Генерална Конференција
Неговата Рака ни Помогна
Oктомври 2024 Генерална Конференција


10:13

Неговата Рака е Спремна Да Ни Помогне

Кога се обраќаме кон Исус Христос со вера, Тој секогаш ќе биде тука.

Кога бев дете, како семејство одевме на одмор на плажа на брегот на мојата родна земја, Чиле. Бев возбуден да поминам неколку денови уживајќи во летото со моето семејство. Бев исто така возбуден поради мислата дека најпосле би можел да се придружам и да правам тоа што двајцата мои помали браќа го правеа за забава во водата.

Еден ден, моите браќа заминаа да си играат каде што брановите беа воодушевувачки, и јас се осетив голем и доволно зрел да ги следам. Додека се движев кон областа, сфатив дека брановите беа поголеми отколку што изгледаа од брегот. Ненадејно, еден бран набрзина ми се приближи, изненадувајќи ме. Почувствував како моќта на природата беше ме совладала, и бев вовлечен во длабочините на морето. Не можев да гледам или чувствувам било каква точка додека бев фрлан наоколу. Токму како што помислив дека мојата авантура на земјата може да се ближи при крај, почувстував рака која ме повлече кон површината. Конечно, можев да го видам сонцето и да земам здив.

Мојот брат Клаудио ги видел моите обиди да се однесувам како возрасен и дојде да ме спаси. Не бев далеку од брегот. Иако водата беше плитка, бев дезориентиран и не сфатив дека можев сам да си помогнам. Клаудио ми кажа дека требаше да бидам повнимателен и дека ако сакав тој можеше да ме научи. И покрај галоните вода која ја проголтав, мојата гордост и желба да бидам големо момче, беа посилни, и јас реков, „Секако“

Клаудио ми рече дека треба да ги нападнам брановите. Си реков дека сигурно ќе ја изгубам таа битка против она што изгледаше како огромен ѕид од вода.

Додека нов воден бран се приближуваше, Клаудио брзо ми кажа: „Погледни ме; вака се прави тоа.“ Клаудио трчаше кон надоаѓачки бран и се нурна во него пред да се распрсне. Бев толку импресиониран со неговото нурнување што изгубив вид за наредниот надоаѓачки бран. Па, повторно, јас бев испратен во длабочините на морето и фрлен од силите на природата. После неколку секунди, една рака ја дофати мојата, и повторно бев повлечен кон површината и воздухот. Оганот на мојата гордост се гасеше.

Овој пат мојот брат ме покани да нурнам со него. На негова покана, јас го следев него, и нурнавме заедно. Јас осетив како да го освојувам најкомплицираниот предизвик. Секако, не беше толку лесно, но го сторив тоа, заблагодарувајќи се на помошта и пример покажан од мојот брат. Неговата рака ме спаси два пати; неговиот пример ми покажа мене како да се справам со мојот предизвик и да победам тој ден.

Претседател Расел М. Нелсон покани нас да размислиме селестијално, и јас сакам да го следам Неговиот совет и да ја применам мојата летна приказна.

Моќта на Спасителот над Непријателот

Ако размислуваме небесно, ќе разбереме дека во нашите животи ќе се соочиме со предизвици кои изгледаат поголеми од нашата способност да ги надминеме. За време на нашиот смртен живот, ние сме подложни на напади на непријателот. Како брановите кои имаа моќ врз мене тоа лето, можеме да се осетиме немоќни и да се оддадеме на посилна судбина. Тие злокобни бранови може да не носат од страна до страна. Но не заборавајте кој има моќ врз тие бранови, и всушност, врз сите нешта. Тоа е нашиот Спасител, Исус Христос. Тој има моќ да помогне од секоја мизерна состојба или непријателска ситуација. Без разлика дали се осеќаме блиску до Него, Тој може да не доспее каде што сме какви што сме.

Додека посегнуваме кон Него со вера, Тој секогаш ќе биде таму, и во Негово време, Тој ќе биде спремен и подготвен да ги дофати нашите раце и да не повлече на безбедно место.

Спасителот и Неговото Служење Пример

Ако размислуваме селестијално, ние ќе препознаеме Исус Христос како безпрекорен пример на служба. Постои модел во нас во светите писма кога Тој или Неговите ученици посегнуваат до некој на кој му треба помош, спасување, или благослов, додека посегнуваат со нивните раце. Како во мојата приказна, знаев дека мојот брат беше таму, но неговото присуство не беше доволно. Клаудио знаеше дека сум во неволја и дојде да ми помогне да ме извлече од водата.

Понекогаш, мислиме дека само ни треба да бидеме овде за некого, и многу пати, можеме да сториме повеќе. Имајќи вечна перпектива може да ни помогне да примиме откровение да понудиме навремена помош на други на кои им треба. Можеме да се потпреме на водството и инспирацијата на Светиот Дух да распознаеме каква помош е потребна, било да е привремена поддршка како емоционална утеха, храна, помош со дневни задачи, или духовно водство да се помогне на други во нивно патување да се подготви, направи, почести свети завети.

Спасителот е Подготвен да не Спаси.

