Свети Писма
Мосија 17


Глава 17

Алма верува и ги пишува зборовите на Абинади—Абинади доживува смрт од оган—Пророкува болест и смрт од оган врз неговите убијци. Околу 148 п.н.е.

1 И сега се случи откако Абинади беше ги завршил овие кажувања, царот нареди свештениците да го одведат и нареди да биде усмртен.

2 Но постоеше еден помеѓу нив чие име беше Алма, тој исто така беше потомок на Нефи. И беше млад човек, и веруваше во зборовите кои Абинади беше ги кажал, бидејќи знаеше во врска со беззаконието за кое Абинади беше сведочел против нив; затоа започна да го преколнува царот да не се лути на Абинади, туку да дозволи да си замине во мир.

3 Но царот беше погневен, и нареди Алма да биде исфрлен од нив, и ги испрати неговите слуги да го убијат.

4 Но тој избега од нив и се скри за да не го најдат. И беше скриен многу денови пишувајќи ги сите зборови кои Абинади беше ги кажал.

5 И се случи царот да нареди неговите стражари да го опколат Абинади и да го одведат; и го врзаа и го фрлија во затвор.

6 И после три дена, советувајќи се со неговите свештеници, тој нареди повторно да биде доведен пред него.

7 И тој му кажа: Абинади, пронајдовме обвинување против тебе, и ти вредиш да умреш.

8 Зашто ти кажа дека Самиот Бог ќе се симне помеѓу човечките деца; и сега, поради оваа причина ќе бидеш усмртен освен ако не ги повлечеш сите зборови со кои зборуваше зло во врска со мене и мојот народ.

9 Сега Абинади му кажа: Ти велам, нема да ги повлечам зборовите кои ти ги кажав во врска со овој народ, бидејќи тие се вистинити; и за да знаеш за нивната сигурност јас дозволив да паднам во твоите раце.

10 Да, и јас ќе страдам дури и до смрт, и нема да ги повлечам моите зборови, и тие ќе стојат како сведоштво против тебе. А ако ме убиеш ќе пролееш невина крв, и ова исто така ќе стои како сведоштво против тебе на последниот ден.

11 И сега царот Ное сакаше да го ослободи, бидејќи се плашеше од неговиот збор; бидејќи се плашеше дека Божјите пресуди ќе го стигнат.

12 Но свештениците ги кренаа нивните гласови против него, и започнаа да го обвинуваат, велејќи: Тој го критикува царот. Затоа царот беше наведен на гнев против него, и го предаде за да може да биде убиен.

13 И се случи да го одведат и да го врзат, и ја ожарија неговата кожа со чкорчиња, да, дури до смрт.

14 И сега кога пламените започнаа да го горат, тој довикна кон нив, велејќи:

15 Ете, како што ми направивте мене, така ќе се случи вашето потомство да предизвика многу да страдаат од болките од кои јас страдам, дури и од болките од смрт од оган; и ова поради тоа што веруваат во спасението на Господ нивниот Бог.

16 И ќе се случи да бидете погодени со секаков вид на болести поради вашите беззаконија.

17 Да, и ќе бидете удрени на секоја рака, и ќе бидете прогонувани и распрснати таму и ваму, како што диво стадо е прогонувано од диви и свирепи ѕверови.

18 И на тој ден ќе бидете ловени, и ќе бидете одведени од рацете на вашите непријатели, и тогаш ќе страдате, како што јас страдам, болките од смрт од оган.

19 Така Бог извршува одмазда врз оние кои го уништуваат Неговиот народ. О Боже, прими ја мојата душа.

20 И сега, кога Абинади беше ги рекол овие зборови, падна, претрпувајќи смрт од оган; да, усмртен бидејќи не би ги негирал Божјите заповеди, запечатувајќи ја вистината на неговите зборови со неговата смрт.