Глава 18
Исус го воведува сакраментот помеѓу Нефитите—Им е заповедано секогаш да се молат во Негово име—Тие кои го јадат Неговото тело и ја пијат Неговата крв недостојно се проколнати—На учениците им е дадена моќ да го пренесуваат Светиот Дух. Околу 34 н.е.
1 И се случи Исус да им заповеда на Неговите ученици да Му донесат малку леб и вино на Него.
2 И додека тие бараа леб и вино, Тој му заповеда на мноштвото да седне на земјата.
3 И кога учениците дојдоа со леб и вино, Тој зема од лебот и го скрши и го благослови; и Тој им додели на учениците и им заповеда да јадат.
4 И кога јадеа и се наполнија, Тој им заповеда да му дадат на мноштвото.
5 И кога мноштвото јадеше и се наполни, Тој им кажа на учениците: Ете еден ќе биде одреден помеѓу вас, и на него Јас ќе му дадам моќ да го крши лебот и да го благослови и да го даде на народот од Мојата црква, на сите оние кои ќе веруваат и ќе бидат крстени во Мое име.
6 И ова секогаш ќе гледате да го правите, и тоа како што Јас правев, и тоа како што Јас кршев леб и го благословував и ви го дадов.
7 И ова ќе го правите во сеќавање на Моето тело, кое Јас ви го покажав. И ќе биде сведоштво за Отецот дека секогаш се сеќавате на Мене. И ако се сеќавате на Мене ќе го имате Мојот Дух со вас.
8 И се случи кога Тој ги кажа овие зборови, Тој им заповеда на Неговите ученици да земат од виното од чашата и да го пијат од него, и исто така да му дадат на мноштвото за тие да можат да го пијат од него.
9 И се случи да направат така, и пиеја од тоа и се заситија; и му дадоа на мноштвото, и пиеја, и се заситија.
10 И кога учениците го направија ова, Исус им кажа: Благословени сте за ова што го направивте, бидејќи ова е исполнување на Моите заповеди, и ова Му сведочи на Отецот дека сте спремни да го направите тоа што Јас ви го заповедав.
11 И секогаш ќе го правите ова на оние кои се покајуваат и се крстени во Мое име; и ќе го правите во сеќавање на Мојата крв, која Јас ја пролеав за вас, за да Му сведочите на Отецот дека секогаш се сеќавате на Мене. И ако секогаш се сеќавате на Мене, ќе го имате Мојот Духот да биде со вас.
12 И Јас ви давам заповед дека треба да ги правите овие нешта. И ако секогаш ги правите овие нешта, благословени сте, бидејќи сте изградени врз Мојата карпа.
13 Но оние помеѓу вас кои ќе прават повеќе или помалку од овие не се изградени на Мојата карпа, туку се изградени на песочна основа; и кога ќе врне дожд, и дојдат поплави, и ветерот дува, и ги удира, ќе паднат, и портите на пеколот се подготвени и отворени да ги примат.
14 Затоа благословени сте ако ги одржувате Моите заповеди, кои Отецот Ми ги заповеда Јас да ви ги дадам.
15 Вистина, вистина, Јас ви велам, морате да гледате и да се молите секогаш, за да не бидете искушени од ѓаволот, и да не бидете одведени заробени од него.
16 И како што Јас се молев за вас така и вие ќе се молите во Мојата црква, помеѓу Мојот народ кој се покајува и е крстен во Мое име. Ете Јас сум светлината; Јас поставив пример за вас.
17 И се случи кога Исус ги кажа овие зборови на Неговите ученици, Тој се заврти кон мноштвото и им кажа:
18 Ете, вистина, вистина, Јас ви велам, морате секогаш да внимавате и да се молите да не влезете во искушение; бидејќи Сатаната посакува да ве има, за да може да ве просејува како пченица.
19 Затоа секогаш морате да Му се молите на Отецот во Мое име;
20 И што и да го прашате Отецот во Мое име, што е праведно, верувајќи дека ќе примите, ете ќе ви биде дадено.
