Генерална Конференција
Врзани со Исус Христос: Станете Солта на Земјата
Oктомври 2024 Генерална Конференција


10:49

Врзани со Исус Христос: Станете Солта на Земјата

Кога остануваме сврзани со Господа, нашите животи природно ќе ја рефлектираат Неговата светлина, и ние ќе станеме „солта на земјата“.

Спасителот поучувал дека кога ние сме „повикани со [Неговото] вечно евангелие, и заветени со вечен завет, [нас] нé сметаат за солта на земјата“. Солта е направена од два елементи споени заедно Не можеме сами да бидеме сол по сопствена волја; ние мора да се сврземе со Господ, и тоа е она што јас го гледам кога се мешам со членовите на Црквата ширум светот—гледам верни членови на Црквата врзани со Господ, посветени во нивните напори да им служат на другите и да бидат солта на земјата.

Вашата непоколеблива посветеност е светол пример. Вашата служба е ценета и многу значајна.

Нашата младина покажа извонредна храброст и посветеност. Тие со ентузијазам го прифатија работењето на семејната историја, а нивните чести посети во Господовиот дом се сведоштво за нивната посветеност. Нивната подготвеност да посветат време и енергија за да служат во мисиите низ целиот свет е одраз на длабока и трајна вера. Не само што учествуваат, туку и го предводат начинот како да станат ученици врзани со Исус Христос. Нивната служба зрачи светлина и надеж, допирајќи безброј животи. За вас, младите од Црквата, изразуваме искрена благодарност за вашата инспиративна служба. Вие не сте само иднината на Црквата туку и нејзината сегашност. А вие ста навистина солта на земјата!

Го сакам Господ Исус Христос и се чувствувам благословен од можноста да служам заедно со вас во Господовата Црква. Нашето единство и сила, втемелени во нашата заедничка вера, нé уверуваат дека ние никогаш не сме сами на ова патување. Заедно, можеме да продолжиме да го градиме Божјето царство вкоренето во службата, љубовта и непоколебливата вера.

Кога Исус Христос поучуваше покрај Галилејското Море, Тој често користеше секојдневни елементи познати на Неговата публика да ги пренесат длабоките духовни вистини. Еден ваков елемент беше солта. Исус изјави, „[Вие] сте солта на земјата”, изјава од големо значење и важност, особено за народот од Негово време, кој ја разбира многустраната вредност на солта.

Древниот занает за собирање сол во Алгарве, јужниот регион на мојата татковина Португалија, потекнува уште од пред илјада години од времето на Римската Империја. Впечатливо е, што методите што работниците ги користеле за собирање сол, познати како марнотос, оттогаш многу малку се промениле. Овие посветени занаетчии користат традиционални техники, извршувајќи ја својата работа целосно рачно, одржувајќи ја на тој начин традицијата што трае со векови.

Овој древен метод овозможува да се собере она што се нарекува „солен цвет“. За целосно да се процени сложениот процес на берење на солениот цвет, од суштинско значење е да се разбере животната средина во која тој се произведува. Крајбрежните солени мочуришта на Алграве обезбедуваат идеални услови за производство на сол. Морската вода се пренасочува во плитки езерца, познати како солени базени, каде се остава на јако сонце да испари. Како што испарува водата, солениот цвет формира нежни кристали на површината на соленото езерце. Овие кристали се неверојатно чисти и имаат уникатна, крцкава текстура. Марнотос внимателно извлекува кристали од површината на водата со помош на специјализирана алатка, процес кој бара голема вештина и прецизност. Во Португалија, оваа сол со висок квалитет се нарекува „солен крем“ затоа што може да биде нежно отстранета од поврзшината како кајмак што се издвојува на површината на млекото. Оваа вкусна сол е ценета поради нејзината чистота и исклучителен вкус, што ја прави ценета состојка во кулинарството.

Исто како што марнотос -ите вложуваат огромни напори за да се погрижат да соберат најквалитетна сол, така треба и ние, како Господовиот заветен народ, секогаш да даваме сé од себе за нашата љубов и пример да бидат, колку што е можно, чист одраз на нашиот Спасител, Исус Христос

Во древниот свет, солта била повеќе од зачин—тоа било основно средство за конзервирање и симбол на чистота и завет. Луѓето знаеле дека солта била основно средство за конзервирање храна и подобрување на вкусот Тие исто така ги разбирале сериозните последици од губење на соленоста или вкусот на солта поради нејзина контаминација или разводнување.

Како што солта може да ја изгуби својата суштина, така и ние можеме да ја изгубиме нашата духовна виталност ако нашата вера во Исус Христос стане површна. Можеби изгледаме исто однадвор, но без силна внатрешна вера, ја губиме нашата способност да го промениме светот и да го извлечеме најдобото од оние околу нас.

