Генерална Конференција
Ветерот Никогаш Не Престанува да Дува
Oктомври 2024 Генерална Конференција


9:46

Ветерот Никогаш Не Престанува да Дува

Можеме да помогнеме на други да напредуваат во нивните патувања да примат Божји благослови.

Во 2015, во државата Пернамбуко, Бразил, 62 членови на Ј. Рубен Кларк Здружение за Право соработуваше со државната Канцеларија на Обвинителот во истражување на легални предизвици на жители во четири болнички домови. Пет часа една Сабота, овие адвокати интервјуираа преку 200 жители еден по еден, секој од кому биле функционално заборавени од здружението.

За време на интервјуто, тие открија неколку криминали кои биле извршени против старите жители како напуштање, малтретирање, и злоупотреба на финансиски средства. Клучен столб на здружени за закон е да се грижи за сиромавите и загрозените. Само два месеца подоцна, обвинителот успешно пополни обвиненија против одговорните страни.

Нивната помош е совршен пример за учењето на Царот Венијамин „дека кога сте во служба на вашите сограѓани вие сте во служба на Бог.“

Еден жител кого лично го интевјуирав за време на про боно проект беше љубезна 93 годишна жена по име Луција. Благодарни за нашата служба, таа шеговито изјави, „Венчај ме!“

Изненаден, јас одговорив: „Погледнете овде на таа убава млада жена! Таа е моја сопруга и државен обвинител.“

Таа брзо возврати: „Па што? Таа е млада, убава, и може лесно да се венча повторно. Се што имам си ти!“

Прекрасните жители ги немаа сите нивни проблеми решени тој ден. Тие несомнено продолжија да искусуваат тешкотии од време на време како Јаредитите во нивните бродови на предизвикувачките патувања до ветената земја, „закопани во длабочините на морето поради планинските бранови кои се спуштија врз нив.“

Но таа Сабота, болничкиот дом и неговите жители знаеја дека без разлика на нивниот земен анонимитет, тие беа познавани лично од прекрасен Небесен Отец, Еден што одговара дури и на најмалите молитви.

Господарот на господарите предизвика „бесен ветер“ да ги оддува Јаредитите кон ветените благослови. Слично, можеме да одлучиме да служиме како понизен налет на ветер во Господовите раце. Како и “ветерот што никогаш не престанува да дува“ Јаредитите кон ветената земја, можеме да помогнеме на други да напредуваат во нивното патување да ги добијат Божјите благослови.

Пред неколку години, кога Крис, мојата драга жена, и јас бевме интервјуирани за мојот повик за епископ, нашиот претседател на кол ме праша молитвено да размислам за имиња да предложам како советници. Откако ги слушнав имињата кои Јас ги предложив, тој кажа треба да знам неколку нешта за еден од браќата.

Најпрвин, овој брат не може да чита. Второ, тој нема кола која може да ја користи за да посети членови. Трето, тој секогаш—секогаш—користи очила во црква. И покрај претседателските искрени грижи, Јас се почувствував дека треба да препорачам на него како мој советник и претседателот на кол го поддржа.

Во Неделата јас и моите советници бевме поддржани на свет состанок, изненадувањетом на лицата на членовите беше очигледно. Драгиот брат бавно истапи напред на бината, каде што надвиснатите светла се рефлектираа јасно низ неговите очила.

Штом седна покрај мене, јас го прашав, „Брате, дали имаш проблеми со твојот вид?“

„Не,“ Тој кажа.

„Тогаш зошто користиш очила во Црква?“ Јас прашав. „Мој пријател, членовите треба да ги видат вашите очи, и мора да можете да ги гледате подобро исто.“

Во тој момент, тој ги тргна очилата и никогаш не ги искористи во црква повторно.

Овој прекрасен брат служеше на мојата страна се до моето ослободување како епископ. Денес, тој продолжи да служи верно да Црквата и е пример за посветеност и посветување на Господ Исус Христос. А сепак, пред неколку години, тој беше непознат носач на очила кој седеше суштински заборавен на краевите на капелата. Јас често се прашувам, колку верни браќа и сестри седат заборавени помеѓу нас денес?

Било да сме добро познати или заборавени, испити неизбежно ќе дојдат на секој на нас. Додека се вртиме кон Спасителот, Тој може да „ги освети [нашите] маки за [наша] добивка” и да ни помогне да одговориме на нашите испити на начин кој ги олеснува нашите духовни напредувања. Било за жители на болнички дом, погрешно осуден Црковен член, или било кој, можеме да бидеме „ветер „ветер [кој] никогаш не престанува да дува,”11 носејќи надеж и водејќи други на заветен пат.

Нашиот прекрасен пророк, Претседател Расел М. Нелсон, направи возбудлива и инспирирачка покана за младината: „Јас потврдувам дека Господ праша секој достоен, млад човек да се подготви и да служи мисија. За млади мажи што се Светци од Подоцнежни Дни, мисионерско служење е свештенска одговорност. За млади и способни сестри, мисија е исто моќна, но опционална, можност.”

Секој ден, илјадници млади мажи и жени одговараат на Господовиот пророкувачки повик служејќи како мисионери. Ти си брилијантен, и како што Претседател Нелсон кажа, вие можете “да имате поголемо влијание на светот отколку било кое претходно поколение!” Секако, тоа не значи дека ти ќе бидеш најдобрата верзија од себеси моментот кога ќе зачекориш во мисионерскиот тренинг центар.

