Трагање по Одговори на Духовни Прашања
Нашите искрени евангелски прашања можат да им обебедат на Небесниот Отец и Исус Христос можности што ќе ни помогнат да напредуваме.
Знам дека ова е можеби изненадување, но јас сум доволно возрасна да се сетам дека на училиште нé учеа дека има девет планети во нашиот соларен систем. Една од овие планети, Плутон, го добила името по Венециа Барни 11 годишно девојче од Оксфорд, Англија, по нејзиното откривање во 1930 год. Сé до 1992 год., Плутон се сметала за најоддалечената планета во нашиот соларен систем. Во тоа време, вообичаено беше да се најдат постери со модели од нашето планетарно соседство во училниците и саемите за наука, на секој од нив Плутон е позициониран на позната граница. Многу научници веруваа дека надворешниот Сочев систем надвор од оваа граница, се состои од празен простор.
Сепак, во научната заедница опстојуваше долгогодишно прашање во врска со потеклото на одреден тип на комета што астрономите редовно ја следеа. И ова прашање опстојуваше со децении пред откривањето на уште еден далечен регион од нашиот Сончев систем. Со ограниченото знаење што го имаа, научниците го искористиле периодот помеѓу овие два настани за да произведат значителен технолошки напредок што ќе овозможи понатамошно проучување и истражување. Нивниот евентуален пробив ја промени нашата планетарна зона, што резултираше со премстување на Плутон во овој нов регион на вселената и нашиот сончев систем сега се состои од осум планети.
Еден од водечките планетарни научници и главен истражувач на вселенската мисија „New Horizons“ добил задача да го истражува Плутон одблиску и го кажа ова во врска со неговото истражувачко искуство: „Мислевме дека ја разбираме географијата на нашиот соларен систем. Не ја разбравме. Мислевме дека ја разбираме населеноста на планетите во нашиот соларен систем. И згрешивме”.
Она што ми остави впечаток за овој период од историјата на вселенското истражување се некои клучни паралели и разлики помеѓу метафоричната потрага за проширување на научните хоризонти и патувањето кое ние, Божјите чеда, го преземаме за да бараме одговори за нашите духовни прашања. Поточно, како можеме да одговориме на ограничувањата на нешето духовно рабирање и да се подготвиме за следната фаза на личен раст—и каде можеме да се обратиме за помош.
Ред по ред
Поставувањето прашања и барањето значење се природен и нормален дел од нашето смртно искуство. Понекогаш, немањето на целосни одговори може да нé доведе до границите на нашето разбирање а тие граници се чинат фрустрирачки и поразителни. Чудесно, планот за среќа на Небесниот Отец за сите нас е создаден да ни помогне да напредуваме и покрај нашите ограничувања и да го постигнеме она што не би можеле сами, дури и да немаме целосно знаење за сé. Божјиот план е милозлив кон ограничувањата на човештвото; ни го дава нашиот Спасител, Исус Христос, да биде нашиот Добар Овчар; и нé инспирира да го искористиме нашето право на слобода на избор за да го избереме Него.
Старешина Дитер Ф. Ухдорф поучува дека „Да се поставуваат прашања не е знак на слабост“, туку „предвесник на растот“. Зборувајќи директно за нашите лични напори како трагачи по вистината, нашиот пророк, Претседателот Нелсон, поучуваше дека мора да имаме „длабок копнеж“ и „да бараме со искрено срце [и] вистинска намера, имајќи верба во [Исус] Христос“. Тој понатаму поучува дека „‘вистинска намера’ значи дека поединецот навистина има намера да ја следи дадената божествена насока“.
Нашиот личен обид да растеме во мудрост може да нé наведе да ги провериме нашите прашања, комплексни или едноставни, низ призмата на причината и последицата, барајќи наоѓајќи и препознавајќи модели а потоа формирајќи наративи за да се оформи нашето разбирање и пополнат воочените празнини во знаењето. Кога ја разгледуваме нашата потрага по духовно знаење, овие промислени процеси понекогаш можат да бидат корисни, но сами по себе може да бидат нецелосни додека се обидуваме да ги согледаме оние работи кои се однесуваат на Небесниот Отец и нашиот Спасител, Исус Христос, Нивното евангелие, Нивната Црква и Нивниот план за сите нас.