Значи, како можеме да ја насочиме нашата енергија и напори за да направиме разлика и да бидеме промената што му е потребна на светот денес? Како можеме да го сочуваме учеништвото и да продолжиме да имаме позитивно влијание врз другите?

Зборовите на нашиот сакан пророк сé уште одекнуваат во моите мисли: „Бог сака ние да работиме заедно и да си помагаме едни на други. Затоа Тој нé испрати на земјата во семејства и нé организираше во оддели и колови. Затоа Тој побара од нас да служиме и да се грижиме едни за други. Затоа Тој побара од нас да живееме во светот но не и да бидеме од светот”.

Кога нашите животи се исполнети со смисла и служење, ја избегнуваме духовната апатија; од друга страна, кога нашите животи се лишени од божествена цел, осмислената служба што е корисна за другите, и светите можности за размислување и навраќање, постепено се задушуваме од нашата сопствена активност и личен интерес, ризикувајќи да го изгубиме нашиот спасител. Антиподот на ова е да продолжиме да бидеме вклучени во службата—искрено да се занимаваме со добри дела, да се подобруваме себе си и општеството во кое живееме.

Почитувани мои браќа и сестри, како благослов имаме сите ние денес да припаѓаме на Црквата на Исус Христос и да имаме можност да служиме во Неговата Црква. Нашите околности можеби да се јавуваат во различни облици, но сите ние можеме да извршиме промени.

Запамтете марнотос, -ите, производителите на сол; користат едноставни алати за собирање на најдобрите кристали, најдобрата сол! И ние можеме да направиме едноставни работи кои, со доследен напор на мали и значајни дела можат да го продлабочат нашето учеништво и посветеност на Исус Христос. Еве четири едноставни но искрени начини на кои можеме да се стремиме да бидеме „сол на земјата“:

  1. Господовиот дом треба секогаш да го одржуваме во фокусот на нашата посветеност. Сега кога храмовите ни се поблиску од кога било порано, да се даде приоритет на редовните служби во Господовиот дом што ќе ни помогне да се фокусираме на најважносто и да продолжиме да ги одржуваме нашите животи осредочени на Христос. Во храмот, го наоѓаме срцето на нашата вера во Исус Христос и душата на нашата посветеност кон Него.

  2. Да бидеме внимателни при нашите обиди да ги зајакнеме другите додека го живееме евангелието заедно. Можеме да ги зајакнеме нашите семејствата преку постојани и добронамерни напори да ги воведеме евангелските принципи во нашите животи и нашите домови.

  3. Да бидеме подготвени да прифатиме повик и да служиме во Црквата. Служењето во нашите локални конгрегации ни овозможува да се поддржуваме едни со други и да растеме заедно. Иако служењето не секогаш е погодно, тоа секогаш наградува

  4. И конечно, да ги користиме дигиталните алатаки за комуникација со цел. Денес, алатките за дигитална комуникација ни дозволуваат да се поврземе како никогаш досега. Како и најголем број од вас, ги користам овие алатаки за да се поврзам со браќата и сестрите во Црквата како и со моето семејство и пријателите. Кога се поврзувам со нив, се чувствувам поблиску до нив; можеме да си служиме едни на други во тешки времиња кога не можеме да бидеме физички присутни. Овие алатаки се несомнено благослов, но тие исто така може да нé одвлечат од длабочината на значајните интеракции и да нé натераат да усвоиме навики кои ни го трошат времето на помалку корисни активности. Стремежот да се биде солта на земјата вклучува многу повеќе од бескрајно прелистување на 16 сантиметарски екран.

Со ставање на Господовиот дом во центарот на нашите животи, свесно зајакнување на другите со живеење според евангелието,, прифаќаме повици за служба, и користиме дигитални алатки со намера, можеме да ја одржиме нашата духовна виталност. Исто како што солта во нејзината најчиста форма има моќ да зајакнува и конзервира, така и нашата вера во Исус Христос е негувана и заштитена преку нашата посветеност кон Христијанската служба и љубов

Кога остануваме сврзани со Господа, нашите животи природно ќе ја рефлектираат Неговата светлина, и ние ќе станеме „солта на земјата“. При овие напори, не само што ги збогатуваме нашите животи туку и ги зајакнуваме семејствата и нашите заедници За да се стремиме да ја одржиме оваа сврзаност со Господ, за никогаш да не го изгубиме нашиот Спасител, и да бидеме малиот кристал на сол што Господ сака да станеме Во името на Исус Христос, амин.