Свети Писма
3 Нефи 15


Глава 15

Исус изјавува дека Мојсиевиот закон е исполнет во Него—Нефитите се другите овци за кои зборуваше во Ерусалим—Поради беззаконието, Господовиот народ во Ерусалим не знаат за распрснатите овци на Израел. Околу 34 н.е.

1 И сега се случи кога Исус заврши со овие кажувања, Тој го фрли Неговиот поглед на мноштвото, и им кажа: Ете, ги слушнавте нештата кои Јас ги поучував пред Јас да се воздигнам кај Мојот Отец; затоа, сите што се сеќаваат на овие Мои кажувања и ги прават, нив Јас ќе ги кренам на последниот ден.

2 И се случи кога Исус ги кажа овие зборови, Тој согледа дека има некои помеѓу нив кои се зачудија, и се прашуваа што Тој би сакал во врска со законот на Мојсеј; бидејќи не ја разбираа изреката дека старите нешта беа поминале, и дека сите нешта беа станале нови.

3 И Тој им кажа: Не чудете се што Јас ви реков дека старите нешта беа поминале, и дека сите нешта беа станале нови.

4 Ете, Јас ви велам дека законот е исполнет што му беше даден на Мојсеј.

5 Ете, Јас сум Тој што го донесе законот, Јас сум Тој што се завети со Мојот народ Израел; затоа, законот во Мене е исполнет, бидејќи Јас дојдов да го исполнам законот; затоа има крај.

6 Ете, Јас не ги уништувам пророците, зашто колку што се исполнија преку Мене, вистина Јас ви велам, толку ќе бидат исполнети.

7 И зашто Јас ви реков дека старите нешта беа поминале, Јас не го уништувам тоа што е кажано за нештата кои следуваат.

8 Зашто ете, заветот што го направив со Мојот народ не е целиот исполнет; но законот што беше донесен на Мојсеј има крај во Мене.

9 Ете, Јас сум законот, и светлината. Гледајте Ме Мене, и издржете до крај, и ќе живеете; бидејќи на Тој што издржува до крајот Јас ќе му дадам вечен живот.

10 Ете, ви ги дадов заповедите; затоа одржувајте ги Моите заповеди. И ова е законот и пророците, бидејќи тие навистина сведочеа за Мене.

11 И сега се случи кога Исус ги кажа овие зборови, Тој им кажа на тие дванаесет кои ги одбра:

12 Вие сте Мои ученици; и вие сте светлина на овој народ, кои се остаток од домот на Јосиф.

13 И ете, ова е земјата на вашето наследство; и Отецот ви ја даде.

14 И Отецот никогаш не Ми даде Мене заповед Јас да им го кажам тоа на вашите браќа во Ерусалим.

15 Ниту Отецот не Ми дал Мене заповед Јас да им кажам во врска со другите племиња од Израеловиот дом, кои Отецот ги изведе од земјата.

16 Толку Ми заповеда Отецот, да им кажам:

17 Дека Јас имам и други овци кои не се од ова стадо; и нив Јас исто морам да ги доведам, и ќе го чујат Мојот глас; и ќе постои едно стадо, и еден овчар.

18 И сега, поради вкочанетоста и неверувањето не го разбраа Моето слово; затоа Ми беше заповедано повеќе да не им зборувам за Отецот во врска со ова нешто.

19 Но, вистина, Јас ви велам дека Отецот Ми заповеда Мене, и Јас ви велам, дека бевте одвоени од нив поради нивното беззаконие; затоа поради нивното беззаконие тие не знаат за вас.

20 И вистина, Јас ви велам дека другите племиња Отецот ги раздели од нив; и тоа е поради нивното беззаконие што не знаат за нив.

21 И вистина Јас ви велам, дека вие сте тие за кои Јас реков: Јас Имам и други овци кои не се од ова стадо; и нив Јас исто морам да ги доведам, и ќе го чујат Мојот глас; и ќе постои едно стадо, и еден овчар.

22 И тие не Ме разбраа Мене, бидејќи мислеа дека тоа се Неевреите; бидејќи не разбираа дека Неевреите ќе бидат преобратени преку нивното проповедање.

23 И не Ме разбраа Мене кога Јас реков дека ќе го слушнат Мојот глас; и не Ме разбраа Мене дека Неевреите нема никогаш да го слушаат Мојот глас—дека Јас нема да им се прикажувам Самиот освен преку Светиот Дух.

24 Но ете, вие и го слушнавте Мојот глас и Ме видовте Мене; и вие сте Мое стадо, и сте вброени помеѓу оние кои Отецот Ми ги даде Мене.