21 Молете се во вашите семејства на Отецот, секогаш во Мое име, за вашите жени и вашите деца да бидат благословени.
22 И ете, често ќе се сретнувате заедно; и нема да му забраните на ниту еден човек да доаѓа кај вас кога ќе се сретнувате, туку ќе им дозволите да доаѓаат кај вас и нема да им забранувате;
23 Туку ќе се молите за нив, и нема да ги отфрлите; и ако се случи често да доаѓаат кај вас ќе се молите за нив на Отецот, во Мое име.
24 Затоа, кренете ја вашата светлина за да му блеска на светот. Ете Јас сум светлината која ќе ја кренете—тоа што ме видовте Мене дека го правам. Ете Ме видовте дека Јас Му се молам на Отецот, и сите вие посведочивте.
25 И гледате дека Јас заповедав ниту еден од вас да не си оди, туку попрво ви заповедав да дојдете кај Мене, за да можете да чувствувате и видите; и така ќе правите и во светот; и кој и да ја прекрши оваа заповед дозволува себеси да биде воден во искушение.
26 И сега се случи кога Исус ги кажа овие зборови, Тој повторно ги заврте Неговите очи кон неговите ученици кои Тој ги одбра, и им кажа:
27 Ете, вистина, вистина, Јас ви велам, Јас ви давам уште една заповед, и тогаш Јас морам да одам кај Мојот Отец за Јас да можам да ги исполнам другите заповеди кои Тој Ми ги даде Мене.
28 И сега ете, ова е заповедта која Јас ви ја давам, дека нема да дозволите никој свесно да земе недостојно од Моето тело и крв, кога ќе го служите;
29 Зашто кој и да го јаде и пие Моето тело и крв недостојно, јаде и пие проклетство за неговата душа; затоа ако знаете дека некој човек е недостоен да го јаде и пие Моето тело и крв ќе му забраните.
30 Сепак, нема да го отфрлите од помеѓу вас, туку ќе му служите и ќе Му се молите на Отецот, во Мое име; и ако се случи да се покае и да биде крстен во Мое име, тогаш ќе го примите, и ќе му служите од Моето тело и крв.
31 Но ако тој не се покае нема да биде вброен помеѓу Мојот народ, за да не го уништи Мојот народ, зашто ете ги знам Моите овци, и тие се избројани.
32 Сепак, нема да го исфрлите од вашите синагоги, или вашите места за богослужба, бидејќи на такви ќе продолжите да им служите; бидејќи не знаете дали ќе се вратат и покајат, и дојдат при Мене со целосна намера на срцето, и ќе ги исцелувам; и ќе бидете средства за донесување спасение на нив.
33 Затоа, запазете ги овие кажувања кои Јас ви ги заповедав, за да не дојдете под осуда; бидејќи тешко на оној кој е осуден од Отецот.
34 И Јас ви ги давам овие заповеди поради оспорувањата кои се помеѓу вас. И благословени сте ако немате оспорувања помеѓу вас.
35 И сега Јас одам кај Отецот, бидејќи е целисходно Јас да одам кај Отецот за ваше добро.
36 И се случи кога Исус заврши со овие кажувања, Тој ги допре со Неговите раце учениците кои Тој ги одбра, еден по еден, сѐ додека Тој не ги допре сите, и им зборуваше додека Тој ги допираше.
37 А мноштвото не ги слушна зборовите кои Тој ги кажа, затоа тие не сведочеа; туку учениците посведочија дека Тој им даде моќ да го даваат Светиот Дух. И Јас ќе ви покажам подоцно дека овој запис е вистина.
38 И се случи кога Исус беше ги допрел сите, се појави облак и го засени мноштвото така што не можеа да Го видат Исус.
39 И додека беа засенети Тој си замина од нив, и се воздигна на небото. И учениците видоа и посведочија дека Тој повторно се воздигна на небото.