Глава 21
Израел ќе биде собран кога ќе се објави Книгата на Мормон—Неевреите ќе бидат основани како слободен народ во Америка—Тие ќе бидат спасени ако веруваат и се покоруваат; во спротивно, ќе бидат отсечени и уништени—Израел ќе изгради Нов Ерусалим, и изгубените племиња ќе се вратат. Околу 34 н.е.
1 И вистина Јас ви велам, Јас ви давам знак, за да знаете за времето кога ќе се случат овие нешта—дека Јас ќе го соберам, од нивното долго распрснување, Мојот народ, О доме Израелов, и повторно ќе го воспоставам Мојот Сион помеѓу нив;
2 И ете, ова е она што Јас ќе ви го дадам како знак—бидејќи вистина Јас ви велам дека кога овие нешта што Јас ви ги соопштувам, и кои Јас ќе ви ги соопштам подоцна Самиот, и преку моќта на Светиот Дух која ќе ви биде дадена од Отецот, ќе им биде откриено на Неевреите за да можат да знаат во врска со овој народ кој е остаток од домот на Јаков, и во врска со овој Мој народ кој ќе биде распрснат од нив;
3 Вистина, вистина, Јас ви велам, кога овие нешта ќе им бидат откриени од Отецот, и ќе излезат од Отецот, од нив кај вас;
4 Зашто тоа е мудроста на Отецот да бидат воспоставени на оваа земја, и ќе бидат поставени како слободен народ преку моќта на Отецот, за овие нешта да дојдат од нив на остатокот од вашето потомство, за да биде исполнет заветот на Отецот за кој Тој се завети со Неговиот народ, О доме Израелов;
5 Затоа, кога овие дела и делата кои ќе бидат направени помеѓу вас подоцна ќе се појават од Неевреите на вашето потомство, кое ќе запаѓаат во неверување поради беззаконие;
6 Зашто таква е волјата на Отецот да се појави од неевреите, за да може да им ја покаже Неговата моќ на Неевреите, за оваа цел, за Неевреите, ако не ги закорават нивните срца, да можат да се покајат и да дојдат кај Мене и да бидат крстени во Мое име и да знаат за вистинските точки на Моето учење, за да можат да бидат вброени помеѓу Мојот народ, О доме Израелов;
7 И кога овие нешта ќе се случат, така што вашето потомство ќе започне да ги знае овие нешта—тоа ќе биде знак за нив, за да можат да знаат дека делото на Отецот веќе започнало за исполнувањето на заветот што Тој го склучил со народот кој е од домот Израелов.
8 И кога ќе дојде тој ден, ќе се случи царевите да ги затворат устите; бидејќи тоа што не им беше кажано ќе го видат; и тоа што не го слушнале ќе го земат во предвид.
9 Зашто на тој ден, за Мое добро Отецот ќе прави дело, кое ќе биде големо и зачудувачко дело помеѓу нив; и помеѓу нив ќе постојат тие што нема да веруваат во тоа, иако човек ќе им го објави.
10 Но ете, животот на Мојот слуга ќе Ми биде во Мојата рака; затоа тие нема да го повредат, иако ќе биде оштетен поради нив. Сепак Јас ќе го исцелам, бидејќи Јас ќе му покажам дека Мојата мудрост е поголема отколку лукавоста на ѓаволот.
11 Затоа ќе се случи сите тие кои не веруваат во Моите зборови, Кој сум Исус Христос, што Отецот ќе го натера да ги истакне при Неевреите, и ќе му дадам моќ да ги доведе кај Неевреите, (ќе биде сторено дури и како што кажа Мојсеј) ќе бидат отсечени од Мојот народ кој е од заветот.
12 И Мојот народ кој е остаток од Јаков ќе бидат помеѓу Неевреите, да, на среде нив како лав помеѓу ѕверовите на шумата, како млад лав помеѓу стадата овци, кој, ако помине ќе гази и распарчува, и никој не може да избави.
13 Нивната рака ќе биде крената врз нивните непријатели, и сите нивни непријатели ќе бидат отсечени.
14 Да, тешко на Неевреите освен ако не се покајат; бидејќи ќе се случи на тој ден, кажа Отецот, да Јас ги отсечам твоите коњи од среде тебе, и Јас ќе ги уништам твоите кочии;
15 И Јас ќе ги отсечам градовите на твојата земја, и ќе ги срушам сите твои упоришта;
16 И Јас ќе ги отсечам вештерствата од твојата земја, и веќе нема да има јасновидци;
17 Твоите врежани ликови Јас исто така ќе ги отсечам, и твоите стоечки идоли од среде тебе, и повеќе нема да ги обожаваш делата од своите раце;
18 И Јас ќе ги искорнам шумичките од среде тебе; така Јас ќе ги уништам твоите градови.
19 И ќе се случи сите лаги, и измами, и завидливости, и расправии, и поповштини, и блудства, да исчезнат.
20 Зашто ќе се случи, кажа Отецот, дека на тој ден кој и да не се покае и дојде при Мојот Возљубен Син, нив Јас ќе ги отсечам од Мојот народ, О доме Израелов;
21 И Јас ќе извршам одмазда и бес врз нив, и тоа како врз безбожниците, таква што за каква не слушнале.
22 Но ако се покајат и ги послушаат Моите зборови, и не ги закорават нивните срца, Јас ќе ја основам Мојата црква помеѓу нив, и тие ќе влезат во заветот и ќе бидат вброени помеѓу остатокот од Јаков, на кого Јас му ја дадов оваа земја за нивно наследство;
23 И тие ќе му помогнат на Мојот народ, остатокот од Јаков, и исто на сите од Израеловиот дом кои ќе дојдат, за да можат да изградат град, кој ќе биде наречен Новиот Ерусалим.
24 И тогаш тие ќе му помогнат на Мојот народ за да бидат собрани, кои се распрснати врз целото лице на земјата, во Новиот Ерусалим.
25 И тогаш моќта на небесата ќе се спушти помеѓу нив; и Јас исто така ќе бидам помеѓу нив.
26 И тогаш ќе започне делото на Отецот на тој ден, и тоа кога ова евангелие ќе биде проповедано помеѓу остатокот од овој народ. Вистина Јас ви велам, на тој ден ќе започне работата на Отецот врз сите распрснати од Мојот народ, да, дури и племињата кои беа изгубени, кои Отецот ги одведе од Ерусалим.
27 Да, делото ќе започне помеѓу сите распрснати од Мојот народ, со Отецот да го подготви патот преку кој ќе можат да доаѓаат кај Мене, за да можат да Го повикуваат Отецот во Мое име.
28 Да, и тогаш ќе започне делото, со Отецот помеѓу сите нации да го подготвува патот преку кој Неговиот народ може да бидат собрани дома во земјата на нивното наследство.
29 И тие ќе излезат од сите нации; и нема да излезат набрзина, ниту јуришаат, бидејќи Јас ќе одам пред нив, кажа Отецот, и Јас ќе бидам нивната заштита одзади.