Начинот на кој Бог Отецот и Неговиот Син ја пренесуваат нивната мудрост на нас му дава приоритет на повикувањето на Моќта на Светиот Дух да биде нашиот личен поучувач кога го фокусираме Исус Христос во нашите животи и во нашата верна потрага по Нивните одговори и Нивното значење. Тие нé повикуваат да ја откриеме вистината посветувајќи време за проучување на светите писма и за да ја бараме откриената вистина за времето во кое живееме, дадена од современите пророци и апостоли. Небесниот Отец и Исус Христос искрено нé, преколнуваат редовно да одвојуваме време за служење во Господовиот дом и да клечиме на колена додека се молиме „за пристап до информации од небесата“ Исусовото ветување до присутните дека ќе ја чујат Неговата Проповед на Гората, за нас денес е исто толку вистинито како и за време на Неговата земна служба: „Посакајте и ќе ви се деде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“. Нашиот Спасител нé уверува дека „вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат“.
Методот на учење на Спасителот е „ред по ред, заповед по заповед“. Можеби од нас се бара да „се надеваме на Господа“ во јазот помеѓу нашето сегашно разбирање и она што допрва треба да се испорача. Овој свет простор може да биде местото каде што може да се случи нашето најголемо духовно условување—местото каде ние можеме „да ги поднесуваме со трпение“ нашето искрено барање да ја обновиме нашата сила да продолжиме да ги исполнуваме светите ветувања што сме ги склучиле со Бога преку завет.
Нашиот заветен однос со Небесниот Отец и Исус Христос го најавуваат статусот на жителство што ќе надвладее во Божјето царство. За нашиот престој таму потребно е да го усогласиме нашиот живот со божествените принципи и да вложиме напор за духовен раст.
Послушност
Еден од клучните принципи што се проучува во Книгата на Мормон е кога Божјите чеда избираат да бидат послушни и да ги почитуваат своите завети, и постојано да добиваат духовно водство и насока. Господ ни кажа дека преку нашата послушност и трудољубивост, можеме да стекнеме знаење и интелегенција. Божјите закони и заповеди не се создадени за да бидат пречка во нашиот живот туку моќна порта кон лично откровение и духовно образование. Претседателот Нелсон нé поучува за клучната вистина дека „Божјото откровение е секогаш во согласност со Неговиот вечен закон“ и уште дека „тоа никогаш не е во спротивност со Неговата доктрина“. Вашата доброволна послушност кон Божјите заповеди, дури и ако немате целосно познавање за Неговите причини, ве става во друштво на Неговите пророци. Мојсеј 5 нé учи на посебна интеракција помеѓу Адам и Господовиот ангел.
Откако Господ им дал на Адам и Ева „заповед да му се восхитуваат на Господ нивниот Бог, и да му го принесат првороденчето од нивното стадо, како дар за Господа“, светите писма велат дека „Адам беше послушен кон Господовите заповеди” Продолжуваме да читаме дека „по многу денови Господов ангел се појави пред Адам, велејќи; Зошто принесуваш жртви на Господа? А Адам му рече: Не знам, зошто Господ така ми заповеда.”
Адамовата послушност го надмина неговото разбирање и го подготви да го добие светото знаење дека тој учествува во свет симбол на Помирувањето на Исус Христос. Нашата скромна послушност, исто така ќе го отвори патот за нашата духовна проникливост на Божјите патишта и Неговата божествена намера за секој од нас. Посегањето за подигање на нашата покорност нé приближува до нашиот Спасител, Исус Христос, зашто покорноста кон Неговите закони и заповеди ефективно посегнува кон Него.
Уште повеќе, нашата верност кон знаењето и мудроста што ние ја имаме веќе наследено преку нашето верно придружување кон евангелските принципи и светите заповеди е значајна подготовка за нашата подготвеност да добиваме и да бидеме управители со комуникациите од Светиот Дух
Небесниот Отец и Исус Христос се изворот на целата вистина и слободно ја споделуваат Својата вистина. Исто така, разбирањето дека немаме независно лично знаење за Бог може исто така да ни помогне да знаеме на кого да се обратиме и на кого пред сé да му веруваме.
