Свети Писма
3 Нефи 29


Глава 29

Појавувањето на Книгата на Мормон е знак дека Господ започнал да го собира Израел и да ги исполнува Неговите завети—Оние кои ќе ги одбијат Неговите откровенија и дарови на последните денови ќе бидат проколнати. Околу 34–35 н.е.

1 И сега ете, ви велам кога на Господ ќе Му одговара, со Неговата мудрост, дека овие кажувања ќе дојдат кај Неевреите според Неговото слово, тогаш ќе можете да знаете дека заветот што Отецот го направи со децата на Израел, во врска со нивното обновување на земјите на нивно наследство, веќе започнува да се исполнува.

2 И ќе можете да знаете дека словата на Господ, кои беа кажани од светите пророци, сите ќе бидат исполнети; и не можете да кажете дека Господ го оддолжува Неговото доаѓање кај децата на Израел.

3 И не треба да си замислувате во вашите срца дека зборовите кои беа кажани се залудни, бидејќи ете, Господ ќе се сети на Неговиот завет кој Тој го направи со Неговиот народ од Израеловиот дом.

4 И кога ќе видите дека овие кажувања доаѓат меѓу вас, тогаш повеќе не треба да ги отфрлате Господовите дела, бидејќи мечот на Неговата правда е во Неговата десна рака; и ете, на тој ден, ако ги отфрлите Неговите дела Тој ќе предизвика брзо да ве пресече.

5 Тешко на Тој кој ги отфрла Господовите дела; да, тешко на Тој кој го негира Христос и Неговите дела!

6 Да, тешко на Тој кој ќе ги негира откровенијата на Господ, и кој ќе вели дека Господ повеќе не делува по откровенија, ниту по пророштво, ниту по дарови, ниту по јазици, ниту по исцелувања, ниту по моќта на Светиот Дух!

7 Да, и тешко на тој што ќе каже на тој ден, за да стекне добивка, дека не може да има чудо направено од Исус Христос; бидејќи тој што го прави ова ќе стане како синот на пропаста, за кого немаше милост, според Христовото слово!

8 Да, и не треба повеќе да шушкате, ниту да презирате, ниту да ги исмејувате Евреите, ниту било кој од Израеловиот дом; зашто ете, Господ се сети на Неговиот завет со нив, и Тој ќе им направи според тоа што се заколна.

9 Затоа не мислете дека можете да ја завртите десната рака на Господ на левото, за Тој да не донесе пресуда за исполнувањето на заветот кој Тој го направи со Израеловиот дом.