Глава 25
При Второто Доаѓање, гордите и пакосните ќе бидат запалени како слама—Илија ќе се врати пред тој голем и ужасен ден—Спореди Малахија 4. Околу 34 н.е.
1 Зашто ете, доаѓа денот што ќе гори како печка; и сите горди, да, и сите што прават пакост, ќе бидат слама; и денот што доаѓа ќе ги изгори, кажа Господ на Војските, така што ќе им остави ниту корен ниту гранка.
2 Но на вас кои се плашите од Моето име, Синот на Праведноста ќе стане со исцелување во Неговите крилја; и ќе излезете и ќе пораснете како телиња во штала.
3 И ќе ги згазите пакосните; зашто ќе бидат пепел под табаните на вашите стапала на денот кога Јас ќе го направам ова, кажа Господ на Војските.
4 Сетете се на законот на Мојсеј, Мојот слуга, на кого Јас му наредив во Хореб за целиот Израел, со одредбите и пресудите.
5 Ете, Јас ќе ви го испратам Илија пророкот пред доаѓањето на големиот и ужасен ден на Господ;
6 И тој ќе ги сврти срцата на татковците кон децата, и срцата на децата кон нивните татковци, за Јас да не дојдам и не ја удрам земјата со проклетство.