Добредојдовте во Црквата на Радоста
Поради искупителниот живот и мисијата на нашиот Спасител, Исус Христос, можеме— и треба— да бидеме најрадосните луѓе на земјата!
Бев крстен во Црквата на Исус Христос на Светците од Подоцнежните денови на Божиќ во 1987 година, пред речиси 37 години Тоа беше навистина прекрасен ден во мојот живот, и во моето вечно патување, и длабоко сум им благодарен на пријателите кои го подготвија патот и ме донесоа до водите на тоа ново раѓање.
Без разлика дали вашето крштевање беше вчера или пред многу години, без разлика дали се среќавате во голема црковна зграда со повеќе одделенија или под сламен покрив, без разлика дали го примате сакрамент во сеќавање на Спасителот на тајландски или свахили, сакам да ви кажам, добредојдовте во црквата на радоста! Добредојдовте во црквата на радоста!
Црквата на Радоста
Поради љубовниот план на нашиот Небесен Отец за секое од Неговите деца, и поради искупителниот живот и мисијата на нашиот Спасител, Исус Христос, ние можеме— и треба— да бидеме најрадосните луѓе на земјата! Дури и кога бурите на животот во често проблематичен свет не удираат, можеме да култивираме растечко и трајно чувство на радост и внатрешен мир поради нашата надеж во Христос и нашето разбирање на нашето место во прекрасниот план на среќата.
Господовиот највисок Апостол, Претседателот Расел М. Нелсон, зборуваше за радоста што доаѓа од животот фокусиран на Исус Христос во речиси секој говор што го одржа откако стана Претседателот на Црквата. „Тој го сумираше тоа толку концизно: „Радоста доаѓа од и поради Него. … За Светците од Подоцнежните Дни, Исус Христос е радост!”
Ние сме членови на Црквата на Исус Христос. Ние сме членови на црквата на радоста! И никаде нашата радост како народ не треба да биде поочигледна отколку кога се собираме заедно секој сабат на нашите сакраментални средби за да му служиме на изворот на сета радост! Тука се собираме со нашите црковни семејства (од одделот и гранката) за да го прославиме сакрамент на Господовата вечера, нашето избавување од гревот и смртта, и моќната благодат на Спасителот! Тука доаѓаме за да ја искусиме радоста, за да се засолниме, за да ни биде простено, за да изразиме благодарност и за да припаѓаме најдени преку Исус Христос!
Дали овој дух на колективно радување во Христос е она што го пронајдовте? Дали е ова тоа што го носите? Можеби мислите дека ова нема многу врска со вас, или можеби едноставно сте навикнати на тоа како секогаш се правеле работите. Но, сите ние можеме да придонесеме, без разлика на нашата возраст или повик, за да ги исполниме со радост нашите сакраментални средби, да ги фокусираме на Христос, да станат најдобредојдениот можен час, да ги оживееме содух на радосна страхопочит.
Радосна Страхопочит
Радосна страхопочит? „Дали такво нешто постои?“ можеби ќе прашате. Да, постои! Ние длабоко го сакаме, почитуваме и уважуваме нашиот Бог, и нашата страхопочит произлегува од душа која се радува во изобилната љубов, милост и спасение на Христос! Оваа радосна страхопочит кон Господ треба да ги окарактеризира нашите свети сакраментални средби.
Сепак, за многумина, страхопочитта значи само ова: цврсто прекрстени раце околу градите, наведната глава, затворени очи, и цврст стас—на неодредено време! Ова може да биде корисен начин да се поучат енергичните мали деца, но како што растеме и учиме, ајде да видиме дека страхопочитта е многу повеќе од ова. Дали ова би било така доколку Спасителот беше со нас? Не, зашто „ме исполнуваш со радост во [Спасителовото] присуство“!
Па, за многумина од нас оваа трансформација на нашите сакраментални служења за заедништво ќе биде потребно практикување.
Присуствување наспроти Богослужење
Ние не се собираме на сабат само за да присуствуваме на сакраменталната средба и да се пријавиме на списокот. Ние се собираме за да му се восхитуваме. Постојат значајна разлика помеѓу двете. Да присуствуваш значи да бидеш присутен на средбата. Но да му се восхитуваме значи да го фалиме и обожаваме со намера нашиот Бог на начин што нè трансформира!
На говорницата за сведоштва и пред конгрегацијата
Ако се собираме во сеќавање на Спасителот и на искупувањето што Тој го овозможио, нашите лица треба да ја одразуваат нашата радост и благодарност! Старешина Ф. Енцио Буш еднаш раскажа приказна за времето кога бил претседател на гранка и едно младо момче во конгрегацијатапогледнало кон него на говорницата и гласно прашало: „Што човекот со тоа лошо лице прави таму горе?“ Оние што седат пред говорницата за сведоштва – говорници, водачи, хорови – и оние што се собираат во конгрегацијата си пренесуваат еден на друг ова „добредојде во црквата на радоста“ преку изразите на нивните лица!
Пеење химни
Додека пееме, дали се задружуваме за да го фалиме нашиот Бог и Цар без разлика на квалитетот на нашите гласови, или само мрмориме или не пееме воопшто? Во светите писма е запишано дека “песната на праведните е молитва до Бога” во која се насладува Неговата душа. Затоа, ајде да запееме! И да го фалиме Него!
Говори и Сведоштва
Нашите говори и сведоштва ги насочуваме кон Небесниот Отец и Исус Христос и на плодовите од понизното живеење на Нивното евангелие, плодови што се „послатки од сè што е слатко.“ Тогаш ние навистина „ќе се гоштевате … сé додека не се наситите, за да не гладувате, ниту … да жеднеете,” и нашите товари да можат да станат лесни преку радоста на Неговиот Син.
