Свети Писма
3 Нефи 23


Глава 23

Исус ги одобрува зборовите на Исаија—Тој му заповеда на народот да ги проучуваат пророците—Зборовите од Самуел Ламанитот во врска со Воскреснувањето се додадени на нивните записи. Околу 34 н.е.

1 И сега, ете, Јас ви велам, дека треба да ги проучувате овие нешта. Да, Јас ви давам заповед да ги пребарувате овие нешта трудољубиво; бидејќи големи се зборовите на Исаија.

2 Зашто со сигурност тој зборува за сите нешта во врска со Мојот народ кои се од Израеловиот дом; затоа, потребно е тој да им зборува и на Неевреите.

3 И сите нешта кои тој ги кажа беа и ќе бидат, и тоа според зборовите кои ги кажа.

4 Затоа обрни внимание на Моите зборови; напиши ги нештата кои Јас ти ги кажав; и според времето и волјата на Отецот тие ќе им бидат објавени на Неевреите.

5 И кој ќе ги послуша Моите зборови и се покае и се крсти, истиот ќе биде спасен. Проучувајте ги пророците, бидејќи има многу кои сведочат за овие нешта.

6 И сега се случи кога Исус ги беше кажал овие зборови Тој повторно им кажа, откако Тој им ги беше образложил сите свети писма на нив, што беа ги примиле, Тој им кажа: Ете, Јас би сакал да напишете други свети писма, кои ги немате.

7 И се случи Тој да му каже на Нефи: Донесете го записот кој го зачувавте.

8 И кога Нефи ги донесе записите, и ги остави пред Него, Тој го фрли погледот на нив и рече:

9 Вистина Јас ви велам, Јас му заповедав на Мојот слуга Самуел, Ламанитот, дека Тој треба да му сведочи на овој народ, дека на денот кога Отецот ќе го прослави Неговото име во Мене дека има многу светци кои би се кренале од мртвите, и би се појавиле на многумина, и би им служиле. И Тој им кажа: Зарем не беше така?

10 И Неговите ученици Му одговорија Него и Му кажаа: Да, Господ, Самуел пророкуваше во врска со Твоите зборови, и сите беа исполнети.

11 И Исус им кажа: Зошто не го запишавте ова, дека многу светци стануваа и им се појавуваа на многумина и им служеа?

12 И се случи Нефи да се сети дека ова нешто не беше запишано.

13 И се случи Исус да заповеда тоа да биде напишано; затоа беше запишано како што Тој заповеда.

14 И сега се случи кога Исус ги беше образложил сите свети писма во едно, кои беа ги напишале, Тој им заповеда да ги поучуваат нештата кои Тој им ги изложил.