Кога Петар, постариот Апостол, “чекореше по водата, да оди кај Исус … Тој беше исплашен; започнувајќи да тоне”, тогаш „тој плачеше, велејќи, Господе, спаси ме.“ Исус ја знаеше верата која Петар беше ја практикувал да дојде при Него на водата. Исто беше свесен за стравот на Петар. Според извештајот, Исус „веднаш … Ги испружи Неговите раце, и го фати него,“ велејќи ги следните зборови: „О ти со мала вера, зошто се сомневаш?“ Неговите зборови беа да не го караат Петар туку да го потсетат дека Тој, Месијата, беше со него и учениците.

Ако размислуваме селестијално, ние ќе добиеме потврда во нашите срца дека Исус Христос е навистина наш Спасител, наш Адвокат со Отецот, и нашиот Спасител. Додека практикуваме вера во Него, Тој ќе не спаси од нашата падната состојба, вон наши предизвици, слабости, и потреби во овој привремен живот, и ќе ни даде најголем од сите дарови, кој е вечен живот.

Спасителот Не се Откажува од Нас

Мојот брат не се откажа од мене тој ден туку беше упорен па и јас исто научив како да го правам тоа самиот. Тој беше упорен, дури и ако тоа условуваше да ме спаси двапати. Тој беше упорен дури иако јас тоа на почеток не го сфатив. Тој беше упорен за јас да го надминам тој предизвик и да успеам. Ако размислуваме целестијално, ќе сфатиме дека нашиот Спасител ќе биде тука колку пати е потребно за да ни помогне ако сакаме да учиме, да се промениме, да надминеме, да се справиме или да успееме во сè што ќе донесе вистинска и вечна среќа во нашите животи.

Рацете на Спасителот

Светите писма го овековечуваат симболот и значајноста на рацете на Спасителот. Во Неговата искупителна жртва, Неговите раце беа прободени со клинци за да Го прицврстат на крстот. После Неговото Воскреснување, Тој се појави на Неговите ученици во совршено тело, но лузните на Неговите раце остануваат како потсетник на Неговата бесконечна жртва. Неговата рака секогаш ќе биде за нас, дури и ако не можеме да го видиме или осетиме на почеток, бидејќи Тој беше одбран од нашиот Небесен Отец да биде наш Спасител, Искупител на сето човештво.

Испружената рака на Спасителот

Within Our Grasp, од Џеј Брајант Вард

Спасувачката рака на Спасителот

The Hand of God, од Јонгсунг Ким

Ако рамислувам селестијално, знам дека не сме оствени сами во овој живот. Додека ние мора да се соочуваме со предизвици и испити, нашиот Небесен Отец ги знае нашите способности и знае дека можеме да поднесеме и да надминеме наши потешкотии. Ние мораме да ги правиме нашиот дел и да се завртиме кон Него во вера. Неговиот Возљубен Син, Исус Христос, е наш спасувач и секогаш ќе биде. Во светото име на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Види Russell M. Nelson, “Think Celestial!,” Liahona, Nov. 2023, 118:

    „Кога правите избори, ве поканувам да стекнете вечен поглед на нештата. Поставете го Исус Христос на прво место, зашто вашиот вечен живот зависи од вашата вера во Него и Неговото Помирување.

    „Кога сте соочени со дилема, размислувајте селестијално! Кога ќе бидете истестирани од искушение, размислувајте селестијално! Кога животот или саканите ве изневерат, размислувајте селестијално! Кога некој предвреме почине, размислувајте селестијално. Кога некој долго боледува од разорна болест, размислувајте селестијално. Кога животните притисоци ве обземаат, размислувајте селестијално! Кога се опоравувате од несреќа или повреда, како што го правам тоа јас сега, размислувајте селестијално!

  2. Види Марко 4:35-41.

  3. Додека веруваме дека нашиот Небесен Отец и Исус Христос имаат способност да ни помогнат кога и да ни требаат, нивната помош секогаш може да не дојде како што очекуваме. Важно е да веруваме дека Тие знаат подобро отколку што ние се знаеме себеси и ќе обезбедат поддршка и помош која е најдобра за нас во право време: „Знај ти, синко мој, дека сите овие нешта ќе ти дадат искуство, и ќе бидат за твое добро“ (Учење и Завети 122:7).

    Испитите и предизвиците со кои се соочуваме ни помагаат да развиеме сила и карактер да одолееме на искушение и надминеме природен човек.

  4. See Матеј 14:31; Марко 1:31; 5:41; 9:27; Дела 3:7; 3 Нефи 18:36.

  5. Кога Претседател М. Нелсон не покани да служиме на понов и посвет начин (види “Ministering,” Liahona, Маy 2018, 100), тој исто така нè замоли да разбереме дека овој нов начин на служба не е за нас и што сакаме да понудиме, туку за тоа што им е потребно на другите. Исус Христос ни дава можност да го љубиме нашиот сосед (види Лука 10:27) на повисоко и поубаво место.

  6. Матеј 14:29–30.

  7. Матеј 14:31.

  8. Навистина да разберете среќа, треба да разбереме улога на благослови во наши животи. Дефиниција на благослови помага да се разјасни овој концепт: „Благослов е да се предаде божествена благонаклонетост врз некој. Било што допринесува за вистинска среќа, благосостојба, или напредок е благослов” (Guide to the Scriptures, “Bless, Blessed, Blessing,” Gospel Library). Светот често ја помешува вистинската среќа со привремени задоволства, што имитира, „среќа“ која е краткотрајна.

  9. Види Исаија 49:16.