Глава 26
Многу од членовите на Црквата се водени во грев од неверниците—На Алма му е ветен вечен живот—Оние кои се покајуваат и се крстени стекнуваат прошка—Членовите на Црквата во грев, кои се покајуваат и им признаваат пред Алма и на Господ ќе им биде простено; во спротивно, нема да бидат вброени помеѓу народот на Црквата. Околу 120–100 п.н.е.
1 Сега се случи да постојат многу од растечкото поколение кои не можеа да ги разберат зборовите на царот Венијамин, бидејќи беа мали деца во времето кога му зборуваше на неговиот народ; и тие не веруваа во традицијата на нивните татковци.
2 Тие не веруваа во тоа што беше кажано во врска со воскреснувањето на мртвите, ниту веруваа во доаѓањето на Христос.
3 И сега поради нивното неверување не можеа да го разберат Божјото слово; и нивните срца беа закоравени.
4 И тие не би биле крстени; ниту би се придружиле на црквата. И беа поделен народ што се однесува до верата, и такви останаа и после, дури и во нивната телесна и грешна состојба; зашто не би Го повикале Господ нивниот Бог.
5 И сега при владеењето на Мосија тие не беа ни половина бројни од народот на Бог; но поради раздорите помеѓу браќата станаа побројни.
6 Зашто се случи тие да измамат многу со нивните ласкави зборови, кои беа во црквата, и ги натераа да направат многу гревови; затоа стана потребно оние кои грешеа, кои беа во црквата, да бидат опоменати од црквата.
7 И се случи тие да бидат доведени пред свештениците, и предадени на свештениците од учителите; и свештениците ги доведоа пред Алма, кој беше висок свештеник.
8 Сега царот Мосија му даде власт на Алма над црквата.
9 И се случи Алма да не знае во врска со нив; но постоеја многу сведоци против нив; да, народот стоеше и сведочеше изобилно за нивното беззаконие.
10 Сега такво нешто не се случило порано во црквата; затоа Алма беше вознемирен во неговиот дух, и нареди тие да бидат доведени пред царот.
11 И тој му кажа на царот: Ете, има многу кои ги доведовме пред тебе, кои се обвинети од нивните браќа; да, и беа одведени во разновидни беззаконија. И не се покајуваат за нивните беззаконија; затоа ги доведовме пред тебе, за да можеш да ги судиш според нивните злосторства.
12 Но царот Мосија му кажа на Алма: Ете, јас не ги судам; затоа ги предавам во твои раце да бидат судени.
13 И сега духот на Алма повторно беше вознемирен; и тој отиде и го праша Господ што да прави во врска со оваа ситуација, бидејќи се плашеше дека ќе погреши во Божјите очи.
14 И се случи откако беше му ја излеал целата негова душа на Бог, гласот на Господ дојде кај него, велејќи:
15 Благословен си ти, Алма, и нека се благословени оние кои беа крстени во водите на Мормон. Благословен си ти поради твојата огромна вера во самите зборови на мојот слуга Абинади.
16 И нека се благословени поради нивната огромна вера во самите зборови кои ти им ги кажа.
17 И нека си благословен бидејќи си воспоставил црква помеѓу овој народ; и тие ќе бидат воспоставени, и ќе бидат Мојот народ.
18 Да, благословен е овој народ кој е спремен да го носи Моето име; зашто ќе биде нарекуван по Моето име; и тие се Мои.
19 И бидејќи ме праша Мене во врска со престапникот, ти си благословен.
20 Ти си Мој слуга; и Јас заветувам со тебе дека ќе имаш вечен живот; и ќе ми служиш Мене и ќе настапуваш во Мое име, и ќе ги собереш заедно Моите овци.
21 И Тој кој ќе го слушне Мојот глас ќе биде Моја овца; и Него ќе го примите во црквата, и него исто така Јас ќе го примам.
22 Зашто ете, ова е Мојата црква; кој и да е крстен ќе биде крстен во покајание. И кој и да примите ќе верува во Моето име; и на него слободно Јас ќе му простам.
23 Зашто Јас сум тој што ги презема врз Мене гревовите на светот; зашто Јас сум тој што ги создаде; и Јас сум тој што на оној кој верува на крајот му доделува место на Мојата десна рака.
24 Зашто ете, наречени се по Мое име; и ако ме знаат Мене ќе истапат, и ќе имаат вечно место на Мојата десна рака.
25 И ќе се случи кога втората труба ќе се огласи тогаш оние кои никогаш не ме познаваа Мене ќе истапат и ќе стојат пред Мене.
26 И тогаш ќе знаат дека Јас сум Господ нивниот Бог, дека Јас сум нивен Искупител; но не би биле искупени.
27 И тогаш Јас ќе им признаам на нив дека Јас никогаш не ги познавав и тие ќе заминат во вечен оган подготвен за ѓаволот и неговите ангели.
28 Затоа Јас ти велам, дека оној кој нема да го слушне Мојот глас, истиот нема да го примите во Мојата црква, бидејќи него Јас нема да го примам на последниот ден.
29 Затоа Јас ти велам, Оди; и било кој да престапува против Мене, ќе го казните според гревовите кои ги извршил; и ако ги признае неговите гревови пред тебе и Мене, и се покае со искрено срце, на него ќе му простиш и Јас исто така ќе му простам.
30 Да, и онолку често колку што Мојот народ се покајува Јас толку ќе им ги простувам нивните престапи против Мене.
31 И вие исто така ќе си ги простувате вашите престапи едни на други; бидејќи Јас навистина ви велам, оној кој не ги простува престапите на неговиот сосед кога вели дека се покајува, истиот се доведува себеси под осуда.
32 Сега Јас ти велам, Оди; и оној што нема да се покае за неговите гревови истиот нема да биде вброен помеѓу Мојот народ; и ова ќе се практикува од сега па натаму.
33 И се случи кога Алма ги беше слушнал овие зборови ги запиша за да ги има, за да може да го суди народот од таа црква според Божјите заповеди.
34 И се случи Алма да тргне и да ги суди оние кои беа одведени во беззаконие, според Господовото слово.
35 И оние кои се покајуваа за своите гревови и ги признаваат, нив ги вброи помеѓу народот во црквата;
36 А оние кои не ги исповедаа своите гревови и не се покајаа за нивните беззаконија, истите не беа вброени помеѓу народот во црквата, и нивните имиња беа избришани.
37 И се случи Алма да ги регулира сите црковни работи; и тие повторно започнаа да имаат мир и премногу да напредуваат во црковните работи, чекорејќи благоразумно пред Бог, примајќи многу, и крштавајќи многу.
38 И сега сите овие нешта ги правеа Алма и неговите соработници кои беа на чело на црквата, чекорејќи со сета трудољубивост, поучувајќи го Божјето слово во сите нешта, претрпувајќи секаков вид неволји, прогонувани од сите оние кои не припаѓаа на Божјата црква.
39 И тие ги опоменуваа нивните браќа; и тие исто така беа опоменувани, секој од Божјето слово, според неговите гревови, или според гревовите кои ги беше извршил, му беше заповедано од Бога да се моли без престан, и да се заблагодарува за сите нешта.