Свети Писма
3 Нефи 26


Глава 26

Исус ги образложува сите нешта од почетокот до крајот—Бебињата и децата изговараат чудесни нешта кои не можат да бидат напишани—Тие во Црквата на Христос ги имаат сите нешта заеднички помеѓу нив. Околу 34 н.е.

1 И сега се случи кога Исус ги беше кажал овие нешта, Тој му ги образложи на мноштвото; и Тој им ги изложи сите нешта, и големи и мали.

2 И Тој кажа: Овие свети писма, кои ги немавте со вас, Отецот Ми заповеда Јас да ви ги дадам; бидејќи беше според Неговата мудрост што треба да бидат дадени на идните поколенија.

3 И Тој им ги образложи сите нешта, и тоа од почетокот до времето кога Тој ќе дојде во Неговата слава—да, и тоа сите нешта кои ќе дојдат врз лицето на земјата, и тоа дури елементите не се стопат од страсна жештина, и земјата не биде завиткана како свиток, и небесата и земјата не поминат;

4 И дури на големиот и последен ден, кога сите луѓе, и сите колена, и сите нации и јазици ќе стојат пред Бог, да бидат судени за нивите дела, било да се добри или лоши—

5 Ако се добри, до воскреснување на вечен живот; и ако се лоши, до воскреснување на проклетство; на паралела, едниот на една страна и другиот на другата страна, според милоста, и правдата, и светоста која е во Христос, кој беше пред да започне светот.

6 И сега во оваа книга не може да се запише ни стоти дел од нештата кои Исус навистина ги поучуваше на народот;

7 Но ете плочите на Нефи го содржат поголемиот дел од нештата што Тој ги поучуваше на народот.

8 И ги напишав овие нешта, кои се помал дел од нештата што Тој го поучуваше на народот; и ги напишав со намера повторно да бидат доведени при овој народ, од Неевреите, според зборовите кои ги кажа Исус.

9 И кога ќе го примат ова, што е целисходно прво да го имаат, да ја испробаат нивната вера, и ако се случи да веруваат во овие нешта, тогаш поголемите нешта ќе им бидат прикажани.

10 И ако се случи да не веруваат на овие нешта, тогаш поголемите нешта ќе бидат задржани од нив, до нивно осудување.

11 Ете, за малку ќе ги напишев, сите што беа врежани на плочите на Нефи, но Господ Тој го забрани тоа, велејќи: Јас ќе ја испробам верата на Мојот народ.

12 Затоа јас, Мормон, ги пишувам нештата што ми беа заповедани од Господ. И сега јас, Мормон, ставам крај на моето говорење, и продолжувам да ги пишувам нештата што ми беа заповедани.

13 Затоа, би сакал да видите дека Господ навистина го поучуваше народот, за време од три дена; и после тоа Тој често им се покажуваше Самиот, и кршеше леб често, и го благослови, и им го даде.

14 И се случи Тој да ги поучува и служи на децата на мноштвото за кого се зборуваше, и Тој им ги олабави јазиците, и тие зборуваа на своите татковци големи и чудесни нешта, дури поголеми од тоа што Тој му откри на народот; и Тој им ги олабави јазиците за да можат да говорат.

15 И се случи откако Тој се воздигна на небесата—вториот пат кога Тој им се прикажа, и замина кај Отецот, откако им ги излекува сите нивни болни, и нивни тромави, и ги отвори очите на нивните слепи и ги одзатна ушите на глувите, и направил секакви лекови помеѓу нив, и крена човек од мртвите, и им ја покажа Неговата моќ, и се воздигна кај Отецот—

16 Ете, се случи следниот ден дека мноштвото се собра заедно, и ги слушнаа и видоа овие деца; да, дури и бебињата ги отворија нивните усти и изговараа чудесни нешта; и нештата кои ги изговараа беа забранети, за никој да не ги запише.

17 И се случи учениците кои Исус ги одбра започнаа од тогаш натаму да крштаваат и да ги поучуваат сите кои доаѓаа при нив; и сите кои беа крстени во името на Исус беа исполенти со Светиот Дух.

18 И многу од нив видоа и слушнаа неискажливи нешта, кои не се дозволени да бидат напишани.

19 И тие се поучуваа, и си служеа еден со друг; и ги имаа сите нешта заеднички помеѓу нив, секој човек постапуваше праведно, еден со друг.

20 И се случи да ги направат сите нешта и тоа како што Исус им заповеда.

21 И тие кои беа крстени во името на Исус беа наречени црквата на Христос.