Подмладокот на Благородното Првородство
Бог ви верува, вам чедата на заветот, дека ќе му помогнете во Неговото дело да се донесат сите Негови чеда безбедно дома кај Него.
Старешина Стивенсон, ова е конференција што никогаш нема да се заборави.
Нашето семејство отсекогаш уживаше во малата книга наречена Детските писма до Бога(„Children’s Letters to God“). Да спомнеме неколку:
„Боже, наместо да дозволиш луѓето да умираат и да се создаваат нови, зошто едноставно не ги задржиш оние што ги имаш токму сега“?
„Како тоа ти имаш само десет правила, а нашето училиште има милиони“?
„Зошто ги стави крајниците ако само ќе ги извадиш повторно“?
Денеска немам време да одговорам на сите овие прашања, но има уште едно прашање кое често го слушам од младите и на кое би сакал да се осврнам. Од Уланбатор, Монголија, до Томас, Ајдахо, прашањето е секогаш исто: „Зошто? Зошто светците од Подоцнежните Дни мора да живеат толку поинаку од другите“?
Знам дека е тешко да се биде поинаков—особено кога сте млади и посакувате толку многу другите луѓе да ве сакаат. Сите сакаат да се вклопат, а таа желба се зголемува до нездрави размери во денешниот дигитален свет исполнет со социјални медиуми и сајбер-малтретирање.
Па, со сите тие притисоци, зошто Светците од Подоцнежните Дни навистина живеат толку поинаку? Постојат многу добри одговори: Бидејќи вие сте Божјо чедо. Бидејќи сте спасени за подоцнежните дни. Бидејќи сте следбеник на Исус Христос.
Но овие одговори не секогаш ве издвојуваат. Секој е Божјо чедо. Сите што се сега на земјата беа испратени овде во подоцнежните дни. А сепак, не секој живее според Словото на Мудроста или законот за чедност на начинот на кој вие се трудите да живеете. Постојат многу храбри следбеници на Христос кои не се членови на оваа Црква. Но тие не служат мисии и не извршуваат обреди во Господовиот дом во име на своите претци како што го правите тоа вие. Мора да има нешто повеќе одговори— и има.
Денес, би сакал да се фокусирам на уште една дополнителна причина што беше значајна во мојот живот. Во 1988 , еден млад апостол по име Расел М. Нелсон имаше обраќање на Брингам Јанг Универзитетот наречено „Благодарност за Заветот“. Во него, тогаш Старешина Нелсон, објаснува дека кога го користиме нашето морално право на избор да склучуваме и да одржуваме завети со Бога, стануваме наследници на вечниот завет што Бог го склучил со нашите предци во секоја евангелска епоха. Со други зборови, стануваме „деца на заветот“ Овој факт нé издвојува. Тоа ни дава пристап до истите благослови што нашите претци ги примиле, вклучувајќи го правото од раѓање.
Привилегијата да се биде првороден! Можеби сте го слушнале тој збор. Дури пееме химни во врска со него: „Подмладокот на Благородното Првородство, продолжете, продолжете“ („O youth of the noble birthright, carry on, carry on, carry on!” Тоа е убедлив збор. Но што всушност тој значи?
Во времето на Стариот завет ако таткото почине, неговиот првороден син бил одговорен да се грижи за неговата мајка и сестрите. Неговите браќа го добивале неговото наследство и заминувале да го создадат својот пат по светот, но првородениот син не одел никаде. Ќе се оженел и ќе основал сопствено семејство, но ќе останел до крајот на животот да раководи со домашните обврски на имотот на неговиот татко. Заради оваа дополнителна одговорност, добивал и дополнителен дел од наследството. Дали беше премногу да се раководат и да се води грижа за другите? Не ако се земе во предвид дополнителното наследство што му е дадено.
Денес не зборуваме за вашиот редослед на раѓања во земните семејства или улогите што ги има полот во Стариот Завет. Зборуваме за наследството што го добиваме како сонаследници Христови поради заветниот однос што сте го избрале да влезете со Него и со вашиот Отец во Небесата. Дали не е премногу за Бога да очекува да живеете поинаку од Неговите други чеда за да може подобро да ги водите и да им служите? Не доколку се земат во предвид благословите—времените и духовните—што ви се дадени.
Дали вашето првородство значи дека сте подобри од другите? Не, туку тоа значи дека од вас се очекува да им помагате на другите да бидат подобри. Дали вашето првородство значи дека сте избрани? Да, но вие не сте избрани да владеете над другите; вие сте избрани да им служите. Дали вашето првородство е доказ за Божјата љубов? Да, но многу поважно, тоа доказ за Неговата доверба.
