Генерална Конференција
Бог ги Сака Сите Негови Деца
Oктомври 2024 Генерална Конференција


9:37

Бог ги Сака Сите Негови Деца

Исус Христос секогаш нè повикува, и Тој нè користи нас, Неговите обични слуги, за да им помогнеме на Неговите деца да дојдат до Него.

Што нашиот Небесен Отец посакува од вас? Дали разбирате дека кога бевте во вашето предсмртно постоење, Небесниот Отец ве подготвуваше за вашиот живот на земјата? Зборувајќи им конкретно на младите, Претседателот Нелсон кажа дека „нашиот Небесен Отец задржал многу од Неговите најблагородни духови—можеби … Неговиот најдобар тим—за оваа финална фаза.“ Зашто бевме резервирани за овие последни денови, круцијално е за нас да научиме да бидеме ученици на Исус Христос.

Господ Исус Христос е Добриот Овчар и го знае Неговото стадо, и стадото го знае неговиот Овчар бидејќи “Тој ги повикува неговите овци по име.“ Тој секогаш не повикува нас, и Тој не употребува, Негови обични слуги, да помогнат да се доведат Неговите деца кај Него.

Пред неодамна, претседателот на колот и јас посетувавме членови на Црквата во едно локално соседство. Откако завршивме со закажаните посети, претседателот на колот ме праша дали може да одиме да посетиме едно семејство. Тој се почувствува импресиониран дека треба да разговараме со нив.

Ние тропнавме на вратата и една сестра отвори. Таа ме погледна, но не знаеше кој бев јас, па таа не изразуваше многу. Јас ја насочив мојата рака кон претседателот на колот, кој ја поздрави неа по име. Штом таа го слушна и виде, таа повторно се радуваше. Стоејќи таму на вратата, тие двајцата се прегрнаа еден со друг и плачеа заедно. Ова постави основа за наша посета. Ние не знаевме дека сестрата беше примала хемотерапија денот претходно. Таа се почувствува премногу слаба да се грижи за нејзиниот возрасен син. Па, јас му помогнав на претседателот на кол да го облече нејзиниот син, и го ставивме во количка. Го нахранивме со храна која друга сестра од одделот ја донесе порано, и помагавме со други задачи. Пред да го напуштиме нивниот дом, можевме да ги благословиме.

Се што се случуваше низ мојот ум за време на оваа посета беше потврда дека Исус Христос ги љуби длабоко. Тој ги разбира нив и лично ја знае болката на нивната уникатна ситуација. Речиси целата посета се случи во тишина. На оваа посета ние не дадовме голема проповед односно не споделивме наши омилени свети писма, туку Господ не благослови со Неговиот Дух изобилно.

Една од најголемите причини што вашиот Небесен Отец ве испрати овде во ова време е за да може да го сватите вашиот цел потенцијал. Проповедај го Моето Евангелие не поучува дека како ученик на Христос, ние треба да избегнуваме да се споредуваме себеси едни со други. Вашите духовни способности се уникатни, лични, и вродени, и вашиот Небесен Отец сака да ви помогне да ги развиете нив. Секогаш ќе постои некој кој може да ви помогне да ја почувствувате љубовта на вашиот Небесен Отец. Вашиот потенцијал е божествен. Додека е секако важно да се подготвите себеси да успеете во овој навистина компетитивен свет, една од вашите круцијални мисии низ вашиот живот е да станете ученик на Исус Христос и да ги следите импресиите на Духот. Додека го правите ова, Бог ќе ве благослови, Тој ќе го благослови вашето моментално односно идно семејство, и Тој ќе ги благослови животите на Неговите деца кои ги среќавате.

Живееме во време на голема можност. Иако се соочуваме со многу тешкотии, знам дека тие се тука делумно за да ни овозможат да им помогнеме на другите да ја почувствуваат љубовта на нашиот Небесен Отец. Претседателот Нелсон изјави: Во деновите што претстојат, ќе бидеме сведоци на најголемите манифестации на Спасителовата моќ што светот некогаш ги видел. Имаме привилегија да се грижиме за луѓето кои имаат потреба од помош, прегратка, чувство на утеха, или едноставно да бидеме со нив во тишина. Ако можеме да им помогнеме да ги олеснат нивните товари, дури иако за момент, тогаш ќе можеме да го видиме големото прикажување на моќта на Спасителот во нивните животи.

