Свети Писма
3 Нефи 14


Глава 14

Исус заповеда: Не судете; прашајте го Бог; чувајте се од лажни пророци—Тој ветува спасение на оние кои ќе ја прават волјата на Отецот—Спореди Матеј 7. Околу 34 н.е.

1 И сега се случи кога Исус ги проговори овие зборови Тој повторно се заврте кон мноштвото, и ја отвори Неговата уста повторно, велејќи: Вистина, вистина, Јас ви велам, Не судете, за да не бидете судени.

2 Зашто со каква пресуда судите, со таква ќе бидете судени; и со каква мера мерите, повторно ќе ви биде мерено.

3 И зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја земаш во предвид гредата што е во твоето сопствено око?

4 Или како ќе му кажеш на братот: Да ја извадам раската од твоето око—и ете, има греда во твоето око?

5 Ти лицемеру, прво извади го гредата од твоето око; и тогаш ќе гледаш јасно за да ја исфрлиш раската од окото на твојот брат.

6 Не давајте го тоа што е свето на кучињата, ниту фрлајте ги вашите бисери пред свињите, за да не ги згазат под своите нозе, и да се завртат и да ве растргнат.

7 Прашајте, и ќе ви биде дадено; барајте, и ќе најдете; тропнете, и ќе ви биде отворено.

8 Зашто секој што прашува, добива; и тој што бара, наоѓа; и на оној кој тропа, ќе му биде отворено.

9 Или кој е тој човек помеѓу вас, кој, ако неговиот син побара леб, ќе му даде камен?

10 Или ако побара риба, ќе му даде змија?

11 Тогаш ако вие, кои сте злобни, знаете да им давате добри дарови на вашите деца, колку повеќе вашиот Отец на небесата ќе им даде добри нешта на оние кои ќе Го прашаат Него?

12 Затоа, сите нешта што сакате луѓето да ви ги прават, и вие правете им ги истите, зашто тоа е законот и пророците.

13 Влезете низ правата порта; бидејќи широка е портата, и широк е патот, кој води до уништување, а има многумина кои наидоа на него;

14 Зашто права е портата, и тесен е патот, кој води до живот, а има малкумина кои го наоѓаат.

15 Чувајте се од лажни пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а одвнатре се грабливи волци.

16 Вие ќе ги познаете по нивните плодови. Дали луѓето собираат грозје од трње, или смокви од трстови?

17 И така, секое добро дрво дава добар плод; а расипано дрво дава злобен плод.

18 Добро дрво не може да раѓа злобен плод, ниту расипано дрво носи добар плод.

19 Секое дрво кое не дава добар плод е пресечено, и фрлено во оган.

20 Заради што, по нивните плодови ќе ги познаете.

21 Не секој што Ми кажува Мене, Господе, Господе, ќе влезе во небесното царство; туку оној кој ја прави волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата.

22 Многумина ќе Ми кажат Мене во тој ден: Господе, Господе, зарем не пророкувавме во Твоето име, и во Твое име истерувавме ѓаволи, и во Твое име правевме многу прекрасни дела?

23 И тогаш Јас ќе им кажам: Никогаш не ве познавав; заминете од Мене, вие кои правите беззаконие.

24 Затоа, кој и да ги слуша овие Мои кажувања и ги прави, Јас ќе го споредам со мудар човек, кој ја изградил неговата куќа врз камен—

25 И врне дожд, и дојдоа поплавите, и ветриштата дуваа, и навалија на таа куќа; и не се сруши, бидејќи беше основана на камен.

26 И секој што ги слуша овие Мои кажувања а не ги прави ќе го споредам со будалест човек, кој ја изгради својата куќа врз песокот—

27 И врне дожд, и дојдоа поплавите, и ветриштата дуваа, и навалија на таа куќа; и се сруши, и голем беше нејзиниот пад.