Глава 20
Исус чудесно набавува леб и вино и повторно го послужува сакраментот на народот—Остатокот од Јаков ќе дојде до знаењето за Господ нивниот Бог и ќе ги наследи Американските земји—Исус е пророк како Мојсеј, а Нефитите се деца на пророците—Други од Господовиот народ ќе бидат собрани во Ерусалим. Околу 34 н.е.
1 И се случи Тој да му заповеда на мноштвото да престанат да се молат, и исто на Неговите ученици. И Тој им заповеда да не запираат да се молат во своите срца.
2 И Тој им заповеда да станат и да застанат на нозете. И станаа и застанаа на нозете.
3 И се случи Тој повторно да скрши леб и да го благослови, и им го даде на учениците да го јадат.
4 И кога го изедоа, Тој им заповеда да скршат леб, и да му го дадат на мноштвото.
5 И кога му го дадоа на мноштвото Тој исто им даде вино да го пијат, и им заповеда да му го дадат на мноштвото.
6 Сега, немаше леб, ниту вино, донесено од учениците, ниту од мноштвото;
7 Но Тој навистина им даде леб да јадат, и исто вино да пијат.
8 И Тој им кажа: Тој што ќе го јаде овој леб ќе го јаде Моето тело за Неговата душа; и Тој што ќе го пие ова вино, ќе ја пие Мојата крв за Неговата душа; и Неговата душа никогаш нема да биде ниту гладна ниту жедна, туку ќе се наполни.
9 Сега, кога целото мноштво јаде и пие, ете, беа исполнети со Духот; и тие повикаа со еден глас, и Го славеа Исус, кого и Го видоа и го слушнаа.
10 И се случи кога сите беа го славеле Исус, Тој им кажа: Ете сега Јас ја завршувам заповедта која Отецот Ми ја нареди во врска со овој народ, кои се остаток од Израеловиот Дом.
11 Се сеќавате на тоа што Јас ви зборував, и ви кажав дека кога ќе се исполнат зборовите на Исаија—ете, запишани се, ги имате пред вас, затоа пребарајте ги—
12 И вистина, вистина, Јас ви велам, кога ќе бидат исполнети тогаш ќе се ипсолни заветот на Отецот кој му го даде на Неговиот народ, О доме Израелов.
13 И тогаш остатоците, кои ќе бидат распрскани ширум врз лицето на земјата, ќе бидат собрани од исток и од запад, и од југ и од север; и ќе бидат доведени до знаењето за Господ нивниот Бог, Кој ги искупил.
14 И Отецот Ми заповеда Мене да Јас ви ја дадам оваа земја, за ваше наследство.
15 И Јас ви велам, дека ако Неевреите не се покајат откако ќе го примат благословот, откако го распрскаа Мојот народ—
16 Тогаш вие, кои сте остаток од домот на Јаков, ќе одите помеѓу нив; и ќе бидете среде нив што ќе биде мноштво; и ќе бидете помеѓу нив како лав помеѓу шумските ѕверови, и како млад лав помеѓу стадата овци, кои, ако помине ќе ги гази и ги распарчува, и никој не може да се избави.
17 Твојата рака ќе биде крената врз твоите непријатели, и сите твои непријатели ќе бидат отсечени.
18 И Јас ќе го соберам Мојот народ заедно како што човекот ги собира своите снопови на подот.
19 Зашто Јас ќе го направам Мојот народ со кого Отецот заветуваше, да, Јас ќе го направам твојот рог железен, и ќе ги направам твоите копита од месинг. И ќе разбиеш на парчиња многу луѓе; и Јас ќе ја осветам нивната добивка на Господ, и нивниот имот на Господ од целата земја. И ете, Јас сум Тој што го прави тоа.
20 И ќе се случи, кажа Отецот, дека мечот на Мојата правда ќе виси над нив во тој ден; и ако не се покајат ќе падне врз нив, кажа Отецот, да, и тоа врз сите нации на Неевреите.
21 И ќе се случи Јас да го воспоставам Мојот народ, О доме Израелов.
22 И ете, Јас ќе го воспоставам овој народ во оваа земја, за исполнување на заветот што Јас го направив со вашиот татко Јаков; и ќе биде Нов Ерусалим. И моќите на небесата ќе бидат на среде овој народ; да, дури и Јас ќе бидам помеѓу вас.
23 Ете, Јас сум Тој за Кого Мојсеј зборуваше, велејќи: Пророк ќе Го воздигне Господ вашиот Бог, од вашите браќа, како мене; Него ќе Го слушате во сѐ што Тој ќе ви каже. И ќе се случи секоја душа која нема да Го слуша Тој пророк ќе биде отсечена од помеѓу народот.
