Положете го Оружјето за Бунт
За да го закопаме— многу, многу длабоко— секој елемент на бунт против Бога во нашите животи, и да го замениме со спремно срце и спремен ум.
Во Книгата на Мормон пишува дека приближно 90 години пред раѓањето на Христос, синовите на царот Мосија започнале 14-годишна мисија кај Ламанитите. Биле направени неуспешни обиди во текот на многу генерации за Ламанитите да поверуваат во учењата на Христос. Овој пат, сепак, преку чудесните интервенции на Светиот Дух, илјадници Ламанити биле преобратени и станале ученици на Исус Христос.
Читаме, „И како што Бог постои, така и сите кои поверуваа, или сите кои беа наведени на спознаниена вистината, преку проповедите на Амон и неговите браќа, според духот на откровението и на пророштвото, и Божјата моќ која со нивно посредство правеше чуда—да, ви велам, жими Господ , кој и од Ламанитите да поверуваше во нивните проповеди, и се преобратеше во Господ, никогаш не отпаѓаше“.
Клучот за трајното обраќање на овој народ е наведен во следниот стих: “Бидејќи тие станаа праведен народ; го положија оружјето на својот бунт, за да не се борат повеќе против Бога, а исто така против било кој од своите браќа“.
Ова спомување на „оружје за бунт“ беше и буквално и фигуративно. Тоа значеше нивните мечеви и другото воено оружје, но исто така и нивната непослушност кон Бога и Неговите заповеди.
Царот на овие преобратени Ламанити се изрази на овој начин: „И сега ете, браќа браќа, штом тоа беше сѐ што можевме да направиме да се покаеме за своите гревови и многуте убиства кои сме ги извршиле, и да го придобиеме Бог да ги отстрани од срцата наши, зашто тоа беше сѐ што можевме да направиме за да се покаеме доволно пред Бог за Тој да ја отстрани нашата дамка“.
Забележете ги зборовите на кралот—не само што нивното искрено покајание доведе до прошка на нивните гревови, туку Бог исто така ја отстрани дамката на тие гревови и дури и желбата за грев од нивните срца. Како што знаете, наместо да ризикуваат било какво враќање во нивната претходна состојба на бунт против Бога, тие ги закопале своите мечеви. И кога ги закопале своите физички оружја, со променети срца, ја закопале и својата склоност кон грев.
Би можеле да се запрашаме што би можеле да направиме за да го следиме овој пример, да „ги положиме оружјата на [нашиот] бунт“ какви и да се тие, и да станеме толку „преобратени кон Господа“ што дамката од грев и желбата за грев ќе бидат отстранети од нашите срца и ние никогаш нема да отпаднеме.
Бунтот може да биде активен или пасивен. Класичен пример за намерен бунт е Луцифер, кој, во предсмртниот свет, се спротивстави на планот за искупување на Отецот и собра други да се спротивстават на него, „и, на тој ден, многумина појдоа по него“. Не е тешко да се воочи влијанието на неговиот постојан бунт во наше време.
Несветата тројката антихристи од Книгата на Мормон—Шерем, Нехор и Кориор—се типичен пример на учење за активен бунт против Бог. Сеопфатната теза на Нехор и Кориор била дека нема грев; затоа, нема потреба од покајание, и нема Спасител. „„Секој човек напредува според својата генијалност, и секој победува [} според својата сила; и што и да направи човек не е [] злосторство”. Антихристот ја отфрла религиозната власт, окарактеризирајќи ги обредите и заветите како изведби „ракоположени од древни свештеници, за да узурпираат моќ и власт.“
Неодамнешен пример на доброволно бунтување со посреќен крај е приказната за Вилијам В. Фелпс. Фелпс се приклучил на Црквата во 1831 год. и бил назначен за Црковен печатар. Тој ги уредувал првите неколку Црковни изданија, напишал голем број химни и му служел на Џозеф Смит како писар. За жал, се свртел против Црквата и Пророкот, дури до степен на давање лажно сведоштво против Џозеф Смит во суд во Мисури, што придонесе за затворањето на Пророкот таму.
Подоцна, Фелпс му пишал на Џозеф барајќи прошка. „Ја знам мојата ситуација, ја знаеш и ти, и Бог ја знае, и јас сакам да бидам спасен ако ми помогнат моите пријатели“.
Во својот одговор, Пророкот изјавил: „Вистина е дека многу сме страдале како последица на твоето однесување. … Сепак, чашата е испиена, волјата на нашиот Небесен Отец е исполнета, и ние сè уште сме живи. … „Ајде, драги брате, бидејќи војната заврши, зашто првите пријателите повторно се пријатели“.
Со искрено покајание, Вилијам Фелпс ги закопа неговите „оружја за бунт“, беше примен уште еднаш во целосно заедништво, за да никогаш повеќе не отпадне.
Можеби поподмолна форма на бунт против Бога, сепак, е пасивната верзија—игнорирање на Неговата волја во нашите животи. Многумина кои никогаш не би размислувале за активен бунт, сепак можат да се спротивстават на волјата и Божјото слово со следење на својот пат без оглед на божествената насока. Се сеќавам на песната која пред многу години стана позната од пејачот Френк Синатра со најповторуваниот рефрен, „Го направив тоа на мој начин“. Секако, во животот постои многу простор за лична претпочитање и поединечен избор, но кога станува збор за прашања на спасение и вечен живот, нашата тематска песна мора да биде, „Го направив тоа на Божји начин“, бидејќи навистина не постои друг.
