Свети Писма
3 Нефи 2


Глава 2

Пакоста и одвратностите се зголемуваат помеѓу народот—Нефитите и Ламанитите се обединуваат за да се одбранат од крадците на Гадиантон—Преобратените Ламанити стануваат бели и се наречени Нефити. Околу 5–16 н.е.

1 И се случи така да помине деведесет и петата година исто така, а народот започна да ги заборава тие знаци и чуда што ги слушна, и започна да станува сѐ помалку и помалку запрепастен од знак или чудо од небесата, толку што стана тврд во нивните срца, и слеп во нивните умови, и започна да не верува во сѐ што беше слушнал и видел—

2 Замислувајќи нешто суетно во нивните срца, што беше направено од луѓе и со моќта на ѓаволот, да ги одведе и измами срцата на народот; и така Сатаната повторно ги зазема срцата на народот, толку што им ги заслепи очите и ги одведе за да веруваат дека учењето на Исус Христос беше будалесто и суетно нешто.

3 И се случи народот да започне да се зацврстува во пакоста и одвратностите; и не верува дека ќе биде даден уште знаци и чуда; а Сатаната кружеше, одведувајќи ги срцата на народот, искушувајќи го и предизвикувајќи го да прави голема пакост во земјата.

4 И така помина деведесет и шестата година; и исто така деведесет и седмата година; и исто деведесет и осмата година; и исто деведесет и деветтата година;

5 И исто сто години поминаа од деновите на Мосија, кој беше цар врз Нефитскиот народ.

6 И шестотини и девет години поминаа откако Лехи го напушти Ерусалим.

7 И девет години поминаа од времето кога беше даден знакот, за кој се зборуваше од пророците, дека Христос ќе дојде во светот.

8 Сега Нефитите започнаа да го сметаат своето време од овој период кога знакот беше даден, односно од доаѓањето на Христос; затоа, девет години беа поминале.

9 И Нефи, кој беше татко на Нефи, кој ја имаше должноста на записите, не се врати во земјата Зарахемла, и никаде во целата земја не можеше да се пронајде.

10 И се случи народот сѐ уште да остане во пакост, без оглед на многуте проповедања и пророкувања кои беа испратени помеѓу нив; и така помина десеттата година исто така; и единаесеттата година исто помина во беззаконие.

11 И се случи во тринаесеттата година да има војни и препирања низ целата земја; бидејќи крадците на Гадиантон станаа толку бројни, и убија толку многу луѓе, и опустошија толку многу градови, и раширија толку многу смрт и крвопролевање низ земјата, што стана целисходно целиот народ, и Нефитите и Ламанитите, да ги земат оружјата против нив.

12 Затоа, сите Ламанити кои се преобратија кај Господ се обединија со нивните браќа, Нефитите, и беа принудени, за безбедноста на нивните животи и нивните жени и деца, да земат оружја против тие крадци на Гадиантон, да, и исто така да ги задржат своите права, и предности на нивната црква и нивното служење, и нивната слобода и ослободување.

13 И се случи пред да помине тринаесеттата година Нефитите беа под закана од целосно уништување поради оваа војна, која стана прекумерно тешка.

14 И се случи дека оние Ламанити кои се беа обединиле со Нефитите беа вброени помеѓу Нефитите;

15 И нивната проклетство беше тргната од нив, и нивната кожа стана бела како на Нефитите;

16 И нивните млади момчиња и млади ќерки станаа премногу убави, и беа вброени помеѓу Нефитите, и беа наречени Нефити. И така заврши тринаесеттата година.

17 И се случи на почетокот на четиринаесеттата година, војната помеѓу крадците и народот на Нефи продолжи и стана прекумерно тешка; сепак, Нефитскиот народ стекна одредена предност врз крадците, толку што ги протераа назад од нивните земји во планините и во нивните тајни места.

18 И така заврши четиринаесеттата година. И во петнаесеттата година тргнаа против Нефитскиот народ; и поради пакоста на Нефитскиот народ, и многуте нивни препирања и раздори, крадците на Гадиантон стекнаа многу предности врз нив.

19 И така заврши петнаесеттата година, и така народот беше во состојба на многу неволји; и мечот на уништувањето висеше над нив, толку што за малку ќе беа удрени од него, и ова поради нивното беззаконие.

Печати