Глава 5
Нефитите се покајуваат и ги оставаат своите гревови—Мормон ја пишува историјата на неговиот народ и им го објавува вечното слово на нив—Израел ќе биде собран од неговото големо расејување. Околу 22–26 н.е.
1 И сега ете, не постоеше жива душа помеѓу целиот Нефитски народ кој се сомневаше и најмалку во зборовите на сите пророци кои беа зборувале; бидејќи знаеја дека мора да бидат исполнети.
2 И тие знаеја дека мора да е целисходно да дојде Христос, поради многуте знаци кои беа дадени, според зборовите на пророците; и поради нештата кои се случија веќе знаеја дека мора да се случи сите тие нешта според тоа што беше кажано.
3 Затоа ги оставија сите нивни гревови, и нивните одвратности, и нивните блудства, и Му служеа на Бог со сета трудољубивост дење и ноќе.
4 И сега се случи кога тие ги заробија сите крадци како затвореници, толку што ниту еден што не беше убиен не избега, ги фрлија нивните затвореници во затвор, и наредија Божјото слово да им биде проповедано; и сите кои ќе се покаеја за своите гревови и влезеа во завет дека повеќе нема да убиваат беа ослободени.
5 Но сите кои не влегоа во завет, и кои сѐ уште продолжија да ги имаат тие тајни убиства во нивните срца, да, сите што се сметаа дека се закануваа против браќата беа осудени и казнети според законот.
6 И така тие ставија крај на сите тие пакосни, и тајни, и одвратни сојузи, во кои имаше толку многу пакост, и толку многу убиства извршени.
7 И така помина дваесет и втората година, и исто дваесет и третата година, и дваесет и четвртата, и дваесет и петтата; и така дваесет и пет години беа поминале.
8 И многу нешта се случија кои, во очите на некои, ќе беа големи и зачудувачки; сепак, не можат сите да бидат запишани во оваа книга; да, оваа книга не може да се содржи дури еден стоти дел за тоа што беше направено помеѓу толку многу луѓе за време од дваесет и пет години;
9 Но ете, постојат записи кои ги содржат сите постапки на овој народ; и пократок но вистинит извештај беше даден од Нефи.
10 Затоа јас си направив свој запис од овие нешта според записот на Нефи, кој беше врежан на плочите кои беа наречени плочите на Нефи.
11 И ете, го правам записот на плочите кои ги направив со сопствените раце.
12 И ете, се нарекувам Мормон, наречен според земјата Мормон, земјата во која Алма ја воспостави црквата помеѓу народот, да, првата црква која беше воспоставена помеѓу нив после нивниот престап.
13 Ете, јас сум ученик на Исус Христос, Божјиот Син. Бев повикан од Него да го објавам Неговото слово помеѓу Неговиот народ, за да имаат вечен живот.
14 И стана целисходно дека јас, според Божјата волја, за молитвите на оние кои веќе поминаа, кои беа светите, да бидат исполнети според нивната вера, треба да направам запис за овие нешта кои биле направени—
15 Да, мал запис за тоа што се случило од времето кога Лехи го напушти Ерусалим, дури до сегашно време.
16 Затоа правам запис од извештаите кои ми беа дадени од оние кои беа пред мене, до почетокот на мојот ден;
17 И потоа правам запис за нештата кои ги видов со сопствените очи.
18 И знам дека записот кој го правам е праведен и вистински запис; сепак постојат многу нешта кои, според нашиот јазик, не можеме да ги напишеме.
19 И сега завршувам со моето зборување, кое се однесува со мене, и продолжувам да давам извештај за нештата кои се случија пред мене.
20 Јас сум Мормон, и чист потомок на Лехи. Јас имам причина да Му благодарам на мојот Бог и мојот Спасител Исус Христос, што Тој ги изведе нашите татковци од земјата Ерусалим, (и никој не знаеше освен Самиот и тие што Тој ги изведе од таа земја) и за тоа што Тој ми даде мене и на мојот народ толку многу знаење за спасението на нашите души.
21 Сигурно Тој го благослови домот на Јаков, и беше милостив со потомството на Јосиф.
22 И толку колку што децата на Лехи ги одржуваа Неговите заповеди, Тој ги благослови и унапреди според Неговото слово.
23 Да, и сигурно Тој повторно ќе донесе остаток од потомството на Јосиф до знаењето на Господ нивниот Бог.
24 И сигурно како што Господ живее, Тој ќе го собере целиот остаток од потомството на Јаков од четирите краишта на земјата, кои се распрскани врз целото лице на земјата.
25 И како што Тој се завети со целиот дом на Јаков, така заветот кој го направи со домот на Јаков ќе биде исполнет во Неговото одредено време, во обновување на целиот дом на Јаков до знаењето за заветот кој Тој го направи со нив.
26 И тогаш тие ќе го знаат нивниот Искупител, кој е Исус Христос, Божјиот Син; и тогаш ќе бидат собрани од четирите краишта на земјата во нивните сопствени земји, од каде беа распрскани; да, како што живее Господ така ќе биде. Амин.