Глава 16
Исус ќе ги посети другите изгубени овци на Израел—Во подоцнежните денови евангелието ќе оди кај Неевреите и потоа во Израеловиот дом—Господовиот народ ќе гледа око со око кога Тој повторно ќе го доведе Сион. Околу 34 н.е.
1 И вистина, вистина, Јас ви велам дека Јас имам други овци, кои не се од оваа земја, ниту од земјата Ерусалим, ниту во ниту еден дел на таа земја наоколу каде што Јас бев да служам.
2 Зашто тие за кои Јас зборувам се оние кои сѐ уште не го слушнале Мојот глас; ниту Јас им се прикажав Самиот во било кое време.
3 Но Јас примив заповед од Отецот дека Јас ќе одам кај нив, и дека тие ќе го слушнат Мојот глас, и ќе бидат вброени помеѓу Моите овци, за да постои едно стадо и еден овчар; затоа Јас одам да им се покажам Самиот на нив.
4 И Јас ви заповедам да ги напишете овие кажувања откако Јас ќе заминам, за во случајот Мојот народ во Ерусалим, оние кои Ме видоа и беа со Мене при Мојата служба, да не Го прашуваат Отецот во Мое име, за да добијат знаење за вас преку Светиот Дух, и исто за другите племиња за кои не знаат, за овие кажувања кои ќе ги напишете да бидат зачувани и прикажани на Неевреите, и преку целината на Неевреите, остатокот од нивното потомство, кое ќе биде распрснато низ лицето на земјата поради нивното неверување, може да биде доведено, или може да биде доведено до знаење за Мене, нивниот Искупител.
5 И тогаш Јас ќе ги соберам од четирите страни на земјата; и тогаш Јас ќе го исполнам заветот кој Отецот го даде на целиот народ од Израеловиот дом.
6 И благословени се Неевреите, поради нивното верување во Мене, и во Светиот Дух, кој им сведочи за Мене и за Отецот.
7 Ете, поради нивното верување во Мене, кажа Отецот, и поради своето неверување, О доме Израелов, во подоцнежните денови ќе дојде вистината кај Неевреите, за да им се открие целината на овие нешта.
8 Но тешко, кажа Отецот, на неверниците на Неевреите—бидејќи без оглед што дојдоа врз лицето на оваа земја, и го распрснаа Мојот народ кој е од Израеловиот дом; и Мојот народ кој е од Израеловиот дом беше отфрлен помеѓу нив, и беше прегазен под нивните нозе;
9 И поради милостите на Отецот кон Неевреите, и исто пресудата на Отецот кон Мојот народ кои се од Израеловиот дом, вистина, вистина, Јас ви велам, дека после сето ова, и после Јас да предизвикав Мојот народ кои се од Израеловиот дом да бидат удрени, и да бидат погодени, и да бидат убиени, и да бидат отфрлени од помеѓу нив, и да бидат мразени од нив, и да станат свиреж и потсмев помеѓу нив—
10 И така заповеда Отецот да Јас ви кажам: На тој ден кога Неевреите ќе грешат против Моето евангелие, и ќе ја одбијат целината на Моето евангелие, и ќе бидат кренати во гордоста на нивните срца над сите нации, и над сите луѓе на целата земја, и ќе бидат исполнети со секаков вид на лаги, и измами, и палавости, и секаков вид на лицемерие, и убиства, и поповштини, и блудства, и тајни одвратности; и ако ги прават сите тие нешта, и ќе ја одбијат целината на Моето евангелие, ете, кажа Отецот, Јас ќе ја однесам целината на Моето евангелие од помеѓу нив.
11 И тогаш Јас ќе се сетам на Мојот завет што Јас го направив со Мојот народ, О доме Израелов, и Јас ќе го донесам Моето евагенлие на нив.
12 И Јас ќе ти покажам, О доме Израелов, дека Неевреите нема да имаат моќ над вас; но Јас ќе се сетам на Мојот завет кон вас, О доме Израелов, и ќе дојдете до знаење за целината на Моето евангелие.
13 Но ако Неевреите ќе се покајат и Ми се вратат Мене, кажа Отецот, ете ќе бидат вброени помеѓу Мојот народ, О доме Израелов.
14 И Јас нема да дозволам Мојот народ, кои се од Израеловиот дом, да поминат низ нив, и да ги прегази, кажа Отецот.
15 Но ако не се завртат кај Мене, и не го послушаат Мојот глас, Јас ќе им дозволам, да, Јас ќе му дозволам на Мојот народ, О доме Израелов, да поминат низ нив, и да ги прегазат, и ќе бидат како сол што го изгубила својот вкус, што оттогаш не е добра за ништо туку да биде отфрлена, и да биде прегазена под стапалата на Мојот народ, О доме Израелов.
16 Вистина, вистина, Јас ви велам, така Отецот ми заповеда Мене—Јас да му ја дадам на овој народ оваа земја за нивното наследство.
17 И тогаш словата на пророкот Исаија ќе бидат исполнети, кои велат:
18 Твоите чувари ќе го кренат гласот; со нивните гласови заедно ќе пеат, бидејќи ќе гледаат око со око кога Господ повторно ќе го донесе Сион.
19 Радувајте се, пејте заедно, вие потрошени места на Ерусалим; бидејќи Господ го утеши Неговиот народ, Тој го искупи Ерусалим.
20 Господ ја направи Својата света рака изложена во очите на сите нации; и сите краишта на земјата ќе го видат Божјото спасение.