Наместо тоа, може ќе се чувствувате како Нефи, „водени од Духот, не знаејќи предвреме за нештата кои [ти] треба да ги направиш. Сепак [ти] замина напред.”

Можеби се чувстувате несигурни како Јеремија што направи и сака да каже, „Јас не можам да кажам: зашто јас сум дете.“

Вие можете да видите дури и ваш личен недостаток и сакате да плачете како што стори Мојсеј: „О мој Боже, јас не сум елоквентен … : туку сум бавен за говор, и со бавен јазик.“

Ако некој од вас прекрасни и семоќни млади луѓе има мисла како оваа сега, сетете се дека Господ одговори, „Не велете, јас сум дете: зашто ти ќе одиш кај сите каде што ќе те пратам“, и Тој вети, „Затоа одете, и јас ќе бидам вашата уста, и ќе ве поучам што да кажете.“18 И тој ветува, „Затоа одете, и Јас ќе бидам ваша уста, и ќе те поучам тебе што да кажеш.“

Вашата трансформација од ваша природна до духовна себеси ќе се случи „линија по линија, принцип по принцип“ како што искрено се стремиме да служиме на Исус Христос во мисијата преку дневно покајание, вера, точна послушност, и напорна работа да „се пронајде константно, поучува покајание, и да се крштаваат преобратеници.“

Иако носите беџ со име, понекогаш може да се осетите непрепознаени или заборавени. Сепак, мора да знаете дека имате совршен Небесен Отец, кој ве знае лично, и Спасител кој ве љуби. Ќе имате мисионерски лидери кои, покрај нивните несовршености, ќе служат како „ветерот [што] не престанува да дува“ во водење долж вашето патување на лично преобратување.

Во „земјата која тече со мед и млеко“ вие ќе служите мисија, ќе бидете духовно преродени и станете доживотни ученици на Исус Христос како што се доближувате до Него. Можете да дојдете да знаете дека никогаш нема да бидете заборавени.

Иако некои може да чекаат „долго време“26 за помош, зашто тие „немаат маж“ дека сепак може да помогне, Господ Исус Христос поучуваше дека ниту еден не е заборавен од Него. Напротив, Тој беше совршен пример за барање на него во секој момент на Неговото смртно служење.

Секој од нас, и тие околу нас—се соочуваат со нашите сопствени бури на спротивставеност и бранови на испити кои не потопуваат дневно. Но „ветерот [нема] да престане да дува кон ветената земја … ; и така [ние ќе бидеме] водени напред пред ветрот.“

Секој од нас може да биде дел од овој ветер—истиот ветер што ги благослови Јаредитите во нивното патување и истиот ветер што, со наша помош, ќе ги благослови непрепознатите и заборавените да ги достигнат нивните сопствени ветени земји.

Јас сведочам дека Исус Христос е наш адвокат со Отецот. Тој е жив Бог и делува со силен ветер кој секогаш не води нас долж заветениот пат. Во името на Исус Христос, амин.

Белешки

  1. Ј. Рубен Кларк Здружение за Право е непрофита организација формирана од адвокати и студенти по право и организирана во повеќе од сто поглавја низ светот. Беше именувано во чест на Јошуа Рубен Кларк Јр. Кој служеше многу години како советник во Првото Претседателство на Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните Дни.

  2. Мосија 2:17.

  3. Про боно е намалена форма на фрази на Латински pro bono publico, кое значи „за јавно добро“ односно „за корист на јавноста.“ Ова е форма на доброволна работа која, за разлика од традиционалното волонтирање, бара професионални квалификации, иако е неплатена.

  4. Етер 6:6.

  5. Етер 6:5.

  6. Види 2 Нефи 2:14, 16.

  7. Етер 6:8.

  8. Види Учење и Завети 84:106.

  9. Види Авраам 03:25.

  10. 2 Neфи 2:2; види исто така Учење и Завети 122:7.

  11. Russell M. Nelson, “Preaching the Gospel of Peace,” Liahona, May 2022, 6.

  12. Расел М. Нелсон, “Надеж на Израел” (светска молитвена сесија за млади, 3 јуни, 2018), Евангелска Библиотека.

  13. 1 Нефи 4:6-7.

  14. Еремија 1:6.

  15. Излез 4:10.

  16. Еремија 1:7.

  17. Излез 4:12.

  18. Види Мосија 3:19.

  19. 2 Нефи 28:30.

  20. Види Алма 26:22.

  21. Нил Л. Андерсен, „Вера да се Пронајде и Крстата Преобратеници,“ 2016 семинар за нови мисионерски претседатели.

  22. Види Второзаконие 11:8-9.

  23. Види “Becoming Lifelong Disciples of Jesus Christ,” Preach My Gospel: A Guide to Sharing the Gospel of Jesus Christ (2023), 76–100.

  24. Јован 5:6-7.

  25. Види Лука 10:29.

  26. Етер 6:8.

  27. Претседател Далин Х. Оукс спомена за портрет на Мејнард Диксон насловен Заборавен Човек, што виси во неговата канцеларија во Црковната Административна Зграда во Солт Лејк Сити: „Го гледате сонцето како сјае на неговата глава. Неговиот Небесниот Татко знае дека тој е таму. Тој е заборавен од публиката која минува, но во неговите борби, неговиот Небесен Отец знае дека е таму. Јас бев со тој портрет речиси 40 години, и ми говори на мене и ме потсеќа на мене за нешта кои јас треба да ги запомнам“ (во Сара Џејн Вивер, „Што Научив од Претседател Оукс за Заборавен Човек,’” Црковни Вести, Септ 18, 2022,).