24 Вистина Јас ви велам, да, и сите пророци од Самуел и сите кои следат, и колку што зборуваа, сведочеа за Мене.
25 И ете, вие сте деца на пророците; и сте од Израеловиот дом; и сте од заветот кој Отецот го направи со вашите татковци, велејќи му на Авраам: И преку твоето потомство ќе бидат благословени сите колена на земјата.
26 Отецот Ме крена Мене при вас прво, и Ме испрати Мене да ве благословам оттргнувајќи го секој од вас од неговите беззаконија; и ова бидејќи сте деца на заветот—
27 И откако бевте благословени тогаш Отецот го исполни заветот кој го направи со Авраам, велејќи: Преку твоето потомство ќе бидат благословени сите колена на земјата—со излевање на Светиот Дух преку Мене врз Неевреите, кој благослов врз Неевреите ќе ги направи моќни над сѐ, до распрскувањето на Мојот народ, О доме Израелов.
28 И тие ќе бидат камшик за народот на оваа земја. Сепак, кога ќе ја примат целината на Моето евангелие, тогаш ако ги стврднуваат нивните срца против Мене Јас ќе им ги вратам нивните неправди врз нивните сопствени глави, кажа Отецот.
29 И Јас ќе се сетам на заветот што Јас го направив со Мојот народ; и Јас се заветив со нив дека Јас ќе ги соберам заедно во Моето соодветно време, за повторно Јас да им ја дадам земјата на нивните татковци за нивно наследство, која е земјата на Ерусалим, која им е ветената земја засекогаш, кажа Отецот.
30 И ќе се случи да дојде времето, кога целината на Моето евангелие ќе им биде проповедана;
31 И тие ќе веруваат во Мене, дека Јас сум Исус Христос, Божјиот Син, и ќе Му се молат на Отецот во Мое име.
32 Тогаш нивните стражари ќе ги кренат гласовите, и со еден глас заедно ќе пеат; бидејќи ќе видат око со око.
33 Тогаш Отецот повторно ќе ги собере заедно, и ќе им го даде Ерусалим како земја за нивно наследство.
34 Тогаш ќе прснат од радост—Пејте заедно, вие пусти места на Ерусалим; бидејќи Отецот го утеши Неговиот народ, го искупи Ерусалим.
35 Отецот ја покажа Неговата света рака во очите на сите нации; и сите краишта на земјата ќе го видат спасението на Отецот; и Отецот и Јас сме едно.
36 И тогаш ќе се исполни тоа што е напишано: Разбуди се, разбуди се повторно, и добиј сила, О Сион; облечи ги твоите убави облеки, О Ерусалиме, светиот град, бидејќи отсега натаму во тебе нема да влегуваат необрезаните и нечистите.
37 Истреси се од правта; стани, седни, О Ерусалиме; ослободи се од оковите на вратот, О заробена ќерко на Сион.
38 Зашто така кажа Господ: Вие се продадовте за ништо, и ќе бидете искупени без пари.
39 Вистина, вистина, Јас ви велам, дека Мојот народ ќе го знае Моето име; да, на тој ден ќе знаат дека Јас сум Тој што зборува.
40 И тогаш тие ќе кажат: Колку убави врз планините се стапалата на тој што им донесе добри вести; кој објавува мир; кој им носи мили вести за добрина, кој објавува спасение; кој му вели на Сион: Твојот Бог владее!
41 И тогаш извик ќе се слушне: Заминете, заминете, одете си од таму, не допирајте го тоа што е нечисто; одете си од среде неа; бидете чисти вие кои ги носите Господовите садови.
42 Зашто нема да си одите брзо ниту со јуриш; бидејќи Господ ќе оди пред вас, и Богот од Израел ќе биде ваша заштита одзади.
43 Ете, Мојот слуга разумно ќе постапува; Тој ќе биде возвишен и прославен и многу висок.
44 Како што многу се запрепастија на тебе—Неговото лице беше многу оштетено, повеќе од секој човек, и Неговата форма повеќе од човечките синови—
45 Така Тој ќе испрска многу нации; царевите ќе ги затворат устите пред Него, бидејќи тоа што не им беше кажано ќе го видат; и тоа што не го слушнале ќе го земат во предвид.
46 Вистина, вистина, Јас ви велам, сите овие нешта сигурно ќе дојдат, и тоа како што Ми заповеда Отецот. Тогаш овој завет што Отецот го заветуваше со Неговиот народ ќе биде исполнет; и тогаш Ерусалим повторно ќе биде населен со Мојот народ, и ќе биде земјата на нивно наследство.