Глава 3
Гидианхи, водачот на дружината на Гадиантон, ги бара Лаконеус и Нефитите да се предадат заедно и со своите земји—Лаконеус го назначува Гидгидони за главен капетан на војските—Нефитите се собираат во Зарахемла и Изобилство да се бранат. Околу 16–18 н.е.
1 И сега се случи во шеснаесеттата година од доаѓањето на Христос, Лаконеус, управникот на земјата, прими писмо од водачот и управникот на оваа дружина на разбојници; и ова беа зборовите што беа запишани, велејќи:
2 Лаконеус, најблагороден и главен управник на земјата, ете, ти го пишувам писмото, и ти давам прекумерно големи пофалби за цврстината, и исто така за цврстината на твојот народ, во одржувањето на тоа што сметате дека е ваше право и слобода; да, добро се спротивставувате, како да сте поддржани од раката на бог, во одбрана на вашата слобода, и вашиот имот, и вашата земја односно таа што така ја нарекувате.
3 И ми изгледаше жално, најблагороден Лаконеус, да бидеш толку будалест и суетен за да претпоставиш дека можеш да се спротивставиш на толку многу храбри луѓе кои се под моја командата, кои сега во овој момент се наоружани, и чекаат со големо нетрпение за командата—Одете кај Нефитите и уништете ги.
4 И јас, знаејќи за нивниот несовладлив дух, докажувајќи го на бојното поле, и знаејќи за нивната вечна омраза кон вас поради многуте неправди кои им ги направивте, затоа ако ве нападнат ќе ве посетат со целосно уништување.
5 Затоа го напишав ова писмо, запечатувајќи го со мојата сопствена рака, чувствувајќи ја вашата благосостојба, поради вашата цврстина во тоа што верувате дека е праведно, и вашиот благороден дух на бојното поле.
6 Затоа ви пишувам, посакувајќи да му ги предадете на овој мој народ, вашите градови, вашите земји, и вашите поседи, наместо да ве нападнат со мечот и да ве стигне тоа уништување.
7 Односно со други зборови, предадете ни се, и обединете се со нас и запознајте ги нашите тајни дела, и станете наши браќа за да бидете како нас—не наши робови, туку наши браќа и соработници во целиот наш имот.
8 И ете, ви се колнам, ако го направите ова, со заклетва, нема да бидете уништени; но ако не го направите ова, ви се заколнувам, дека за следниот месец ќе им наредам на моите војски да ве нападнат, и тие нема да ги повлечат нивните раце ниту да ве поштедат, туку ќе ве убијат, и ќе го остават мечот да падне на вас, сѐ додека не станете истребени.
9 И ете, јас сум Гидианхи; и сум управник на тајното здружение на Гадиантон; чие здружение и неговите дела знам дека се добри; и се од древното време и ни беа пренесувани.
10 И јас го пишувам ова писмо за тебе, Лаконеус, и се надевам дека ќе ги предадеш твоите земји и поседи, без крвопролевање, за овој мој народ да си ги поврати нивните права и управување, кои отстапија од вас поради вашата пакост во задржување на нивните права на управување, а доколку не го направите тоа, ќе ги одмаздам нивните неправди. Јас сум Гидианхи.
11 И сега се случи дека кога Лаконеус го прими ова писмо тој беше прекумерно изненаден, поради смелоста на Гидианхи да го бара поседот на Нефитската земја, и исто така за заканите на народот и одмаздување за неправдите на оние кои не претрпеле неправди, освен оние кои самите си нанеле неправди отстапувајќи кај тие пакосни и одвратни крадци.
12 Сега ете, Лаконеус, управникот, беше праведен човек, и не можеше да биде исплашен од барањата и заканите на еден крадец; затоа не го послуша писмото на Гидианхи, управникот на крадците, туку го натера својот народ да Го довика Господ за сила во времето кога крадците ќе ги нападнат.
13 Да, тој испрати проглас низ целиот народ, да ги соберат заедно нивните жени, и нивните деца, и нивните стада и крда, и целиот нивен имот, освен нивната земја, на едно место.
14 И нареди да се изградат тврдини околу нив, и нивната сила да биде прекумерно голема. И нареди војските, и од Нефитите и од Ламанитите, односно од сите оние кои беа вброени помеѓу Нефитите, да бидат поставени како стражари да ги набљудуваат и да ги чуваат од крадците ден и ноќ.
15 Да, тој им кажа: Како што живее Господ, освен ако не се покаете од сите ваши беззаконија и Го довикате Господ, вие никако нема да бидете избавени од рацете на тие крадци на Гадиантон.
16 И толку големи и зачудувачки беа пророштвата на Гадиантон што предизвикаа страв кај целиот народ; и се напрегаа со нивната моќ да прават според зборовите на Лаконеус.
17 И се случи Лаконеус да постави главни капетани врз сите војски на Нефитите, да им заповедаат во времето кога крадците ќе ги нападнат од дивината.
18 Сега најглавниот помеѓу сите главни капетани и големиот командант на сите војски на Нефитите беше назначен, и неговото име беше Гидгидони.
19 Сега беше обичај помеѓу Нефитите да назначат за нивните главни капетани, (освен во нивните пакосни времиња) некој кој имаше дух на откровение и исто пророштво; затоа, овој Гидгидони беше голем пророк помеѓу нив, исто како што беше главниот судија.
20 Сега народот му кажа на Гидгидони: Моли Му се на Господ, и нека одиме во планините и во дивината, за да ги нападнеме крадците и да ги уништиме во нивните сопствени земји.
21 Но Гидгидони им кажа: Господ забрани; бидејќи ако ги нападнеме Господ ќе нѐ предаде во нивни раце; затоа ќе се подготвиме во средината на нашите земји, и ќе ги собереме сите наши војски заедно, и нема да ги нападнеме; затоа како што живее Господ, ако го направиме ова Тој ќе ги предаде во нашите раце.
22 И се случи во седумнаесеттата година, во подоцнежниот дел на годината, прогласот на Лаконеус се разшири низ целото лице на земјата, и тие ги земаа нивните коњи, и нивните колесници, и нивната стока, и сите нивни стада, и нивните јата, и нивното жито, и целиот нивен имот, и маршираа по илјадници и десетици илјади, додека сите не заминаа на местото што беше назначено за да се соберат заедно, за да се одбранат против нивните непријатели.
23 И земјата што беше назначена беше земјата Зарахемла, и земјата која беше помеѓу земјата Зарахемла и земјата Изобилство, да, до границата која беше помеѓу земјата Изобилство и земјата Пустош.
24 И имаше многу луѓе кои беа наречени Нефити, кои се собираа заедно во оваа земја. Сега Лаконеус нареди да се соберат заедно во земјата на југ, поради големото проклетство која беше врз земјата на север.
25 И тие се утврдија против нивните непријатели; и живееја во една земја, и во една група, и се плашеа од зборовите кои беа кажани од Лаконеус, толку што се покајаа за сите нивни гревови; и Му се молеа на Господ нивниот Бог, за Тој да ги избави во времето кога нивните непријатели ќе слезат против нив во битка.
26 И тие беа прекумерно тажни поради нивните непријатели. И Гидгидони нареди да направат воени оружја од секаков вид, и да се засилат со оклоп, и со штитови, и со заштита, според начинот на неговото поучување.