Генерална Конференција
Денови што Никогаш Нема да се заборават
Oктомври 2024 Генерална Конференција


14:19

Денови што Никогаш Нема да се заборават

Моментите што престојат сигурно ќе им овозможат поголеми можности за членовите на Црквата насекаде да ја споделат добрата вест од евангелието на Исус Христос.

Вовед

Почитувани мои браќа и сестри, историјата на Црквата на Исус Христос во оваа евангелска епоха е полна со божествени искуства кои покажуваат како Господ ја водел Својата Црква. Сепак, постои една деценија во нашата историја што ги надминува сите други—деценијата од 1820 до 1830 год. Оваа деценија започна со искуството на Пророкот Џозеф Смит во Светата Шумичка во пролетта 1820, и траеше сé до 6 април 1830. Таа е поинаква од која и да било друга

Морони ги испорачува златните плочи
Враќање на Мелхиседековото свештенство на земјата
Оливер Каудери

Размислете за овие извонредни настани! Младиот пророк разговарал со ангелот Морони, ги превел златните плочи, и ја издал Книгата на Мормон! Тој беше инструментот преку кој Ароновото и Мелхиседековото Свештенство беа вратени, а потоа и ја организираше Црквата! Оливер Каудери многу добро ја опишал таа ера: „Овие денови никогаш да не се заборават“. Чудесни настани се случуваат до ден денес.

Може ли да бидам храбар да кажам дека оваа година започнавме една деценија која може да се покаже исто толку важна како и секоја што следеше по таа невидена основачка деценија пред речиси два века.

Нашата деценија

Дозволете ми да појаснам. Помеѓу оваа 2024 и 2034 година, ќе доживееме значајни настани кои ќе родат невидени можности за служење, за обединување со членовите и пријателите, и за да ја претставиме Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни на што повеќе луѓе од кога било досега.

Прославување на 100-тиот роденден на Претседателот Нелсон

Штотуку бевме сведоци на моќта на еден навистина историски момент кога заедно со десетици милиони луѓе го прославувавме 100-тиот роденден на Претседателот Расел М. Нелсон.

Известувајќи за роденденот на Претседателот Нелсон весникот, Newsweek објави наслов читаме, „Најстариот Верски водач во светот наполни 100 години“ Тие потоа ги наведоа 10-те најстари верски водачи во светот—со Претседателот Нелсон како прв на листата на која беа вклучени Папата Франциско и Далај Лама.

Оваа изјава од статија во New York Times го претставува духот на голем дел од медиумското покривање: „Во претседателскиот изборен циклус [на Соединетите Држави] што поттикна извесно размислување за стареењето и раководењето, овој исклучително важен настан за Г-динот. Нелсон кажува дека, барем во неговата црква, трицифрениот роденден не заслужува премногу загриженост. Тој останува популарна личност меѓу членовите на Црквата, кои гледаат на својот претседател не само како водач туку и како „пророк, јасновидец и откровител“.

Токлу сме благодарни што овој значаен роденден на Претседателот Нелсон ни даде можност да им го претставиме пред светската публика Божјиот Пророк, прослава која никогаш нема да биде заборавена.

Реновиран плоштад пред Седиштето на Црквата

Претходно оваа пролет, беше реновиран плоштад на храмот—со изложени знамиња на други земји што ги претставуваа земјите каде Црквата е признаена. Влезот на плоштадот е означен со гранитен споменик со овие пророчки зборови „И ете, во последните дни гората на домот Господов ќе биде поставена на врвот на планините и ќе се возвиси над ридовите, ќе појадат кон неа сите народи“.

Секако монументалните настани што ќе се случат во следните десет години се манифестација на исполнувањето на ова пророштво на Исаија.

Храмот Солт Лејк.

Земете ги во предвид досега невидениот број на часови предвидени за обиколка на храмовите и нивното посветување кои се планира да се одржат во текот на следната деценија, невидениот потенцијал од 164 храмови и уште повеќе. Замислете како десетици милиони од вас и вашите пријатели влегуваат во Господовиот дом. Симболично централниот настан ќе биде повторното осветување на Храмот Солт Лејк Сити и сите активности поврзани со овој настан. Ова секако ќе бидат денови што никогаш нема да се заборават.

Организација на Црквата.

2030 година ќе донесе можности за одбележување на двестогодишнината од организирање на Црквата. Иако е прерано да се каже како Црквата ќе ја одбележи оваа пресвртница, таа секако ќе ни овозможи да ги поканиме нашите семејства, пријателите, колегите, истакнатите гости да „дојдат и да видат“ и подобро да го разберат моќното влијание што Црквата го има во животите на нејзините верници.

2002 Зимски Олимписки во Солт Лејк Сити.

Во 2034 илјадници достоинственици, посетители, и атлети од целиот свет ќе ги преплават улиците на Солт Лејк Сити, и стадионите за Зимските Олимписки Игри. Можеби не постои поголема демонстрација на светско единство од онаа олицетворена во олимписките игри. Очите на светот ќе бидат вперени во Црквата и нејзините членови, дозволувајќи бројни можности за волонтирање, служење, споделување среќни вести преку добри дела—настан кој никогаш нема да биде заборавен.

