за обединување и чувство на припадност за сите.
Ние сме едно во Него
Спасителот прекрасно го демонстрираше ова во својот повик ‘дојдете, следете ме.’” Тој ги искористи дарбите и индивидуалните особини за разнивидна група следбеници за да ги повика Неговите апостоли. Тој повика рибари, ревносни, браќа познати по нивните громогласни личности, па дури и еден даночен собирач. Нивната вера во Спасителот и желбата да се приближат до Него ги обединија. Гледаа кон Него, го видоа Бог преку Него, и “тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.”
И јас сум видел како градењето повисоки и посвети односи нè обединува како едно. Мојата сопруга, Џенифер, и јас бевме благословени да ги одгледаме нашите пет деца во Њујорк. Таму, во таа прометна метропола, формиравме драгоцени и свети односи со соседите, училишните пријатели, деловните соработници, верските лидери и другите светци.
Во мај 2020 година, токму кога светот се справуваше со ширењето на глобалната пандемија, членовите на Комисијата за верски Водачи на Њујорк се состанаа виртуелно на итно свикан состанок. Немаше дневен ред. Нема специјални гости. Само барање да се собереме и да ги дразговараме за предизвиците со кои се соочуваме како верски водачи. Центарот за контрола на болести тукушто беше известил дека нашиот град е епицентарот на пандемијата КОВИД-19 во Соединетите Американски Држави. Ова значеше дека повеќе нема состаноци. Ова значеше дека повеќе нема да се собираме
За овие верски водачи, отстранувањето на личното служење, собирањето на конгрегацијата и богослужбата секоја недела беше тежок удар. Нашата мала група—која вклучуваше кардинал, свештеник, рабин, имам, пастор, монсињор и старешина—слушаше, утешуваше и поддржуваше еден со друг. Наместо да се фокусираме на нашите разлики, увидовме што имаме заедничко. Зборувавме за можности, а потоа и за веројатности. Организиравме собир и одговоривме на прашања за верата и иднината. И потоа се молевме. О, и тоа како се молевме.
Во богат и разновиден град исполнет со комплексност и култури кои се судираат, видовме како нашите разлики исчезнуваат додека се собиравме како пријатели со еден глас, една цел и една молитва.
Повеќе не гледавме преку масата еден на друг, туку заедно кон небото. Го напуштавме секој следен состанок пообединети и подготвени да ги земеме нашите „лопати“ и да започнеме со работа. Соработката што произлезе и услугата што им беше дадена на илјадници њујорчани ме научи дека во свет кој повикува на поделба, дистанцираност и неангажираност, секогаш има многу повеќе што нè обединува отколку што нè дели. Спасителот молеше: “бидете едно; и ако не сте едно, не сте мои.”
Браќа и сестри, мора да престанеме да бараме причини за поделба и да бараме можности да „бидеме едно.” Тој нè благословил со уникатни дарби и особини кои нè повикуваат да учиме едни од други и лично да се развиваме. Често им велев на моите студенти на универзитетот дека ако јас го правам тоа што вие го правите и вие го правите тоа што јас го правам, нема да сме си потребни еден на друг. Но, бидејќи вие не го правите тоа што јас го правам и јас не го правам тоа што вие го правите, ние си требаме еден на друг. И таа потреба не обединува. Да се раздели и завладее е планот на противникот за да ги уништи пријателствата, семејствата и верата. Спасителот е тој што обединува.
Ние му Припаѓаме Нему
Една од ветените благослови на „да станеме едно“ е моќното чувство на припадност. Старешина Квентин Л. Кук поучуваше дека „суштината на вистинското припадност е да се биде едно со Христос.“
На неодамнешната посета со моето семејство во западноафриканската земја Гана, бев вљубен во еден локален обичај. При пристигнување во црква или дома, бевме поздравени со зборовите „добредојдовте“. Кога беше послужена храната, нашиот домаќин ќе објавеше: „Поканети сте“. Овие едноставни поздрави беа упатени со цел и намерно. Добредојдовте. Поканети сте.
Ставаме слични свети изјави на вратите на нашите простории за средби. Но, знакот „Посетителите се добредојдени“ не е доволен. Дали топло ги пречекуваме сите што ќе дојдат на врата? Браќа и сестри, не е доволно само да седиме во просториите. Мораме да го послушаме повикот на Спасителот за да изградиме повисоки и посвети односи со сите Божји деца. Мораме да ја живееме нашата вера! Мојот татко често ме потсетуваше дека самото седењето во црква во недела нема да ме направи подобар христијанин исто како што спиењето во гаража каде се поправаат автомобили не ме прави подобар христијанин.
Мораме да го живееме нашиот живот така што светот да не гледа на нас, туку да го гледа Него преку нас. Ова не треба да се случува само во недела. Се случува во продавницата, на бензинската пумпа, на училишниот состанок, на соседските собири—сите места каде што крстени и некрстени членови на нашето семејство работат и живеат.
Јас служам во недела како потсетник дека ние имаме потреба едни од други а на сите нам ни треба Тој. Нашите уникатни дарби и таленти кои нè издвојуваат во секуларниот свет нè обединуваат во свет простор. Спаителот нè повикува да си помагаме еден на друг, да се подигаме и да се просветлуваме еден со друг. Ова е она што Тој направи кога ја исцелува болна жена која крварела, го исчисти лепрозниот кој молеше за Неговата милост, го советуваше младиот принц кој праша што уште да направи, го сакаше Никодим кој знаеше но се колебаше во својата вера, и седеше со жената на бунарот која не се вклопуваше во обичаите на денот, но на која Тој ѝ ја објави Својата месијанска мисија. За мене, ова е црква—место за собирање и закрепнување, подобрување и пренасочување. Како што учеше Претседателот Нелсон: „Евангелската мрежа е најголемата мрежа во светот.“ Бог ги покани сите да дојдат при Него. Има место за секого.”
Некои можеби имале искуства кои ве прават да се чувствувате дека не припаѓате. Пораката на Спасителот до вас и до мене е истата, „Дојдете кај мене, сите изморени и обременети, и јас ќе ве успокојам“. Евангелието на Исус Христос е совршено место за нас. Одењето во црква нуди надеж за подобри денови, ветување дека не сте сами и семејство кое ни е потребно исто колку што и ние им сме потребни ним. Старешина Д. Тод Кристоферсон потврдува дека „да се биде едно со Отецот, Синот и Светиот Дух е без сомнение врвот на припадноста.“ На сите кои се оддалечиле и бараат шанса да се вратат, нудам вечна вистина и покана: Вие припаѓате. Вратете се. Време е.
Во свет полн со расправии и поделби, сведочам дека Спасителот Исус Христос е големиот Обединувач. Да го поканам секој од нас да биде достоен за поканата на Спасителот да „бидеме едно“ и смело да изјавиме како што направи Тој: „Вие сте моите пријатели.“ Во светото име на Исус Христос, амин.