Свети Писма
2 Нефи 1


Втората Книга на Нефи

Извештај за смртта на Лехи. Браќата на Нефи се бунтуваат против него. Господ го предупредува Нефи да замине во дивината. Неговите патувања во дивината, и така натаму.

Глава 1

Лехи пророкува за една земја на слобода—Неговото потомство ќе биде распрснато и удрено ако Го отфрлат Светецот на Израел—Тој ги охрабрува неговите синови да го облечат оклопот на праведноста. Околу 588–570 п.н.е.

1 И сега се случи дека откако јас, Нефи, бев ставил крај на поучувањето на моите браќа, нашиот татко, Лехи, исто така им говореше многу нешта, и им раскажа колку големи нешта Господ беше сторил за нив изведувајќи ги од земјата Ерусалим.

2 И им говореше во врска со нивните бунтови врз водите, и за милостите на Бог поштедувајќи ги нивните животи, така што не беа проголтани во морето.

3 А исто така им зборуваше во врска со земјата на ветување, која беа ја добиле—колку милостив Господ бил предупредувајќѝ нѐ дека треба да избегаме од земјата Ерусалим.

4 Зашто, ете, рече тој, сум видел визија, во која знам дека Ерусалим е уништен; и да бевме останале во Ерусалим, ние исто така ќе загиневме.

5 Но, рече тој, без оглед на нашите маки, сме добиле една земја на ветување, една земја која е избрана над сите други земји; една земја за која Господ Бог се завети со мене дека ќе биде земја за наследството на моето потомство. Да, Господ се завети за оваа земја со мене, и со моите деца засекогаш, а исто така и со сите оние кои ќе бидат изведени од други земји преку раката на Господ.

6 Затоа, јас, Лехи, пророкувам според делата на Духот што е во мене, дека никој нема да дојде во оваа земја освен ако не се донесени преку раката на Господ.

7 Затоа, оваа земја е осветена за оној кого Тој ќе го доведе. И ако е така дека ќе му служат Него според заповедите кои Тој ги дал, таа ќе биде земја на слобода за нив; затоа, тие никогаш нема да бидат доведени во заробеништво; ако е така, ќе биде поради беззаконие; зашто ако беззаконие изобилува, проколната ќе биде земјата за нивното добро, но за праведните ќе биде благословена засекогаш.

8 И ете, тоа е мудроста дека оваа земја треба да биде зачувана за сега од знаењето на други нации; зашто ете, многу нации би ја окупирале земјата, така што нема да постои место за наследство.

9 Затоа, јас, Лехи, сум добил ветување, дека доколку оние кои Господ Бог ќе ги изведе од земјата Ерусалим ги одржуваат Неговите заповеди, ќе напредуваат врз лицето на оваа земја; и ќе бидат зачувани од сите други нации, за да можат да ја поседуваат оваа земја за себеси. И ако е така дека ќе ги одржуваат Неговите заповеди ќе бидат благословени врз лицето на оваа земја, и никој нема да ги задева, ниту ќе ја одземат земјата на нивно наследство; и ќе живеат безбедно засекогаш.

10 Но ете, кога доаѓа времето кога запаѓаат во неверување, откако добиле толку големи благослови од раката на Господ—и имајќи знаење за создавањето на земјата, и сите луѓе, и знаејќи ги големите и чудесни дела на Господ од создавањето на светот; имајќи моќ која им е дадена да ги прават сите нешта со вера; имајќи ги сите заповеди од почетокот, и беа доведени преку Неговата бесконечна добрина во оваа скапоцена земја на ветување—ете, велам, ако дојде денот кога ќе го отфрлат Светецот на Израел, вистинскиот Месија, нивниот Искупител и нивниот Бог, ете, пресудите на Него кој е праведен ќе останат врз нив.

11 Да, Тој ќе доведе други нации кај нив, и Тој ќе им даде моќ, и Тој ќе ги одземе од нив земјите на нивните наследства, и Тој ќе предизвика да бидат распрснати и удрени.

12 Да, додека едно поколение преминува во друго, ќе има крвопролевања, и големи посети помеѓу нив; затоа, синови мои, јас би сакал да се сеќавате; да, би сакал да ги послушате моите зборови.

13 О кога би се разбудиле; разбудете се од длабок сон, да, дури и од пеколниот сон, и истресете ги ужасните синџири со кои сте врзани, кои се синџирите кои ги врзуваат човечките деца, така што тие се одведени заробени долу во вечната бездна на беда и неволја.