Сакраментот
Славната фокусна точка на нашите служби е благословувањето и примањето на сакраментот, лебот и водата кои го претставуваат искупителниот дар на нашиот Господ и целта на нашето собирање. Ова е „свето време на духовно обновување“ кога повторно сведочиме дека сме подготвени да го преземеме името на Исус Христос и повторно да го направиме заветот секогаш да го помниме Спасителот и да ги чуваме Неговите заповеди.
Во некои периоди од животот, можеби ќе пристапиме кон сакрамент со ожалостени срца и преголеми оптоварувања. Во друг случај, доаѓаме слободни и растоварени од грижи и проблеми. Додека внимателно го слушаме благословувањето на лебот и водата и земаме од овие свети знаци, можеби ќе почувствуваме дека треба да се навратиме на жртвата на Спасителот, Неговите маки во Гетсиманија, Неговото страдање на крстот и тагата и болките што ги истрпе поради нас. Тоа ќе биде она што ги олеснува нашите души дкога го споредуваме нашето страдање со со Неговото. Во други моменти, ќе се чудиме со благодарен восхит на „прекрасната и слатка“ радост што ја направи можната дарот на Исус во нашите животи и во нашите вечности! Ќе се радуваме за она што допрва ќе дојде—нашето драгоцено повторно обединување со нашиот сакан Отец и воскреснатиот Спасител.
Можеби сме биле условени да претпостававуваме дека целта на сакраментот е да седиме на црковната столица и само да размислуваме за сиот неред што сме го збркале претходната недела. Но, ајде да ја препуштиме оваа работа на него. Во тишината, можеме да размислуваме за многуте начини на кои Господ неуморно не опсипуваше со Неговата прекрасна љубов таа недела! Можеме да размислуваме за тоа што значи „да ја откриеме радоста на секојдневното покајание.” Можеме да му се заблагодариме за тогаш кога Тој влезе во нашите борби и нашите победи и за моментите кога ја почувствувавме Неговата милост, прошка и сила кои ни даваа сила да ги надминеме нашите потешкотии и да ги носиме нашите товари со трпение и па дури и со добро расположение.
Да, размислуваме за страдањата и неправдите нанесени на нашиот Искупител за нашите гревови, и тоа предизвикува трезвено размислување. Но, понекогаш остануваме заглавени таму—во градината, на крстот, во гробот. Не успеваме да продолжиме кон радоста на гробот што се отвора, да ја поразиме смрттаи победата на Христос над сè што може да не спречи да добиеме мир и да се вратиме во нашиот небесен дом. За време на сакраментот, без разлика дали пролеваме солзи на тага илина благодарност, нека тоа биде од страхопчит кон чудото за добрата вест за дарот на Отецот и Неговиот Син!
Родители со деца кои се млади или имаат специјални потреби
Сега, за родителите на млади деца или деца со посебни потреби, често не постои такво нешто како момент на мир и тивко а размислување за време на сакрамент. Но во кратките моменти во текот на неделата, можете да учите според примерот за љубовта, благодарноста и радоста што ја чувствувате за и од Спасителот додека постојано се грижите за Неговите мали јагниња. Ниту еден напор за оваа не е залуден. Бог е толку свесен за вас.
Семејни, и совети на оддел и гранка
Како и доматака и во црквата можеме да започнеме да ги подобруваме нашите надежи и очекувања. Во семејните совети, можеме да разговараме како секој поединец може да придонесе на осмислени начини да ги пречека сите во црквата на радоста! Можеме да планираме и да очекуваме радосно искуство во црквата.
Советот на оддел и гранка можат да замислат и создадат култура на радосна почит за нашиот час на сакраментот, идентификувајќи практични чекори и визуелни знаци кои ќе помогнат.”
Радост
Радоста изгледа поинаку за различни луѓе. За некои, тоа може да биде радосни поздрави на вратата. За други, тоа може да биде тивко помагање на луѓето да се чувствуваат удобно со тоа што ќе седнете до нив со љубезно и отворено срце. За оние кои се чувствуваат изоставени или на маргините, топлината на ова добредојде ќе биде клучна. На крајот, можеме да се запрашаме како Спасителот сака да изгледа нашата сакрементална средба. Како Тој би сакал секое од Неговите деца да биде пречекано, згрижено, нахранет и сакан? Какви емоции Тој би сакал да чувствуваме додека се обновуваме сеќавајќи се на Него и восхитувајќи му се?
Заклучок
На почетокот на моето патување на верата, радоста во Исус Христос беше моето прво големо откритие, и тоа го промени мојот свет. Ако сè уште не сте ја откриле оваа радост, започнете ја нејзината потрага. Ова е покана да го примите дарот на Спасителот за мир, светлина и радост— да уживате во него, да се чудите на него и да се радувате на него секој Сабат.
Аммон во Книгата на Мормон ги изразува чувствата на моето срце кога вели:
„Сега, зарем немаме причина да се радуваме? Да, ви велам, никогаш немало [народ] кој имал толку голема причина да се радува како ние, од почетокот на светот; да, и мојата радост е толку голема, што се фалам во мојот Бог; зашто тој има сета моќ, сета мудрост и сето разбирање; тој ги разбира сите нешта, и тој е милостив Суштество, дури и до спасение, за оние кои ќе се покајат и ќе поверуваат во неговото име.
„Сега, ако ова е фалење, така нека биде; зашто ова е мојот живот и мојата светлина, … мојата радост и мојата голема благодарност.“
Добредојдовте во црквата на радоста! Во името на Исус Христос, амин.