Една работа е да се биде сакан а друга работа е да може целосно да ви се верува. Во водичот For the Strength of Youth , читаме: „Вашиот Небесен Отец ви верува. Тој ви има дадено огромни благослови, вклучувајќи ја целосноста на евангелието и светите обреди и завети што ве врзуваат со Него и ја носат Неговата моќ во вашиот живот. Со овие благослови доаѓа поголема одговорност. Тој знае дека вие може да го промените светот, а тоа бара, во многу случаи, да се биде поразличен од светот“.
Нашето смртно искуство би можело да се спореди со крстосувачки брод на кој Бог ги испратил сите Свои чеда додека патуваат од еден до друг брег. Патувањето е исполнето со можности за учење, раст, за среќа, за напредување, но е исто така полно со опасности. Бог ги сака сите Свои чеда и е загрижен за нивната благосостојба. Не сака да изгуби ниту едно од нив, затоа Тој ги кани оние кои се подготвени да станат членови на Неговиот екипаж—тоа сте вие. Поради вашиот избор да склучувате и да се држите до заветите, Тој ви ја нуди Својата доверба. Тој ви верува за да бидете поинакви, необични, и издвоени поради важната работа што ви ја доверува.
Размислете за тоа! Бог верува дека вие—од сите луѓе на земјата, децата на заветот, членови на неговиот екипаж—ќе му помогнете во Неговото дело: да се донесат сите Негови чеда безбедно дома кај Него. Не нé чуди што Претседателот Брингам во една прилика кажал, „Сите ангели на небесата гледаат во овој грст луѓе“.
Кога ќе погледнете наоколу на овој брод за крстарење наречен земја, може да видите други луѓе како седат на фотељите од некој бар и пијат, се коцкаат во казината, носат облека која премногу открива, бескрајно прелистуваат на своите мобилни телефони, и губат премногу време на играње електронски игри. Но наместо да се запрашате, „Зошто јас не можам да го правам тоа“?можете да се сетите дека не сте обичен патник. Вие сте член на екипажот. Имате одговорности кои патниците ги немаат. Како што Сестра Ардет Кап еднаш кажа, Вие не можете да бидете чувар[спасител] ако изгледате како останатите пливачи на плажата“.
И пред да се обесхрабрите од сите дополнителни должности, ве молиме сетете се дека членовите на екипажот добиваат нешто што другите патници не го добиваат: компензација. Старешина Нил Л. Андерсен кажа, „Постои дополнителна духовна моќ за праведните”, што вклучува „поголемо уверување, поголема потврда и поголема самодоверба“. Како и Авраам од минатото, ќе добиете поголема среќа и мир, поголема праведност и поголемо знаење. Вашата компензација не е само замок во рајот и улици поплочени со злато. Ќе биде лесно за Небесниот Отец едноставно да ви го даде сето она што Тој го има. Негова желба е да ви помогне да станете сé она што Тој е. Така, вашата посветеност бараат повеќе вложување, зашто така Бог го гради вашиот потенцијал.
Тоа е „многу е да се бара од некого, но вие не сте само некој”! Вие сте подмладокот од благородниот првороден. Вашиот заветен однос со Бога и Исус Христос е однос на љубов и доверба во кој имате пристап до поголема мерка од Нивната благодат—Нивната божествена помош, обдарување за сила, и моќ која оспособува. Оваа моќ не е само пуста желба, шарм за среќа, или самоисполнувачко пророштво. Таа е вистинска.
Сé додека ги исполнувате вашите првородни одговорности, нема никогаш да бидете сами. Господарот на лозјето работи со вас. Работите рака под рака со Исус Христос. Со секој нов завет—и како што се продлабочува вашиот однос со Него—се држите еден со друг сé поцврсто и поцврсто сé додека не сте цврсто споени заедно. Во тој свет симбол за Неговата благодат, ќе ја пронајдете желбата и силата да живеете на истиот начин на којшто Спасителот живеел—поинаку од светот. Го добивате ова затоа што Исус Христос ве доби вас!
Во 2 Нефи 2:6 читаме, „Затоа откупувањето доаѓа во и преку Светиот Месија, зашто Тој е полн со благодат и вистина“. Бидејќи Тој е исполнет со вистина, Тој ве гледа онакви какви што навистина сте—со сите маани, слабости, каења со сé. Бидејќи Тој е полн со благодат, ве гледа онакви какви што навистина можете да бидете. Ве среќава онаму каде што сте и ви помага да се покаете и подобрите, да надминувате и да постанувате
„Подмладокот на Благородното Првородство продолжете, продолжете, продолжете“! (“O youth of the noble birthright, carry on, carry on, carry on!”) Јас сведочам дека сте сакани—може да ви се верува—денес, по 20 години, и засекогаш. Не го продавајте своето првородство за лоша храна. Не менувајте сé за ништо. Не дозволувајте светот да ве промени кога сте родени да го менувате светот. Во името на Исус Христос, амин.