Генерална Конференција
Едноставна е Доктрината на Исус Христос
Oктомври 2024 Генерална Конференција


16:6

Едноставна е Доктрината на Исус Христос

Јас сведочам за светоста на делото поучување на чедата на Небесниот Отец за доктрината на Исус Христос на едноставен начин

Сите ние сме ги сакале членовите на семејството кои биле искушувани и испробувани од навидум постојаните сили на сатаната, уништвувачот, кој би ги направил сите Божји чеда очајни. За многумина од нас, имало непроспани ноќи. Сме се обиделе да бидеме опкружени со луѓе кои се под ризик со сета сила засекогаш. Пледиравме преку молитва за нив. Ги сакавме. Го поставивме најдобриот пример што можевме.

Алма, мудар пророк од древните времиња, се соочил со слични искушенија. Народот што го водел и сакал бил често напаѓан од жесток непријател, сепак тие сé уште се обидувале да одгледаат праведни деца во еден злобен свет. Алма чувствувал дека неговата единствена надеж за победа била силата што понекогаш ја потценуваме и честопати премалку да ја користиме. Тој пледирал за Божја помош.

Алма знаел дека за Бог да му помогне, било потребно покајание не само од страна на оние кои ги водел, туку и од страна на неговите противници. На тој начин, тој се одлучил за поинаков пристап во битката.

Книгата на Мормон го опишува тоа на овој начин: „И ете, како што проповедањето на словото имаше намера да го води народот кон она што е праведно—да, тоа имаше помоќен ефект врз умовите на народот отколку мечот, или било што, што им се случило—затоа Алма помисли дека е корисно да ја испробаат вредноста на Божјата реч“.

Словото Божје е доктрината поучувана од Исус Христос и од Неговите пророци. Алма знаел дека словото на докрината има голема моќ.

Во 18-тиот дел од учењата и заветите, Господ ја открил основата на Неговата доктрина:

„Затоа, ете, им заповедам на сите луѓе да се покаат. …

„Зашто ете, Господ твојот искупител претрпе смрт во тело; ги претрпе тој страдањата на сите луѓе, за да се покаат и дојдат кај него.

„И воскресна повторно од мртвите, за сите луѓе да ги привлече кон себе, под услов да се покаат.”

„И ќе се поклоните и ќе му се восхитувате на Отецот во мое име.

„… Вие мора да се обратите и да бидете крстени, во името на Исус Христос“.

„Барајте од Отецот во мое име со вера, верувајќи дека ќе добиете и ќе го имате Светиот Дух“.

„И сега, откако … го примивте ова, мора да се држите до моите заповеди во сé“.

„Преземете го името Христово, и зборувајте ја вистината трезвено.

„А сите што ќе се покаат и ќе се крстат во мое име, кое е Исус Христос, и ќе истраат до крај, истите ќе бидат спасени“.

Во овие неколку пасуси, Спасителот ни дава совршен пример за тоа како треба да ја поучуваме Неговата доктрина. Оваа доктрина е дека верата во Господ Исус Христос, покајанието, крштевањето и примањето на дарот на Светиот Дух и истрајувањето до крај, ги благословува сите Божји чеда.

Кога ги поучуваме оние што ги сакаме за овие принципи, Светиот Дух ќе ни помогне да ја дознаеме вистината. Бидејќи нам ни се потребни поттикнувањата од Светиот Дух, мора да избегнеме шпекулации или лични толкувања што го надминуваат поучувањето на вистинската доктрина.

Ова може да биде тешко да се направи кога ја сакате личноста на која се обидувате да влијаете. Тој или таа можеби ја игнорираат доктрината која била поучувана. Делува примамливо да се проба нешто ново или сензационално. Но Светиот Дух ќе ни го открие духот на вистината само кога сме внимателни и грижливи да не одиме подалеку од поучувањето на вистинската доктрина. Еден од најсигурните начини да избегнеме приближување кон лажната доктрина е да избереме да бидеме едноставни во нашето поучување. Оваа едноставност ви овозможува да добиете едноставност без да изгубите многу.

Едноставното поучување ни овозможува да ја споделуваме спасителната доктрина уште од мали нозе, додека децата остануваат нечепнати од искушенијата на измамникот со кои ќе се соочат подоцна, многу порано од вистините што треба да ги научат да бидат задушени од вревата на социјалните медиуми, нивните врсници и нивните лични борби. Треба да ја искористиме секоја можност да ги споделиме учењата на Исус Христос со децата. Овие поучувачки моменти се скапоцени и далеку поретки во споредба со немилосрдните напори на спротивставените сили. За секој поминат час во всадување на доктрината во животот на детето, постојат безброј часови спротивставување исполнети со пораки и слики кои ги оспоруваат или игнорираат овие спасителни вистини.

Некои од вас можеби се прашуваат дали можеби не е подобро да се зближите со вашите деца преку забава, или пак се прашувате дали детето можеби почнува да се чувствува заситено од вашите учења. Наместо тоа, треба да размислиме: „Со толку малку време и со толку малку можности, кои зборови од доктрината можам да ги споделам што ќе ги зајакнат против неизбежните предизвици на нивната вера?“ Зборовите што ќе ги споделите денес можеби ќе бидат оние што ги носат со себе, а денес наскоро ќе помине.

Отсекогаш сум се восхитувал на посветеноста со која мојата пра-пра-баба Марија Бомели го споделувала евангелието на Исус Христос. Нејзиното семејство било поучувано од мисионерите кога таа имала 24 год.