Моментите што престојат сигурно ќе им овозможат поголеми можности на членовите на Црквата насекаде да ја споделат добрата вест од евангелието на Исус Христос со зборови и дела, деценија што Никогаш Нема да се заборават.

Добра Вест

На еден состанок само неколку недели пред неговиот роденден, Претседателот Нелсон ја сподели причината поради која го цени овој израз „добри вести-благовест“. Очигледно, бележи тој, од изразот одекнува радост и среќа. Но „добри вести“ значи многу повеќе од само радост и среќа. Тој објасни дека овој израз потекнува од грчкиот збор euangelion, што буквално значи „добри вести“ или „евангелието“. Среќата и радоста во овој и во следниот живот се секогаш поврзани со евангелието на Исус Христос. На овој начин изразот „добри вести“ го доловува ова двојно значење на прекрасен начин.

„Мажите [и жените] се, за да може да се радуваат“. Небесниот Отец обезбеди план за среќа што ја прави радоста возможна преку Неговите благослови. Овие вклучуваат живеење во негово присуство вечно како семејства. Помирувањето на Исус Христос е во центарот на Божјиот план што треба да не искупи. За да добиеме вечен живот, ние мора да дојдеме кај Христос. Кога доаѓаме „и им помагаме на другите да го направат истото, учествуваме во Божјото дело за спасение и егзалтација“.

Оваа порака за добрите вести од евангелието на Исус Христос е најважната порака на земјата. И токму тука влегуваат младите и повозрасните млади лица од Црквата.

За Силата на Младите

Сега, додека претстојната деценија може да биде исполнета со денови што никогаш нема да се заборават за секој член на Црквата, ова особено ќе биде вистина за вас од генерација што расте. Вие сте тука на земјата сега бидејќи сте избрани да бидете тука сега. Ја имате силата и способност да бидете следбеници на Христос на досега невиден начин.

Претседателот Џорџ К. Кенон поучуваше, „Бог обезбеди Духови за оваа евангелска епоха кои имаат храброст и одлучност да се соочат со светот и сите сили на злобата, [и да] … без страв од сите последици да го изградат Сион на нашиот Бог“.

Затоа, сакам да ви зборувам вам на генерацијата која расте, да ве повикам да замислите колку е возбудлива следната деценија, онаа што никогаш нема да се заборави, може да биде за вас. Јас исто така нудам неколку едноставни зборови како совет и охрабрување што можат да ве зајакнат во текот на претстојната деценија.

Како и многумина од вас, и јас имам паметен телефон што, одвреме навреме и без никаква причина, составува серија фотограии кои покажуваат што сум правел во одреден ден. Секогаш сум изненаден кога гледам колку многу работите се променија за мене и моето семејство за само неколку години.

Направените фотографии од вашиот телефон ќе ви послужат во наредноите 10 години! Можеби ќе се видите како матурирате или дипломирате, како го добивате вашето обдарување, одите на мисија, стапувате во брак, ви се раѓа вашето прво дете. За вас лично, ова ќе биде деценија што никогаш нема да се заборави. Но ова ќе биде уште поточно доколку активно се обидувате да станете светлина на светот и да покажете како добрата вест за евангелието на Исус Христос може да ги збогати и подобри не само вашите, туку и животите на вашата фамилија, пријателите и следбениците на социјалните мрежи.

Можеби се прашувате како да се направи ова.

Божјите пророци не поучија дека ова се прави преку четири едноставни активности, наведени како божествено назначени одговорности: прво, да се живее евангелието на Исус Христос; второ, да се води грижа за оние кои имаат потреба од тоа; трето, да се поканат сите да го примат евангелието; и четврто, да се обединат семејствата за вечноста. Впечатливо е што секоја од овие четири може да се изврши на најнормален и најприроден можен начин.

Божествено Назначени Одговорности

Ви ветувам дека ова ќе биде деценија што никогаш нема да се заборави за вас доколку ги прифатите овие четири божествено назначени одговорности. Ајде да размислиме што ова може да значи.

Четири Божествено Назначени Одговорности.
Млади жени се молат.

Прво, да се живее евангелието на Исус Христос Да се проучуваат зборовите на пророците, да се учи да се сака вашиот Небесен Отец Наклонете ги срцата кон Него и настојувајте да чекорите по Неговиот пат. Дозволете се да бидете возвишени од „довербата во заветот“ опишана од Старешина Соарес. Оваа доверба доаѓа од заветувањата дека ќе го следите Исус Христос, знаејќи дека Спасителот за возврат ќе ве зајакне и поддржи.

Нека вашите пријатели ја видат радоста што ја чувствувате живеејќи го евангелието, и ќе бидете најдобрата евангелска порака што тие ќе ја добијат.

