Генерална Конференција
Да му веруваме на нашиот Отец
Oктомври 2024 Генерална Конференција


10:20

Да му веруваме на нашиот Отец

Бог ни верува да донесуваме многу важни одлуки и во сите работи, Тој бара од нас да му веруваме.

На 1 јуни 1843 год., Адисон Прат замина од Науву, Илиноис, за да го проповеда евангелието на Хавајските Острови, оставајќи ја својата сопруга, Луиза Барнс Прат, да се грижи за помладите од семејството.

Во Науву, како што се засилуваа прогоните, принудувајќи ги Светците да заминат, а подоцна во Зимските кампови додека се подготвуваа да мигрираат во Долината на Соленото Езеро, Луиза се соочи со одлуката дали да го направи патувањето. Би било полесно да остане и да чека да се врати Адисон отколку да патува сама.

И во двата наврати, таа побара насока од пророкот Бригам Јанг, кој ја охрабруваше да замине. И покрај големите тешкотии и нејзината лична неподготвеност, таа секогаш успевала даотпатува.

На почетокот, Луиза не уживала во патувањето. Меѓутоа, наскоро таа почнала да ги поздравува зелените прериски треви, шарените диви цвеќиња и парчињата земја покрај речните брегови. “Мракот во мојот ум постепено исчезна,“ запиша таа, „и немаше повесела жена во целата дружина.”

Приказната на Луиза длабоко ме инспирираше. Се восхитував на нејзината подготвеност да ги остави настрана своето лично мислење, на нејзината способност да му верува на Бог и на тоа како практикувањето вера ѝ помогна да ја види ситуацијата поинаку.

Таа ме потсети дека имаме сакан Отец на Небесата кој се грижи за нас каде и да сме и дека можеме да му веруваме повеќе од било кој или било што друго.

Изворот на Вистината

Бог ни верува да донесуваме многу важни одлуки и во сите работи, Тој бара од нас да му веруваме. Ова е особено тешко кога нашата проценка, или јавното мислење, се разликува од Неговата волја за Неговите деца.

Некои предлагаат дека треба да ги прецртаме линиите помеѓу тоа што е правилно и што е погрешно, бидејќи велат дека вистината е релативна, реалноста е самоопределена, или Бог е толку великодушен што всушност не му е грижа што правиме.

Додека се стремиме да го разбереме и прифатиме Божјата волја, корисно е да се сетиме дека границите помеѓу правилното и погрешното не се за нас да ги дефинираме. Бог ги воспоставил овие граници Сам, врз основа на вечни вистини за наша корист и благослов.

Желбата да се промени Божјата вечна вистина има долга историја. Тоа започна пред создавањето на светот, кога Сатаната се побуни против Божјиот план, себично барајќи да ја уништи слобода на избор на човекот. Следејќи ја оваа шема, луѓето како Шерем, Нехор и Кориор тврделе дека верата е глупост, откровението е неважно, и дека што и да сакаме да направиме е правилно. За жал, многу често, овие отстапувања од Божјата вистина довеле до голема тага.

Иако некои работи можат да зависат од контекстот, не сè зависи од него. Претседателот Расел М. Нелсон постојано учи дека Божјите спасителни вистини се апсолутни, независни и дефинирани од самиот Бог.

Нашиот избор

Една од најважните одлуки во животот е изборот кому да му ја довериме довербата. Царот Бенјамин го поучи својот народ: “Верувајте во Бог; верувајте дека Тој е, верувајте дека Тој ја има сета мудрост, верувајте дека човек не може да сфати сѐ што Господ може да сфати.”

За среќа, ги имаме светите писма и водството од живите пророци за да ни помогнат да ја разбереме Божјата вистина. Ако е потребно појаснување над она што го имаме, Бог го обезбедува тоа преку Своите пророци. И Тој ќе одговори на нашите искрени молитви преку Светиот Дух кога настојувамеда ги разбереме вистините кои сè уште наполно не ги цениме.

Старешина Нил Л. Андерсен еднаш поучил дека не треба да бидеме изненадени „ако понекогаш нашите лични ставови не се првично во согласност со учењата на Господовиот пророк. Ова се моменти на учење,“ рече тој, „на понизност, кога се спуштаме на колена во молитва. Одиме напред со вера, верувајќи во Бог, знаејќи дека со време ќе добиеме поголема духовна јасност од нашиот Небесен Отец.“

Во секое време, корисно е да се сетиме на учењето на Алма дека Бог го дава Своето слово според вниманието и напорот што го вложуваме во него. Ако внимаваме на Божјото слово, ќе добиеме повеќе; ако го игнорираме Неговиот совет, ќе добиваме сè помалку и помалку додека не останеме без ништо. Оваа загуба на знаење не значи дека вистината беше погрешна; напротив, покажува дека ја изгубивме способноста да ја разбереме.

