Глава 3
Царот Венијамин продолжува со своето обраќање—Семоќниот Господ ќе служи меѓу луѓето во глинест шатор—Крв ќе се пролева од секоја пора кога Тој ќе се помири за гревовите на светот—Само преку Неговото име доаѓа спасение—Луѓето можат да го остават природниот човек и да станат Светци преку Помирувањето—Мачењето на лошите ќе биде како езеро од оган и сулфур. Околу 124 п.н.е.
1 И повторно, браќа мои, јас би сакал да го привлечам вашето внимание, бидејќи имам нешто повеќе да ви кажам; зашто ете, имам да ви кажам нешта во врска со тоа што следува.
2 И нештата кои ќе ви ги кажам ми се познати преку Божјиот ангел. И тој ми рече: Разбуди се; и јас се разбудив, и ете тој застана пред мене.
3 И тој ми кажа: Разбуди се, и слушни ги зборовите кои ќе ти ги кажам; зашто ете, доаѓам да ти објавам радосни вести за голема радост.
4 Зашто Господ ги слушна твоите молитви, и пресуди за твојата праведност, и ме испрати да ти објавам дека можеш да се радуваш; и дека можеш да му објавиш на твојот народ, дека тие исто така можат да бидат исполнети со радост.
5 Зашто ете, дојде времето, и не е далеку, кога со моќ, Семоќниот Господ кој владее, кој беше, и е од вечност до вечност, ќе се симне од небото меѓу човечките деца, и ќе живее во глинест шатор и ќе оди помеѓу луѓето, правејќи моќни чуда, како исцелување на болни, оживување на мртвите, правејќи тромавите да проодат, и слепите да го добијат својот вид, и глувите да слушаат, и ќе исцелува секакви видови болести.
6 И Тој ќе ги истера ѓаволите, или злобните духови кои живеат во срцата на човечките деца.
7 И ете, Тој ќе претрпи искушенија, и телесна болка, глад, жед, и замор, дури повеќе од што човек може да издржи, без да умре; зашто ете, крв ќе се излева од секоја пора, толку големо ќе биде Неговото мачење поради пакоста и одвратностите на Неговиот народ.
8 И тој ќе биде наречен Исус Христос, Синот Божји, Отецот на небесата и на земјата, Создавачот на сите нешта од почетокот; и Неговата мајка ќе биде наречена Марија.
9 И ете, Тој доаѓа кај Неговите, за спасение да може да дојде при човечките деца дури преку вера во Неговото име; и после сето тоа ќе го сметаат Него за човек, и ќе кажат дека во Него има ѓавол, и ќе го камшикуваат Него, и ќе го распнат Него.
10 И на третиот ден Тој ќе се воздигне од мртвите; и ете, Тој стои да го суди светот; и ете сите овие работи се завршени за да може праведна пресуда да дојде врз човечките деца.
11 Зашто ете, исто така помири со Неговата крв за гревовите на оние кои паднале поради престапот на Адам, кои умреа не знаејќи за волјата Божја во врска со нив, кои грешеле ненамерно.
12 Но тешко, тешко на оној кој знае дека се буни против Бог! Зашто спасението не доаѓа, кај никого од таквите освен ако не е преку покајание и вера во Господ Исус Христос.
13 И Господ Бог ги пратил Неговите свети пророци меѓу сите од човечките деца, да ги објави овие нешта на секое колено, нација и јазик, дека сите кои веруваат дека Христос ќе дојде, тие ке добијат опростување на своите гревови, и ќе се радуват со извонредно голема радост, како Тој веќе да беше дошол меѓу нив.
14 Сепак, Господ Бог виде дека Неговиот народ беше вкочанет народ, и Тој им постави закон, и тоа Мојсиевиот закон.
15 И многу знаци, и чуда, и примери, и сенки им покажа Тој, во врска со Неговото доаѓање; и исто така светите пророци им говореа во врска со Неговото доаѓање; а сепак тие ги закоравуваа нивните срца, и не разбраа дека Мојсиевиот закон не овозможува ништо освен преку помирувањето на Неговата крв.
16 И дури да беше можно малите деца да можат да грешат тие не би можеле да бидат спасени; но ви говорам, тие се благословени; зашто ете, како во Адам, односно по природа, тие паѓаат, дури и крвта на Христос помирува за нивните гревови.
17 И згора на тоа, ви кажувам, дека нема да има друго име ниту некој друг начин ниту средства преќу кое спасение може да дојде кај човечките деца, само во и преку името на Христос, Господ Семоќниот.
18 Зашто ете, Тој суди, и Неговата пресуда е праведна; и детето нема да загине во случај да умре во неговото детство; туку луѓето пијат проклетство за нивните сопствени души освен ако не се понизат самите себеси и станат како малите деца, и веруваат дека спасението беше, и е, и ќе дојде, во и преку помирувачката крв на Христос, Господ Семоќниот.
19 Зашто природниот човек е непријател на Бог, и бил од падот на Адам, и ќе биде секогаш и засекогаш, освен ако не се предаде на убедувањата на Светиот Дух, и не го остави природниот човек и стане светец преку помирувањето на Христос Господ, и стане како дете, покорно, питомо, понизно, трпеливо, исполнето со љубов, спремно да се потчини на сите нешта за кои Господ смета дека се соодветни да му ги нанесе, како што детето му се потчинува на неговиот татко.
20 И згора на тоа, ви кажувам, дека ќе дојде времето кога знаењето за Спасителот ќе се рашири низ секоја нација, колено, јазик, и народ.
21 И ете, кога тоа време ќе дојде, никој нема да биде сметан за невин пред Бога, освен малите деца, само преку покајание и вера во името на Господ Бог Семоќниот.
22 И дури сега, кога ти ќе го поучуваш твојот народ за нештата кои Господ твојот Бог ти ги заповеда, дури и тогаш тие нема да бидат сметани за невини во очите на Бог, само според зборовите кои ти ги кажав.
23 И сега ви ги говорев зборовите што Господ Бог ми ги заповеда.
24 И така рече Господ: Тие ќе стојат како јасно сведоштво против овој народ, на судниот ден; така што тие ќе бидат судени, секој човек според неговите дела, било да се добри или зли.
25 И ако се злобни тие се изложени на ужасна глетка на нивната сопствена вина и одвратности, што предизвикува да се оддалечат од присуството на Господ во состојба на мизерија и бескрајно измачување, од каде што повеќе не можат да се вратат; затоа тие го пиеле проклетсво на нивните сопствени души.
26 Затоа, тие пиеле од чашата на бесот на Бог, чија правда не можеше да им негира отколку што би можела да негира дека Адам би требало да падне поради земање на забранетото овошје; затоа, милоста не можеше да има право врз нив никогаш повеќе.
27 И нивното измачување е како езеро од оган и сулфур, чии пламени се неизгасливи, и чиј чад се воздигнува секогаш и засекогаш. Така Господ ми заповеда. Амин.