Второ, посегнете сочувствително за да се грижите за оние кои имаат потреба. Вашата генерација е особено внимателна кон помалку среќните. Секогаш кога ќе се случи катастрофа и членовите на Црквата брзаат да помогнат во расчитување на остатоците и да ги утешат погодените, се чини дека мнозинството од оние кои носат маички „ Helping Hands”се тинејџери и млади луѓе на дваесет години. Во ваша природа е да „си ги носите товарите еден на друг” и „да ги тешите оние на кои им е потребна утеха”. Постапувајќи на овој начин „ќе го извршувате Христовиот закон“.

Деца собираат џем за оние кои имаат потреба.

Еван, младо момче од основно, решило да го помине својот летен одмор собирајќи залихи за сендвичи со путер од кикиритки и желе за да ги донира во локалната банка за храна. Го пронашло проектот на веб страната на JustServe. Младиот Еван го ангажирал целиот свој клас да помогнат да се соберат над 700 тегли желе! Ставете им до знаење на луѓето на кои им служите дека вашата грижа за нив е вкоренета во љубовта што ја чувствувате кон Бога и и вашата желба да се однесувате кон ближниот како кон себе.

Мисионери во Бразил

Трето, повикајте ги сите да го примат евангелието. Оваа година отворивме 36 нови мисии ширум светот за им посакаме добредојде на сите кои сакаат да служат полновремена мисија. Во ера кога општо многу млади луѓе избираат целосно да се повлечат од формалните верски активности, ова е извонредно и зборува за величествената природа на вашите сведоштва. Без разлика дали служите полно време или не, сфатете ја вашата огромна способност да влијаете на вашите врсници додека ги сакате, им споделувате и ги поканувате да го истражуваат евангелието на Исус Христос.

Млади во Храмот Престон, Англија

Четврто, обединете ги семејствата за вечноста. Кога ги посетувам храмовите ширум светот, се восхитувам на толпата млади луѓе кои чекаат во крстилницата и сé поголемиот број на повозрасни млади кои служат како храмски обредни работници. Неодамна група од над 600 млади од Шкотска и Ирска отпатува во Храмот Престон, Англија каде извршија повеќе од 4000 обреди, многу од нив беа личности кои се нивни починати претци! Ве повикувам да се вклучите во работењето на семејната историја, да поминувате време во храмот, и внимателно да се подготвите да бидете маж или жена подготвени да се венчаат со поеднакво достоен храмски придружник. Развијте модел во вашиот живот сега за храмот да стане редовен дел од вашиот живот.

Заклучок

Почитувани браќа и сестри, мои млади пријатели, веројатно ќе има тешкотии за секој од нас во деновите што претстојат. Меѓутоа, кога влегуваме во деценијата на несекојдневни моменти, ајде да ги споделиме добите вести преку едноставни активности на живеење, грижа, повикување и обединување. Кога го правиме тоа, Господ ќе не благослови со настани што никогаш нема да се заборават.

Јас сведочам дека оние кои му пристапуваат на Господ со искрено срце и вистинска намера, оние кои го имаат името на Спасителот на нивните усни и Светиот Дух во нивните души, оние кои се впуштаат во ова величествено и славно патување, ќе откријат и ќе доживеат изобилство небесни благослови и ќе примат сведоштво дека Бог ве слуша, ве познава и ве сака. Ќе доживеете денови што не треба да се заборават. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Учењата и Заветите 27:8, 12–13.

  2. Joseph Smith—History 1:71, белешка.

  3. Види Theo Burman, “World’s Oldest Religious Leader Turns 100,” Newsweek, Sept. 9, 2024, newsweek.com.

  4. Ruth Graham, “The Leader of the Mormon Church Turns 100,” New York Times, Sept. 9, 2024, nytimes.com. Написот на „Associated Press“ го цитира водачот наБожественото Училишта Дјук Јуниверсити кој вели, „Годините, мудроста и духовното овластување одат рака под рака“ (Hannah Schoenbaum and Deepa Bharath, “The Mormon church’s oldest-ever president has turned 100,” apnews.com, Sept. 2024, 2024).

  5. Исаија 2:2.

  6. Јован 1:46.

  7. Види James Strong, The New Strong’s Exhaustive Concordance of the Bible (1984), Greek dictionary section, entry 2098.

  8. 2 Нефи 2:25.

  9. Општ Прирачник: Служење во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни, 1.2, Евангелска Библиотека.

  10. Gospel Truth: Discourses and Writings of President George Q. Cannon, sel. Jerreld L. Newquist (1957), 1:21.

  11. Види Општ Прирачник, 1.2, Евангелска Библиотека.

  12. Види Ulisses Soares, “Covenant Confidence through Jesus Christ,” Liahona, May 2024, 17–21.

  13. Мосија 18:8, 9.

  14. Галатјаните 6:2.

  15. Види Jessica Lawrence, “Finding Joy in Donating Jelly,” Church News, June 18, 2023, thechurchnews.com.

  16. Види Матеј 22:37–40.

  17. Види Melina Myers, “Scottish and Irish Youth Perform over 4,000 Ordinances in the Preston England Temple,” Church News, June 13, 2024, thechurchnews.com.