Свети Писма
3 Нефи 17


Глава 17

Исус го насочува народот да размилсува за Неговите зборови и да се моли за разбирање—Тој ги исцелува нивните болни—Тој се моли за народот, користејќи јазик кој не може да биде напишан—Ангелите им служат, и оган ги опкружува нивните малечки. Околу 34 н.е.

1 Ете, сега се случи кога Исус ги кажа овие зборови Тој повторно погледна на мноштвото, и Тој им кажа: Ете, Моето време доаѓа.

2 Јас согледувам дека сте слаби, така што не можете да ги разберете сите Мои зборови што ми се заповедани Мене од Отецот да ви ги кажам во ова време.

3 Затоа, одете во вашите домови, и размилсувајте за нештата кои Јас ви ги кажав, и прашајте Го Отецот, во Мое име, за да можете да разберете и да ги подготвите вашите умови за утре, и Јас повторно ќе дојдам кај вас.

4 Но сега Јас одам кај Отецот, и исто така да им се покажам Самиот на изгубените племиња од Израел, бидејќи не се изгубени за Отецот, бидејќи Тој знае каде ги одведе.

5 И се случи кога Исус така проговори, Тој повторно го фрли погледот на мноштвото, и здогледа дека беа во солзи, и Го гледаа Него постојано како да ќе го прашаа Него уште малку да остане со нив.

6 И Тој им кажа: Ете, Моите утроби се полни за сочувство кон вас.

7 Имате ли некои личности кои се болни помеѓу вас? Доведете ги овде. Имате ли некои кои се тромави, или слепи, или повредени, или сакати, или лепрозни, или кои се оштетени, или глуви, или кои се погодени на некој начин? Доведете ги овде и Јас ќе ги исцелам, бидејќи Јас имам сочувсто кон вас; Моите утроби се полни со милост.

8 Зашто Јас согледувам дека сакате Јас да ви покажам што Јас им направив на вашите браќа во Ерусалим, бидејќи Јас гледам дека вашата вера е доволна за Јас да ве исцелам.

9 И се случи кога така Тој проговори, целото мноштво, истовремено, истапи со своите болни и погодени, и нивните тромави, и со нивните слепи, и со нивните неми, и со сите тие кои беа погодени на некој начин; и Тој ги исцели сите како што беа изведени кај Него.

10 И сите, и тие што беа исцелени и тие што беа целосни, се поклонија пред Неговите нозе, и Го обожаваа Него; и сите кои можеа да дојдат од мноштвото Му ги бакнуваа Неговите нозе, толку што Му ги миеја Неговите нозе со нивните солзи.

11 И се случи дека Тој им заповеда да ги донесат нивните мали деца.

12 Така ги донесоа нивните мали деца и ги седнаа долу на земјата околу Него, и Исус стоеше во средина; и мноштвото направи пат додека сите не беа доведени при Него.

13 И се случи кога сите беа доведени, и Исус стоеше во средина, Тој му заповеда на мноштвото да клекне на земја.

14 И се случи кога клекнаа на земја, Исус воздивна во Самиот, и кажа: Оче, Јас сум измачен поради пакоста на народот од Израеловиот дом.

15 И кога Тој ги беше кажал овие зборови, и Тој Самиот исто така клекна на земјата; и ете, Тој Му се молеше на Отецот, и нештата за кои Тој се молеше не можат да бидат запишани, и мноштвото сведочеше кои Го слушнаа Него.

16 И на овој начин сведочат: Окото никогаш не беше видело, ниту увото слушнало, претходно, толку големи и зачудувачки нешта како што ние видовме и слушнавме Исус да Му ги говори на Отецот;

17 И ниту еден јазик не може да ги изговори, ниту можат да бидат запишани од некој човек, ниту човечките срца можат да замислат толку големи и зачудувачки нешта како што ние ги видовме и слушнавме Исус да говори; и никој не може да ја замисли радоста која ги исполни нашите души во времето кога Го слушнавме Него да Му се моли на Отецот за нас.

18 И се случи кога Исус заврши да Му се моли на Отецот, Тој стана; а толку голема беше радоста на мноштвото што беа совладани.

19 И се случи Исус да им зборува, и им нареди да станат.

20 И станаа од земјата, и Тој им кажа: Благословени сте поради вашата вера. И сега ете, Мојата радост е целосна.

21 И кога Тој ги беше кажал овие зборови, Тој заплака, и мноштвото сведочеше за тоа, и Тој ги зема нивните мали деца, едно по едно, и ги благослови, и Му се молеше на Отецот за нив.

22 И кога Тој го стори тоа, Тој заплака повторно;

23 И Тој му кажа на мноштвото, и му кажа: Ете ги вашите малечки.

24 И додека гледаа да здогледаат, го фрлија погледот кон небото, и видоа дека небото се отвори, и видоа дека ангелите се спуштаа од небото како да беа на сред оган; и се симнаа и ги опкружија тие малечки, и беа опкружени со оган; и ангелите им служеа.

25 И мноштвото виде и слушна и сведочеше и тие знаат дека нивниот запис е точен бидејќи сите тие видоа и слушнаа, секој човек за себе; и беа на број околу две илјади и петстотини души; и се состоеа од мажи, жени, и деца.