14 Разбудете се! и дигнете се од правта, и слушнете ги зборовите на треперлив родител, чии екстремитети наскоро мора да ги положите во студениот и тивок гроб, од каде што ниту еден патник не може да се врати; уште неколку дена и ќе поминам по патот на сета земја.

15 Но ете, Господ ми ја искупил душата од пекол; јас сум ја видел Неговата слава, и сум вечно опкружен во рацете на Неговата љубов.

16 И посакувам да се сетите да ги почитувате законите и пресудите Господови; ете, ова беше неспокојот на мојата душа од почетокот.

17 Срцето мое беше натоварено со тага од време на време, бидејќи сум се плашел, дека заради закоравеноста на вашите срца Господ Бог ќе излезе со целината на Неговиот бес врз вас, дека ќе бидете отсечени и уништени засекогаш;

18 Односно, дека проклетсво ќе дојде врз вас во текот на многу поколенија; и ќе бидете посетени од мечот, и од гладот, и сте омразени, и сте водени според волјата и заробеништвото на ѓаволот.

19 О синови мои, да не дојдат врз вас овие нешта, туку да бидете одбран и благодатен народ на Господ. Но ете, Неговата волја да биде; зашто Неговите патишта се праведни засекогаш.

20 И Тој рекол дека: Доколку ги одржувате Моите заповеди вие ќе напредувате во земјата; но доколку не ги одржувате Моите заповеди ќе бидете отсечени од Моете присуство.

21 И сега за мојата душа да може да има радост во вас, и моето срце да го напушти овој свет со задоволство заради вас, да не бидам соборен со жалост и тага во гробот, дигнете се од правта, мои синови, и бидете мажи, и бидете одлучни во еден ум и во едно срце, обединети во сите нешта, за да не дојдете во заробеништво;

22 За да не бидете проколнати со тешко проклетство; а исто, за да не го навлечете врз себе незадоволството на праведен Бог, сѐ до уништувањето, да, вечното уништување и на душата и телото.

23 Разбудете се, синови мои; облечете го оклопот на праведноста. Истресете ги синџирите со кои сте врзани, и дојдете од нејаснотијата, и подигнете се од правта.

24 Немојте веќе да се бунтувате против вашиот брат, чии погледи биле славни, и кој ги одржувал заповедите од времето кога го напуштивме Ерусалим; и кој беше инструмент во Божји раце, доведувајќи нѐ во земјата на ветување; зашто да не беше Тој, сигурно ќе загиневме од глад во дивината; сепак, вие баравте да му го одземете животот; да, и тој претрпел многу тага заради вас.

25 И премногу се плашам и треперам заради вас, да не страда тој пак; зашто ете, вие го обвинивте дека тој бараше моќ и власт над вас; но знам дека тој не бараше моќ ниту власт над вас, туку ја бараше славата Божја, и вашата сопствена вечна благосостојба.

26 И сте мрмореле затоа што тој беше јасен кон вас. Велите дека тој употребил острина; велите дека ви се налутил; но ете, неговата острина беше острината на силата на Божјото слово, кое беше во него; и тоа што вие го нарекувате гнев беше вистината, според тоа што е во Бог, кое не можеше да го воздржи, покажувајќи смело во врска со вашите беззаконија.

27 И мора да е така дека силата Божја мора да биде со него, дури и со неговото заповедување дека вие мора да се покорувате. Но ете, не беше тој, туку беше Духот Господов кој беше во него, кој му ја отвори устата за да изусти така што не можеше да ја затвори.

28 И сега сине мој, Ламан, а исто и Лемуил и Сем, а исто и моите синови кои се синовите на Исмаил, ете, ако го послушате гласот на Нефи, нема да загинете. И ако го послушате него ви оставам благослов, да, и тоа мојот прв благослов.

29 Но ако не го послушате него ќе го повлечам мојот прв благослов, да, дури и мојот благослов, и ќе остане врз него.

30 И сега, Зорам, тебе ти говорам: Ете, ти си слугата на Лабан; сепак, ти беше изведен од земјата на Ерусалим, и знам дека си вистински пријател на мојот син, Нефи, засекогаш.

31 Затоа, бидејќи си бил верен, твоето потомство ќе биде благословено со неговото потомство, за да живеат во напредок долго врз лицето на оваа земја; и ништо, освен беззаконие меѓу нив, нема да го повреди ниту вознемирува нивниот напредок врз лицето на оваа земја засекогаш.

32 Затоа, ако ги одржувате заповедите Господови, Господ ќе ја освети оваа земја за безбедноста на твоето потомство со потомството на мојот син.