Длабока доверба
Записот од Стариот Завет за Неемија, војсководец кој бил исцелен од лепра од пророкот Елисеј, е еден од моите омилени. Приказната илустрира како цврстата вера на „малото девојче“ го смени текот на животот на еден човек, а за сите верници, ја откри можноста да посегнат по Божјата милост кога ја полагаат својата доверба во Него и во Неговиот пророк. Иако безимено, и ова мало девојче помогнало да се унапреди нашето разбирање. Нееминото верување во нејзиното сведоштво го инспирирало да ја преземе неговата молба за исцелување до избраните Божји слуги.
Нееминиот одговор до упатствата дадени од пророкот Елисеј да се измие во реката Јордан на почетокот биле скептични и вознамирувачки. Но повикот упатен од пророкот и неговиот совет тој да биде послушен му отвориле пат за исцеление и добивање сознание дека Бог постои.
Можеби ќе откриеме дека некои од нашите духовни барања имаат разумно забележливи одговори и не ни создаваат значителна непријатност. Или, исто како и Неемија, можеби ќе откриеме дека други потреби се поинтересни и можат да створат потешки и покомплексни чувства за нас. Или, слично на описот на астронаутот во врска со Сончевиот систем, во нашата потрага по духовна вистина, може да добиеме помалку точни интерпретации ако се ослониме исклучиво на нашето сопствено ограничено разбирање, што е тажна и несакана последица која може да нé оддалечи од заветениот пат. Уште повеќе, некои прашања може да опстојат сé додека Бог, која „ја има сета моќ“ и „сета мудрост, и сето разбирање“ кој „разбира се“ во Неговата милост, обезбедува просветлување преку нашето верување во Негово име.
Едно значајно предупредување од записот на Неемија е дека пружањето отпор кон Божјите закони и заповеди може да го пролонгира или одложи нашиот раст. Благословени сме што го имаме Исус Христос како Главен Исцелител. Нашата покорност кон Божјите закони и заповеди може да го отвори патот за нашиот Спасител да го даде разбирањето и исцелувањето што Тој знае дека ни е потребно, според од Неговиот пропишан план за наше исцелување.
Старешина Ричард Г. Скот поучува дека „овој живот е искуство на длабока доверба—доверба во Исус Христос, доверба во Неговите учења, доверба во нашата способност кога сме водени од Светиот Дух, да им се покоруваме на овие учења за сегашна среќа и за осмислено, крајно среќно вечо постоење Да се верува значи доброволно да се покорува без да се знае крајот уште на почетокот (види Поговорки. 3:5–7). За да се произведе плод, вашата верба во Господ мора да биде помоќна и поистрајна отколку што е тоа вашата доверба во сопствените чувства и искуство“.
Старешина Скот продолжува:„Да се практикува вера е да се верува дека Господ знае што прави со вас и дека Тој може да го постигне тоа за ваше трајно добро, иако не можете да разберете како Тој е можно да го постигне тоа“.
Сведоштво за Затворање
Почитувани пријатели, јас сведочам дека нашите искрени евангелски прашања можат да му обезбедат на Небесниот Отец и на Исус Христос можности што ќе ни помогнат да растеме. Мојот личен напор да побарам одговори од Господ за моите сопствени духовни прашања—минати и сегашни—ми дозволи да го користам просторот помеѓу редовите на моето разбирање и Божјето за да практикувам покорност кон Него и верност кон духовното знаење што во моментот го поседувам.
Јас сведочам дека полагањето на вашата доверба во Небесниот Отец и Неговите испратени пророци ќе ви помогне духовно да ве воздигне и да ве турне кон проширениот Божји хоризонт. Вашиот поглед кон нештата ќе се промени бидејќи вие се менувате. Бог знае дека колку сте повисоко, толку подалеку ќе гледате. Нашиот Спасител ве кани да го направите тоа искачување. Во името на Исус Христос, амин.