Како ученик на Исус Христос, Светци од Подоцнежни Дни може да направат позитивна разлика во светот. Можеме да обезбедиме чувство на радост кое се одразува на нашето лице—радост која ја споделуваме со зборови на љубов и дела на добрина. Да бидеме добри соседи, добри работодавачи, и добри работници. Да се стремиме да бидеме добри Христијани цело време.

Господ го обнови Неговото евангелие со неопходните обреди за децата на Небесниот Отец да може да ги имаат сите ветувања кои не врзуваат со Него. Помагајќи на нашите сестри и браќа во нивните дневни предизвици, да се сетиме да им помогнеме да ги направат и одржат овие свети ветувања со нивниот Небесе Отец за Тој за возврат да може да им вети најбогати благослови за овој живот и за вечност. Овие ветувања се само возможни преку Обновување на евангелието на Исус Христос и Неговите свештенски клучеви.

Со други зборови, можеме да помогнеме на други да останат на заветен пат. Некои од нас застрануваат од патот од време на време, па така мораме да запомниме дека за нашиот Небесен Отец, ние секогаш имаме можност да се вратиме. Дури и ако нашиот пат не е најсовршен, Спасителот секогаш не потсеќа дека „онолку често колку што [се каеме] и [бараме] прошка, со вистинска намера, [ние ќе бидеме] простени.”

Еден од вештините на непријателот денес е да не натера да мислиме и веруваме дека не постои начин да се промениме или дека повеќе нема надеж. Ова уништувачко мислење предизвикува многу од нас да прекинат да се обидуваат. И во овој момент кога љубиме, нашите зборови на охрабрување и поддршка, нашето време, и нашата помош може да дадат некому доволно надеж да се обиде повеќе од еднаш.

Можеби си мислите, „ОК, но кој ме послужува мене?“ Со одење и благословување на животите на нашитре браќа и сестри, ќе собереме сведоштва кои ќе исполнат животи со вера во Господ Исус Христос. Овие сведоштва ќе не освежат да се обидеме повторно самите. Светиот Дух ќе не оживее и помогне со обновени сведоштва да продолжиме со нашите потешкотии и лично испити. Секогаш кога се стремиме да ги благословиме животите на другите, Господ ни покажува милост уште повеќе; Тој нè зајакнува и ни помага во нашите животи.

Ве молам запомнете дека Господ Исус Христос е ваш Спасител и ве разбира лично. Тој знае што значи да се исполни повик и да се остават нешта да се помогне на Божји деца. Тој има моќ да ве благослови во се, ако верувате во него и не се сомневате.

Мои драги браќа и сестри, на тој ден кога свештеничкиот лидер почувствува инспирација да посетиме мајка и син кои не беа на нашата агенда, јас прогласувам дека Бог знаеше дека им требавме. И на крајот, јас бев единственот кој служеше. На тој ден, јас добив една од најголемата лекции од љубовта на Спасителот за сите нас.

Јас сведочам дека Исус Христос е Спасителот на светот, дека Тој живее, дека Тој живееше и умре за вас и мене, дека Тој беше воскреснат за вас и мене за да можеме да аспирираме кон селестијални обединувања исполнето со радост со оние кои се навистина на другата страна на превезот. Јас знам дека Тој не разбира вас и мене совршено. Тој ги разбира сите наши тешки моменти, и Тој има моќ да ни помогне на нас во овие моменти каде што сме најранливи. Знам дека Господ Исус Христос и нашиот Небесен Отец се појави на Џозеф Смит да го обнови евангелието во овие денови. Знам дека нашиот драг пророк, Претседател Расел М. Нелсон, е пророк на Господ, и сведочам за овие работи во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Расел М. Нелсон, “Hope of Israel” (светска молитвена сесија за млади, 3 јуни, 2018), Евангелска Библиотека.

  2. Види Јован 10:2-4.

  3. “Избегнувајте да се споредувате со други мисионери и да ги мерите надворешните резултати на вашите напори со нивните” (Preach My Gospel: A Guide to Sharing the Gospel of Jesus Christ [2023], 13).

  4. Russell M. Nelson, “Overcome the World and Find Rest,” Liahona, Nov. 2022, 95.

  5. Морони 6:8.

  6. Види Алма 56:47; 57:26.