Земете го за пример, примерот на Спасителот во врска со крштевањето. Тој се согласи да биде крстен како демонстрација на лојалност кон Отецот и како пример за нас:
„Им покажа на децата човечки дека Тој се понизи Самиот пред Отецот според телото, и Му посведочи на Отецот дека Тој ќе Му биде покорен во одржувањето на Неговите заповеди. ….
И Тој им кажа на децата човечки: Следете ме. Затоа, љубени браќа мои, зарем можеме да го следиме Исус доколку не сме спремни да се држиме до заповедите на Отецот?
Не постои „мој начин“ доколку го следиме примерот на Христос. Обидот да се фати поинаков правец кон небесата е како бесполезноста да се работи на Вавилоновата Кула наместо да се погледне кон Христос и Неговото спасение.
Мечевите и другото оружје што ги закопале преобратените Ламанити биле оружја за бунт поради начинот на кој беа користени. Тие исти видови оружје во рацете на нивните синови, што беа користени за одбрана на семејството и слободата, воопшто не беа оружја за бунт против Бог . Ниту пак тоа беа оружјата во рацете на Нефијците: „Тие не се бореа за царството ниту за моќ туку … се бореа за нивните домови, и нивната слобода, нивните жени и нивните деца, и сѐ што е нивно, да, за нивните обреди за богослужба и нивната црква“.
На ист начин, постојат работи во нашите животи кои можат да бидат неутрални или дури и по природа добри, но кога се користат на погрешен начин стануваат „оружја на бунт.“ Нашиот говор, на пример, може да просветлува или да понижува. Како што рече Јаков:
„А јазикот никој не може да го скроти: тој е немирно зло и полн со смртоносен отров.
Со него Го благословуваме Бога и Отецот, со него ги колнеме луѓето создадени според подобието Божјо.
„Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде“.
Има многу работи во јавниот и личен дискурс денес што се злонамерни и пакосни. Голем дел од разговорите се вулгарни и световни, дури и меѓу младите. Овој вид на говор е „оружје за бунт“ против Бога, „полно со смртоносен отров“
Разгледајте уште еден пример за нешто што е суштински добро, но може да се претвори во бунт против божествените насоки—кариерата на една личност. Човек може да најде вистинско задоволство во професијата, занимањето или службата, и сите ние имаме корист од она што посветените и талентирани луѓе во многу области на обидување го постигнале и создале.
Сепак, можно е посветеноста на кариерата да стане главниот фокус во животот на една личност. Тогаш сè друго станува секундарно, вклучувајќи ги и сите барања што Спасителот може да ги има за времето и талентот на таа личност. За мажите, и за жените исто така, откажувањето од легалните можности за брак, неуспехот да се приврзат или да се подигне својот брачен партнер, неуспехот да се одгледаат нечии деца, или дури и намерното избегнување на благословот и одговорноста за воспитување деца исклучиво заради напредување во кариерата може да го претвори пофалното достигнување во форма на бунт.
Уште еден пример што се однесува на нашето физичко битие. Павле нè потсетува дека постоиме за да го величаме Бог и во телото и во духот, и дека ова тело е храмот на Светиот Дух, „кои ги имате од Бога, вие не сте ваша сопственост“. Затоа, имаме легитимен интерес да поминуваме време грижејќи се за нашите тела најдобро што можеме. Малкумина од нас ќе го достигнат врвот на перформансите што ги видовме неодамна во достигнувањата на олимписките и параолимписките спортисти, а некои од нас страдаат поради старост, или како што рече Претседателот М. Расел Балард „нитните се олабавуваат.“
Сепак, верувам дека нашиот Создател е задоволен кога даваме сè од себе за да се грижиме за Неговиот прекрасен дар на физичко тело. Би било знак на бунт да го деградирате или обезличите нечие тело, или да го злоупотребувате, или да не правите сè што можете за да водите здрав живот. Во исто време, суетата и опседнатоста со својата фигура, изглед или облекување може да биде форма на бунт во другата крајност, што ќе доведе до обожување на Божјиот дар наместо на Бог.
На крајот на краиштата, положувањето на нашите оружја на бунт против Бога едноставно значи препуштање на примамливоста на Светиот Дух, да го отфрлиме природниот човек и да станеме „светец преку помирувањето на Христос Господ.“ Тоа значи ставање на првата заповед на прво место во нашите животи. Тоа значи да му дозволиш на Бог да владее. Ако нашата љубов кон Бог и нашата решеност да Му служиме со сета наша сила, ум и срце станат стандард според коj ги судиме сите работи и ги носиме сите наши одлуки, ќе гo закопаме нашите оружја на бунт. Со милоста Христова, Бог ќе ги прости нашите гревови и бунтови од минатото и ќе ја отстрани дамката на тие гревови и бунтови од нашите срца. Со текот на времето, Тој дури ќе ја отстрани дури и секоја желба за зло, како што направи со оние Ламанити кои се преобратија во минатото. Оттогаш натаму, ние „никогаш [нема да] отпаднеме.“
Закопувањето на нашите оружја на бунт води до единствена радост. Со сите кои некогаш се обратиле кон Господ, ние сме “доведени да ја пееме песната за откупителната љубов.” Нашиот Небесен Отец и Неговиот Син, нашиот Искупител, ја потврдија нивната бескрајна посветеност за наша крајна среќа преку најдлабоката и најпостојана љубов. Ја чувствуваме нивната љубов секојдневно. Сигурно може да возвратиме со нашата сопствена љубов и лојалност. За да го закопаме— многу, многу длабоко— секој елемен на бунт против Бога во нашите животи, и да го замениме со спремно срце и спремен ум. Во името на Исус Христос, амин.