Глава 28
Многу лажни цркви ќе бидат изградени во последните денови—Тие ќе поучуваат лажни, суетни и будалести учења—Отпадништвото ќе изобилува поради лажните учители—Ѓаволот ќе беснее во човечките срца—Тој ќе поучува на лажни учења од секаков вид. Околу 559–545 п.н.е.
1 И сега, ете, браќа мои, ви говорев, според тоа како што Духот ме принуди; затоа, знам дека тие сигурно мора да се случат.
2 И нештата кои ќе бидат напишани од книгата ќе бидат од голема вредност за човечките деца, и особено на нашето потомство, што е остаток од Израеловиот дом.
3 Зашто ќе се случи на тој ден црквите кои се изградени, и кои не се за Господ, кога едната ќе и каже на другата: Ете, јас, јас сум на Господ, и другите ќе кажат: јас, јас сум на Господ; и така сите ќе велат дека изградиле цркви, а не се за Господ—
4 И ќе се препираат една со друга; и нивните свештеници ќе се препираат едни со други, и ќе поучуваат со нивното сфаќање, и ќе го негираат Светиот Дух, кој дава изјава.
5 И тие ја негираат моќта на Бог, Светецот на Израел; и му велат на народот: Послушајте нѐ нас, и слушнете го нашиот принцип; зашто ете не постои Бог денес, бидејќи Господ и Искупителот го Направи своето дело, и Тој им ја даде Неговата моќ на луѓето;
6 Ете, послушајте го Мојот принцип; ако велат дека има чудо сторено од раката на Господ, не верувајте во тоа; зашто овој ден Тој не е Бог на чудата; Тој ја заврши неговата работа.
7 Да, и ќе постојат многу кои ќе кажат: Јадете, пијте, и бидете весели, бидејќи утре ќе умреме, и ќе ни биде добро.
8 И исто така ќе има многу кои ќе кажат: Јадете, пијте, и бидете весели; сепак, плашете се од Бог—Тој ќе оправда извршување на мал грев; да, лажи малку, искористи некого поради Неговите зборови, ископајте дупка за твојот сосед; нема штета во ова; и правете ги сите овие нешта, бидејќи утре ќе умреме; и ако се случи да сме виновни, Бог ќе ни зададе неколку удари од камшик, и на крај ќе бидеме спасени во Божјото царство.
9 Да, и ќе постојат многу кои ќе поучуваат според овој начин, лажни и суетни и будалести учења, и ќе бидат надуени во нивните срца, и ќе бараат длабоко да ги скријат нивните намери од Господ; и нивните дела ќе бидат во темнината.
10 И крвта на светците ќе плаче од земјата против нив.
11 Да, сите тие се тргнаа од патот; станаа корумпирани.
12 Поради гордост, и поради лажни учители, и лажно учење, нивните цркви станаа корумпирани, и нивните цркви се кренати; поради гордоста тие се надуени.
13 Ги ограбуваат сиромашните поради нивните фини светилишта; ги ограбуваат сиромашните поради нивните фини облеки; и ги прогонуваат питомите и сиромашните во срце, бидејќи тие се надуени со нивната гордост.
14 Тие имаа вкочанети вратови и кренати глави; да, и поради гордост, и пакост, и одвратности, и блудства, сите тие застранија освен малкумина, кои се понизните следбеници на Христос; сепак, тие се водени, дека во многу случаи грешат поради тоа што се поучени на човечките принципи.
15 О мудрите, и учените, и богатите, кои се надуени со гордоста на нивните срца, и сите оние кои проповедаат лажни учења, и сите оние кои извршуваат блудства, и го искривуваат правилниот пат на Господ, тешко, тешко, тешко на нив, кажа Господ Бог Семоќниот, бидејќи тие ќе бидат турнати долу во пеколот!
16 Тешко на оние кои ги одбиваат праведните за ништо и зборуваат против она што е добро, и велат дека не вреди! Зашто ќе дојде денот кога Господ Бог брзо ќе ги посети жителите на земјата; и на тој ден кога целосно ќе созреат во беззаконие тие ќе загинат.
17 Но ете, ако жителите на земјата се покајат за нивната пакост и одвратностите нема да бидат уништени, кажа Господ на Војските.
18 Но ете, таа голема и одвратна црква, блудницата на целата земја, мора да падне на земјата, и нејзиниот пад мора да биде голем.
19 Зашто царството на ѓаволот мора да се тресе, и оние кои припаѓаат на него мора да бидат наведени на покајание, или ѓаволот ќе ги фати со неговите вечни окови, и ќе бидат наведени на гнев, и ќе загинат;
20 Зашто ете, на тој ден тој ќе беснее во срцата на човечките деца, и ќе ги наведе на гнев против тоа што е добро.
21 А другите ќе ги смири, и ќе ги успие во телесната сигурност, за да кажат: Сѐ е добро со Сион; да, Сион напредува, сѐ е добро—и така ѓаволот ги мами нивните души, и ги води сигурно долу во пеколот.
22 И ете, на другите им ласка, и им вели дека не постои пекол; и им кажа: Јас не сум ѓавол, бидејќи не постои ниту еден—и така им шепоти во ушите, додека не ги фати со неговите ужасни синџири, од кои нема избавување.
23 Да, тие се фатени со смртта, и пеколот; и смрт, и пекол, и ѓаволот, и сѐ што беше фатено од нив мора да стои пред престолот на Бог, и да им биде судено според нивните дела, од каде мора да одат во местото подготвено за нив, дури и езеро од оган и сулфур, што е бескрајно мачење.
24 Затоа, тешко на оној на кого му е лесно во Сион!
25 Тешко на оној кој довикува: Сѐ е добро!
26 Да, тешко на оној кој ќе ги послуша човечките принципи, и ќе ја негира моќта на Бог, и дарот на Светиот Дух!
27 Да, тешко на оној кој вели: Добивме, и не ни треба повеќе!
28 И накратко, тешко на сите оние кои треперат, и се гневни поради Божјата вистина! Зашто ете, оној што е изграден врз карпа ја прима со радост; а оној што е изграден врз песочна основа трепери за да не падне.
29 Тешко на оној кој вели: Го примивме Божјото слово, и повеќе не ни треба Божјото слово, бидејќи имаме доволно!
30 Зашто ете, така кажа Господ Бог: Јас ќе им дадам на човечките деца ред по ред, принцип по принцип, овде малку и таму малку; и нека се благословени оние кои ги слушаат Моите принципи, и го слушаат Мојот совет, бидејќи тие ќе научат мудрост; бидејќи на тој што ќе прими Јас ќе му дадам повеќе; и на тие кои велат, Имаме доволно, од нив ќе биде одземено дури и тоа што го имаат.
31 Проклет нека е тој кој го стави своето верување во човекот, односно го направи телото негова рака, односно ги слуша човечките принципи, освен ако нивните принципи не се дадени преку моќта на Светиот Дух.
32 Тешко на Неевреите, кажа Господ на Војските! Зашто без оглед Јас ќе ја испружам Мојата рака кон нив од ден на ден, тие ќе ме негираат; сепак, Јас ќе бидам милостив кон нив, кажа Господ Бог, ако се покајат и дојдат кај Мене; бидејќи Мојата рака е испружена цел ден, кажа Господ Бог на Војските.