„Ова е Моето Евангелие“—„Ова е мојата Црква“
Ова е Спасителовото евангелие, и ова е Неговата Црква (види 3 Нефи 27:21; Мосија 26:22; 27:13). Но комбинацијата на овие две е моќна и трансформирачка.
Со векови, црниот прав—барутот бил најмоќниот расположлив експлозив. Тој можел да лансира топовски ѓулиња, но не бил ефикасен за најголем број проекти за рударство и изградба на патишта. Бил премногу слаб за да разбие карпа.
Во 1846 год, еден италијански хемичар по име Асканио Собреро сединил нов експлозив, нитроглицерин. Оваа маселна течност била најмалку илјадапати помоќна од барутот. Таа лесно може да ја скрши карпата. За жал, нитроглицеринот бил нестабилен. Ако го испуштите од мала висина, ќе експлодира. Ако се затопли, ќе експлодира. Ако премногу се излади, ќе експлодира. Дури и доколку го поставите во ладна, темна просторија и оставен сам, на крајот тој ќе експлодира. Повеќето земји го забраниле неговиот транспорт, а многу од нив го забраниле неговото производство.
Од 1860 год, шведскиот научник Алфред Нобел се обидувал да го стабилизира нитроглицеринот. По седумгодишно експериментирање, тој ја постигнал својата цел апсорбирајќи го нитроглицеринот во речиси безвредна супстанца позната како дијатомејска земја или кизелгур. Дијатомејската земја е порозна карпа што може да се распарчи во ситен прав. Кога се меша со нитроглицерин, дијатомејската земја го апсорбира нитроглицеринот и добиената паста може да се формира во „стапчиња“ Во оваа форма, нитроглицеринот бил многу постабилен. Тој можел безбедно да биде складиран, транспортиран и искористен со несмалена експлозивна моќ. Нобел ја нарекол комбинацијата од нитроглицерин и дијатомејска земја, „динамит“.
Динамитот го промени светот. Тој исто така го направи Нобел богат човек. Според откритието на Асканио Собреро, без стабилизатор, нитроглицеринот бил едноставно премногу опасен за да има комерцијална вредност. Сам по себе, како што споменав, Дијатомејската земја беше малку корисна. Но комбинацијата на овие две компоненти го направи динамитот трансформирачки и вреден.
Слично на тоа, комбинацијата на евангелието на Исус Христос и Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ни нуди моќни и трансформирачки придобивки. Евангелието е совршено, но потребна е божествено назначена црква за да го проповеда, да ја одржува неговата чистота, и да ги спроведува нејзините свети обреди со моќта и овластувањето од Спасителот.
Размислете за комбинацијата евангелието на Спасителот и Неговата Црква како што е воспоставено од пророкот Алма од Книгата на Мормон. Црквата имала одговорност да проповеда „ништо друго освен покајание и вера во Господа, кој [би го откупил] неговиот народ.“ Користејќи Божјо овластување, Црквата била одговорна за спроведување на обредот за крштевање „во името на Господ, како сведоштво [дека влегувате] во завет со него [дека] ќе му служите и ќе се држите до неговите заповеди.“ Луѓето кои биле крстени го презеле врз себе името на Исус Христос, се приклучиле на Неговата Црква, и им била ветена голема моќ преку излевање на Духот.
Народот се собирал во водите на Мормон за да слушне како Алма го проповеда евангелието. Иако тие ги обожавале овие води и околните шуми, Господовата црква не била ниту природно опкружување ниту градба; ниту пак е тоа денес. Црквата е едноставно обичен народ, ученици на Исус Христос, собрани и организирани во божествено определена структура која му помага на Господ да ги исполни Неговите намери. Црквата е инструментот преку кој учиме за централната улога на Исус Христос во планот на Небесниот Отец. Црквата им нуди на поединци да учествуваат во обредите и да склучуваат трајни завети со Бога. Одржувањето на овие завети нé зближува до Бога, ни дава пристап до Неговата моќ, и нé трасформира во луѓе што Тој сака да станеме.
Исто како што динамитот без нитроглицерин е безначаен, така и Спасителовата црква е посебна само ако е изградена на Неговото евангелие. Без евангелието на Спасителот и овластувањето да управува со неговите обреди, Црквата едноставно би била група на добри луѓе вклучени во вредни едукативни и хуманитарни активности.
Без стабилизирачкиот ефект на Дијатомејската земја, нитроглицеринот имал ограничена вредност како експлозив. Како што покажала историјата, без Господовата Црква, човечкото разбирање за Неговото евангелие исто така би било нестабилно—склоно кон доктринарни промени и подложно на влијанието на различни религии, култури и филозофии. Амалгамот на овие влијанија се манифестираше во секоја евангелска епоха сé до оваа последната. Иако евангелието првично било откриено со сета своја чистота, толкувањето и примената на тоа евангелие постепено добивало облик на немоќна побожност поради тоа што не постоела божествено овластена рамка.
Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни ни овозможува пристап до Божјата моќ бидејќи е овластена од Него за да ја поучува доктрината на Христос и да ги нуди евангелските обреди за спасение и егзалтација. Спасителот копнее да ни ги прости гревовите, ни помага да имаме пристап до Неговата моќ, и нé трансформира. Тој страдаше за нашите гревови и копнее да ни прости за казната што инаку ја заслужуваме. Тој сака да станеме свети и да се усовршиме во Него.
Исус Христос ја има моќта да го стори ова. Тој не само што сочувствуваше со нашите несовршености и ја оплакуваше нашата вечна осуда како резултат на гревот. Туку, отиде подалеку од тоа, бесконечно подалеку од тоа, и ја обнови Неговата Црква за да овозможи пристап до Неговата моќ.