Откако била крстена, Марија посакала да се приклучи на Светците во Америка, затоа тргнала на пат од Швајцарија до Берлин и нашла работа кај жена која ја вработила да ткае ткаенина за семејна облека. Марија живеела во просторијата за слуги и го поставила својот разбој во дневната соба на домот.

Во тоа време, предавањето на доктрината на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни била нелегална во Берлин Но Марија открила дека не може да се воздржи а да не ги сподели работите што ги научила. Домаќинката на куќата и нејзините пријатели се собирале во дневната за да ги слушаат учењата на Марија. Таа зборувала за појавувањето на Небесниот Отец и Исус Христос на Џозеф Смит, за посетата на ангелите и за Книгата на Мормон. Сеќавајќи се на записите на Алма, таа поучувала за доктрината на Искупувањето. Сведочела дека семејствата можат повторно да се обединат во селестијалното царство.

Ентузијазмот на Марија да ја споделува доктрината на обновеното евангелие наскоро предизвикало проблеми. Не поминало долго време пред полицијата да ја однесе Марија во затвор. По патот кон таму, таа го прашала полицаецот како се вика судијата пред кого треба да се појави следното утро. Таа исто така прашала за неговото семејство и дали бил добар татко и сопруг. Полицаецот го опишал судијата како човек од збор.

Во затворот, Марија побарала молив и лист хартија. Ја минала ноќта пишувајќи му писмо на судијата, сведочејќи за Воскресението на Исус Христос како што е опишано во Книгата на Мормон, разговарајќи за духовниот свет и објаснувајќи за покајанието. Посочила дека на судијата ќе му биде потребно време да размисли за неговиот живот пред да се соочи со конечната пресуда. Напишала дека таа знае дека има многу причини за каење, кои длабоко ќе го растажат неговото семејство и ќе му донесат голема тага. Тоа утро, кога го завршила своето писмо, му го дала на полицаецот и побарала од него да му го предаде на судијата, а тој се согласил со тоа.

Подоцна, полицаецот бил повикан од судијата во неговата канцеларија. Писмото што го напишала Марија било неспорен доказ дека таа ја поучува доктрината на обновеното евангелие и, на тој начин, го прекршила законот. Но, не му требало многу време за тој да се врати во ќелијата на Марија. И кажал дека сите обвиненија се отфрлени и дека таа е ослободена. Нејзините предавање за доктрината на обновеното евангелие на Исус Христос биле причината таа да биде затворена во затвор И токму нејзиното објавување на доктрината на покајание на судијата ја извлече од затвор.

Поуките на Марија Бомели не завршија со нејзиното пуштање. Записот од нејзините зборови ја пренесува вистинската доктрина од генерација на генерација. Нејзиното верување дека дури и новопреобратеник може да ја поучува доктрината на Исус Христос, било гаранција дека нејзините потомци ќе бидат зајанати во нивните битки.

Иако даваме сé од себе да ги научиме оние што ги сакаме за доктрината на Исус Христос, некои можеби сé уште не се одѕиваат. Можеби ќе ви се наметнат сомнежи. Можеби се прашувате дали ја познавате доктрината на Спасителот доволно добро за да ја поучувате ефикасно. А доколку веќе сте се обиделе да поучувате, можеби се прашувате зошто позитивните ефекти не се повидливи. Не им се препуштајте на овие сомнежи. Обратете се кон Бога за помош.

„Да, и повикај се на Бога за сета своја поддршка; … нека наклонетоста на твоето срце биде на Господа засекогаш.“

„И сега јас би сакал да бидете понизни, и покорни, лесно замолливи; полни со трпение и долготрпеливи; да бидете покорни и нежни; умерени во сé; ревносни во почитување на Божјите заповеди во секое време; барајќи сé што ви треба, и духовно и телесно, секогаш благодарејќи му на Бога за сé што добивате“.

Ако се молите, ако разговарате со Бога, и ако пледирате за Негова помош за саканите, и ако му заблагодарите не само за неговата помош туку и за трпението и нежноста што произлегуваат од тоа што не добивате сé што сакате во моментот или можеби никогаш, тогаш ви ветувам дека ќе се приближите до Него. Ќе станете вредни и долготрпеливи. И тогаш може да знаете дека сте направиле сé што можете за да им помогнете на саканите и оние за кои се молите зашто минуваат низ обидот сатаната да ги исфрли од колосек.

„Тие што чекаат на Господ ќе си ја обноват силата; ќе се искачат со крилја како орли; ќе трчаат, но нема да бидат уморни; ќе чекорат, но нема да се онесвестат“.

Можете да најдете надеж во библискиот запис за семејствата. Читаме за оние кои се одвраќаат од она што го учеле или кои се борат со Бога за прошка, како Алма помладиот, синот на Мосија и Енош. Во нивните моменти на криза, тие се сеќаваат на зборовите од нивните родители, зборовите од доктрината на Исус Христос. Сеќавањето ги спасува. Вашите предавања за таа света доктрина ќе бидат запаметени.

Јас сведочам за светоста на делото поучување на чедата на Небесниот Отец за доктрината на Исус Христос на едноставен начин, што ни дозволува да бидеме духовно прочистени и на крај добредојдени во Божјото присуство, да живееме со Него и со Неговиот син во слава засекогаш со семејствата. Во името на Исус Христос, амин.