Погледнете кон Спасителот

Во Капернаум, Спасителот поучуваше за Својот идентитет и мисија. На многумина им беше тешко да ги разберат Неговите зборови , што ги натера да му го свртат грбот и „и не одеа веќе со Него“.

Зошто си заминаа?

Бидејќи не им се допадна тоа што Тој го кажа. Така, според нивно сопствено расудување, тие си заминале, одбивајќи гид благословите што ќе ги добиеја ако останеа.

Лесно е нашата гордост да застане помеѓу нас и вечната вистина. Кога не разбираме, можеме да паузираме, да ги смириме нашите чувства, и потоа да одлучиме како да реагираме. Спасителот нè поттикна да “гледајте кон Мене во секоја мисла; не сомневајте се, не плашете се.” Кога се фокусираме на Спасителот, нашата вера може да почне да ги надминува нашите грижи.

Како што нè охрабри Старешина Дитер Ф. Ухтдорф, „Ве молам, прво посомневајте се во вашите сомнежи пред да се посомневате во вашата вера“. Никогаш не смееме да дозволиме сомнежот да нè држи затвореници и да нè оддалечи од божествената љубов, мир и дарови кои доаѓаат преку верата во Господ Исус Христос.“

Благословите доаѓаат до оние Кои остануваат

Кога учениците си заминаа од Спасителот тој ден, Тој тогаш ги праша Дванаесетте: „Дали и вие ќе си одите?“

Петар одговори:

„Господи, кај кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за вечен живот,

„и ние поверувавме и познавме дека си Божјиот Светител, Христос, Син на живиот Бог.“

Апостолите живееја во истиот свет и се соочуваа со истите социјални притисоци како и учениците кои се откажаа. Сепак, во овој момент, тие ја избраа својата вера и му веруваа на Бог, со што ги зачуваа благословите што Бог ги дава на оние кои остануваат.

Можеби и вие, како и јас, понекогаш се двоумите за оваа одлука. Кога ни е тешко да го разбереме или да ја прифатиме Божјата волја, утешно е да се сетиме дека Тој не сака такви какви што сме, каде и да сме. И Тој има нешто подобро за нас. Ако му се обратиме, Тој ќе ни помогне.

Иако е тешко да му се обратиме, како што Спасителот му рече на таткото кој бараше исцеление за својот син, „Сè е можно за оној што верува.“ Во нашите моменти на борба, и ние можеме да извикаме, „Помогни ми во моето неверување.“

Потчинување на нашата волја на Неговата

Старешина Нил А. Максвел еднаш поучи дека „поднесувањето на сопствената волја е навистина единствената лична работа што ја имаме да ја поставиме на Божјиот олтар.“ Не е чудо што кралот Бенџамин толку многу сакаше неговиот народ да стане „како дете, покорно, кротко, смирено, трпеливо, полно со љубов, подготвено да се покори на сè што Господ смета дека треба да му нанесе, исто како што детето се покорува на својот татко.“

Како и секогаш, Спасителот ни даде совршен пример. Со тешко срце, и знаејќи ја болната работа што Тој требаше да ја направи, Тој се покори на волјата на Својот Отец, исполнувајќи ја Својата месијанска мисија и за тебе и за мене го отвори ветувањето за вечност“.

Изборот да ја потчиниме нашата волја на Божјата е чин на вера што лежи во срцето на нашето учеништво. Правејќи го овој избор откриваме дека нашата слобода на избор не е намалена; напротив, таа е зголемена и наградена со присуството на Светиот Дух, кој носи смисла, радост, мир и надеж што не можеме да ги најдеме на друго место.

Пред неколку месеци, претседателот на кол и јас ја посетивме една сестра во неговиот кол и нејзиниот млад возрасен син. По години отсуство од Црквата, скитајќи по тешки и непријателски патишта, таа се врати. За време на нашата посета, ја прашавме зошто се вратила.

„Направив хаос од мојот живот,“ рече таа, „и знаев каде треба да бидам.“

Потоа ја прашав што научила на своето патување.

Со малку емоција, таа сподели дека научила дека треба да оди на црква доволно долго за да ја прекине навиката да не доаѓа и дека треба да остане сé додека не биде сигурна дека тоа е местото каде што сака да биде. Нејзиното враќање не беше лесно, но како што ја практикуваше верата во планот на Отецот, почувствува дека Духот се враќа.

Потоа додаде: „Сама сфатив дека Бог е добар и дека Неговите патишта се подобри од моите.“

Сведочам за Бог, нашиот Вечен Отец, кој не сака; за Неговиот Син, Исус Христос, кој не спаси. Тие ги знаат нашите болки и предизвици. Тие никогаш нема да не напуштат и совршено знаат како да ни помогнат. Можеме да бидеме радосни додека им веруваме повеќе од било кој друг или било што друго. Во светото име на Исус Христос, амин.