Јадрото на евангелието што Исус го поучува е дека Исус Христос ги претрпе „нашите болки и ги понесе нашите таги“. Ги „натовари врз Него гревовите на сите нас“. Тој „го претрпе крстот“, ги скрши „оковите на смртта“, „се вознесе на небесата, и … седна од десната рстрана на Бог, да го побара од Отецот неговото право на милост“. Спасителот го направи сето ова бидејќи Тој го сака Својот Отец и Тој нé сака нас. Тој веќе ја плати бесконечната цена за да може “[да бара] за сите оние кои имаат вера во него [и се залага]” за нив—за нас. Исус Христос не сака ништо повеќе отколку ние да се покаеме и да дојдеме кај Него за да нé оправда и освети. Во оваа негова желба, Тој е немилосрден и непоколеблив.
Пристапот до Божјата заветна моќ и Неговата заветна љубов е преку Неговата Црква Комбинацијата евангелието на Спасителот и неговата Црква ги преобрази нашите животи. Ги преобрази моите баба и дедо по мајка. Мојот дедо, Оскар Андерсен, работел на бродоградилиште на Хогмарсо, еден остров во Стокхолмскиот архипелаг. Неговата сопруга, Албертина и нивните деца живееле во континенталниот дел на Шведска. Еднаш на две недели, во сабота, Оскар одвеслувал со својот чамец дома за да го помине викендот, пред да се врати во Хогмарсо во недела навечер. Еден ден, додека бил во Хогмарсо, слушнал двајца американски мисионери како го проповедаат обновеното евангелие на Исус Христос. Оскар почувствувал дека слушнатото е чиста вистина, и бил исполнет со неискажлива радост.
Следниот пат кога се враќал накај дома, Оскар возбудено и раскажал на Албертина сé во врска со мисионерите. Објаснил дека поверувал во она што тие го поучувале. Ја замолил да ги прочита памфлетите што им ги дале мисионерите, и ѝ кажал дека не смета дека ниту едно од нивните идни деца треба да бидат крстени како новороденчиња. Албертина била лута и ги фрлила памфлетите во ѓубрето. Тие не размениле многу зборови пред Оскар да замине на работа во неделата навечер.
Само што заминал, Албертина ги извадила памфлетите од ѓубрето. Внимателно ја споредила нивната доктрина со учењата од незјината прилично излитена библија. Била изненадена што чувствува дека она што го чита е вистина. Следниот пат кога Оскар се вратил дома бил топло пречекан, како и примерокот од Книгата на Мормон што го понел со себе. Албертина со нетрпение читала, споредувајќи ја повторно доктрината со онаа во нејзината Библија. Како Оскар, и таа препознала чиста вистина и била исполнета со неискажана радост.
Оскар, Албертина и нивните деца се преселиле во Хогмарсо за да бидат поблиску до членовите на Црквата кои живееле таму. Една недела по крштевањето на Оскар и Албертина во 1916 год., Оскар бил повикан да биде водач на групата на Хогмарсо. Како и многу преобратеници, Оскар и Албертина се соочиле со критики поради нивната нова вера. Локалните фармери одбивале да им продаваат млеко, затоа Оскар веслал преку фјордот за да купи млеко од потолернтен фармер.
Меѓутоа, во годините што следеле, членството на Црквата во Хогмарсо се зголемило, делумно поради моќното сведоштво и жестоката мисионерска ревност на Албертина. Кога групата станала гранка, Оскар бил повикан за претседател на гранката.
Членовите на оваа Хогмарсо гранка го почитувале овој остров. Ова беа нивни Мормонови води. Ова било местото каде тие дошле до сознание за нивниот Откупител.
Со текот на годините, додека ги одржувале кршталните завети, Оскар и Албертина биле преобразени преку моќта на Исус Христос. Копнееле да склучат уште завети и да ги добијат своите храмски благослови. За да ги добијат овие благослови, тие трајно емигрирале од нивната родна Шведска во Солт Лејк Сити во 1949 год. Оскар служел како водач на членовите на Хогмарсо цели 33 години.
Комбинацијата од нитроглицерин и Дијатомејската земја го направи динамитот корисен; комбинацијата од евангелието на Исус Христос и Неговата Црква е непроценлива. Оскар и Албертина дознале за обновеното евангелие затоа што некој Божји пророк повикал, доделил и испратил мисионери во Шведска. Преку божествено овластување, мисионерите ја поучувале Христовата доктрина и со свештенско овластување ги крстиле Оскар и Албертина. Како членови, Оскар и Албертина продолжиле со учење, развивање и служење на другите. Тие станале Светци од Подоцнежните Дни зашто се држеле до заветите што ги склучиле.
Спасителот ја нарекува Црквата на Светците од подоцнежните Дни „мојата Црква“ зашто тој и дал задача да ги оствари Неговите намери—да го проповеда Неговото евангелие, да ги понуди Неговите обреди и завети, и да овозможи Неговата моќ да нé оправда и освети. Без Неговата Црква, не би имало овластување, ниту проповедање на откриените вистини во Негово име, нема прописи, обреди, или завети, нема манифестација на моќта на божественоста, ниту трансформација во она што Бог сака да бидеме, а Божјиот план за Неговите чеда е уништен. Црквата во оваа евангелска епоха е составен дел од Неговиот план.
Ве повикувам да се посветите поцелосно на Спасителот, Неговото Евангелие и Неговата Црква. Додека го правите тоа, ќе откриете дека комбинацијата на Спасителовото евангелие и Неговата Црква носи моќ во вашиот живот. Оваа моќ е далеку поголема од динамитот. Ќе ги распарчи попатните карпи и ќе ве преобрази во наследник на Божјото царство. А вие ќе бидете „исполнети со таа радост што е неискажана и полна со слава”. Во името на Исус Христос, амин.