Свети Писма
3 Нефи 24


Глава 24

Гласникот на Господ ќе го подготви патот за Второто Доаѓање—Христос ќе заседава на судот—На Изарел му е заповедано да плаќа десетоци и приноси—Книга на сеќавањето е зачувана—Спореди Малахија 3. Околу 34 н.е.

1 И се случи Тој да им заповеда да ги напишат зборовите кои Отецот му ги даде на Малахија, кои Тој ќе им ги каже. И се случи кога беа запишани да Тој ги образложи. И ова се зборовите кои Тој им ги кажа, велејќи: Така Отецот му кажа на Малахија—Ете, Јас ќе го испратам Мојот гласник, и тој ќе го подготви патот пред Мене, и Господ кој Го барате ќе дојде одненадеж во Неговиот храм, и тоа гласникот од заветот, во кого се воодушевувате; ете, Тој ќе дојде, кажа Господ на Војските.

2 Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање, и кој ќе стои кога Тој ќе се појави? Бидејќи Тој е како огнот на прочистувачот, и како сапунот на чистачот.

3 И Тој ќе седи како прочистувач и чистач на сребро; и Тој ќе ги прочисти синовите на Леви, и ќе ги исчисти како злато и сребро, за да можат да Му принесат жртва на Господ во праведност.

4 Тогаш приносите на Јуда и Ерусалим ќе бидат задоволувачки за Господ, како во старите денови, така и во претходните години.

5 И Јас ќе дојдам близу до вас за пресуда; и Јас ќе бидам брз сведок против волшебниците, и против прељубниците, и против тие кои лажно се колнат, и против тие кои го угнетуваат наемникот во неговата плата, и вдовиците и сираците, и кои го враќаат странецот, и кои не се плашат од Мене, кажа Господ на Војските.

6 Зашто Јас сум Господ, Јас не се променувам; затоа вие синовите на Јаков не сте обземени.

7 Дури и од деновите на вашите татковци оддалечени сте од Моите обреди, и не ги одржувавте. Вратете се вие кај Мене и Јас ќе се вратам кај вас, кажа Господ на Војските. Но вие велите: Каде да се вратиме?

8 Дали човекот ќе го ограби Бог? А сепак Ме ограбивте Мене. Но велите: Како те ограбивме Тебе? Со десетоци и приноси.

9 Проколнати сте со клетва, бидејќи Ме ограбивте Мене, и тоа цела оваа нација.

10 Донесете ги сите десетоци во складиштето, за да има месо во Мојата куќа; и испитајте Ме Мене, кажа Господ на Војските, дали Јас ќе ви ги отворам прозорците на небесата, и ви излеам благослов така што нема да има доволно простор за да го примите.

11 И Јас ќе го прекорам прогонувачот за ваше добро, и нема да ги уништи плодовите од вашата земја; ниту вашата лоза ќе роди свој плод пред време во полињата, кажа Господ на Војските.

12 И сите нации ќе ве нарекуваат благословени, бидејќи ќе бидете воодушевувачка земја, кажа Господ на Војските.

13 Вашите зборови беа силни против Мене, кажа Господ. Сепак велите: Што зборувавме против Тебе?

14 Вие рековте: Залудно е да Му се служи на Бог, и каква корист има што ги одржувавме Неговите обреди и чекоревме тажно пред Господ на Војските?

15 И сега ги нарекуваме гордите среќни; да, тие кои прават пакост се поставени; да, тие кои Го искушуваат Бог се дури избавени.

16 Тогаш тие кои се плашеа од Господ често зборуваа еден со друг, а Господ послуша и слушна; и книга на сеќавањето беше напишана пред Него за тие кои се плашеа од Господ, и кои мислеа на Неговото име.

17 И тие ќе бидат Мои, кажа Господ на Војските, на тој ден кога Јас ќе ги соберам Моите накити; и Јас ќе ги поштедам како што човекот го поштедува Неговиот син кој му служи Него.

18 Тогаш ќе се вратите и ќе распознаете помеѓу праведните и пакосните, помеѓу Тој што Му служи на Бог и тој што не Му служи Него.