Свети Писма
2 Нефи 29


Глава 29

Многу Неевреи ќе ја одбијат Книгата на Мормон—Тие ќе кажат, Не ни треба уште една Библија—Господ говори на многу нации—Тој ќе му суди на светот од книгите кои ќе бидат напишани. Околу 559–545 п.н.е.

1 Но ете, ќе постојат многу—на тој ден кога Јас ќе продолжам да правам чудесно дело помеѓу нив, за Јас да ги запомнам Моите завети кои Јас ги направив со човечките деца, за Јас да ја поставам Мојата рака повторно по втор пат за да го повратам Мојот народ, кои се од Израеловиот дом;

2 И исто така, Јас да се сетам на ветувањата кои Јас ти ги дадов на тебе, Нефи, и исто така на твојот татко, за Јас да се сетам на твоето потомство; и дека зборовите на твоето потомство ќе продолжат да излегуваат од Мојата уста до твоето потомство; и Моите зборови ќе одекнат на сите краеви на земјата, како знаме на Мојот народ, кои се од Израеловиот дом;

3 И бидејќи Моите зборови ќе одекнат—многу од Неевреите ќе речат: Библија! Библија! Имаме Библија, и не може да постојат повеќе Библии.

4 Но така кажа Господ Бог: О будали, ќе имаат Библија; и ќе потекне од Евреите, Мојот древен заветен народ. А како им се заблагодаруваат на Евреите за Библијата која ја примиле од нив? Да, што мислат Неевреите? Дали се сеќаваат на напорите, и трудовите, и болките на Евреите, и нивната трудољубивост кон Мене, во истакнувањето на спасението на Неевреите?

5 О вие Неевреи, дали се сетивте на Евреите, Мојот древен заветен народ? Не; туку ги проколнавте, и ги мразевте, и не баравте да ги вратите. Но ете, Јас ќе ви ги вратам сите овие нешта врз вашите глави; бидејќи Јас Господ не го заборавив Мојот народ.

6 Ти будало, која вели: Библија, имаме Библија, и не ни треба друга Библија. Дали добивте Библија освен таа од Евреите?

7 Не знаете ли дека постојат повеќе нации од една? Не знаете ли дека Јас, Господ твојот Бог, ги создадов сите луѓе, и дека Јас се сеќавам на сите оние кои се на морските острови; и дека Јас владеам на небесата горе и на земјата долу; и Јас го изнесувам Моето слово пред човечките деца, да, и тоа пред сите нации на земјата?

8 Затоа вие мрморите, за тоа што ќе добиете повеќе од Моето слово? Зарем не знаете дека сведоштвото на две нации ви е сведоштво дека Јас сум Бог, дека Јас се сеќавам на еден народ како и на друг? Затоа, Јас ги говорам истите зборови на една нација како и на другата. И кога двете нации заедно ќе се здружат тогаш и сведоштвото на тие нации ќе се здружи.

9 И Јас го правам ова за Јас да докажам на многу дека Јас сум истиот вчера, денес, и засекогаш; и дека Јас ги истакнувам Моите зборови како што сакам. И бидејќи Јас проговорев еден збор не треба да мислите дека Јас не можам да проговорам и друг; бидејќи Мојата работа сѐ уште не е завршена; ниту ќе биде до крајот на човекот, ниту оттогаш натаму и засекогаш.

10 Затоа, бидејќи имате Библија не треба да мислите дека таа ги содржи сите Мои зборови; ниту не треба да мислите Јас дека не направив повеќе да биде запишано.

11 Зашто Јас им заповедам на сите луѓе, и на исток и на запад, и на север и на југ, и на морските острови, дека ќе ги напишат зборовите кои Јас им ги кажувам; бидејќи од книгите кои ќе бидат напишани Јас ќе му судам на светот, секој човек според неговите дела, според тоа што е напишано.

12 Зашто ете, Јас ќе им говорам на Евреите и тие ќе го напишат тоа; и исто така Јас ќе им говорам на Нефитите и тие ќе го напишат тоа; и Јас исто така ќе им говорам и на другите племиња од Израеловиот дом, кои Јас ги одведов, и тие ќе го напишат тоа; и исто Јас така ќе им говорам на сите нации на земјата и тие ќе го напишат тоа.

13 И ќе се случи Евреите да ги имаат словата на Нефитите, и Нефитите ќе ги имаат словата на Евреите; и Нефитите и Евреите ќе ги имаат словата на изгубените племиња на Израел; и изгубените племиња на Израел ќе ги имаат словата на Нефитите и на Евреите.

14 И ќе се случи дека Мојот народ, кои се од Израеловиот дом, ќе бидат собрани дома во земјите на нивните поседи; и Моето слово исто така ќе биде собрано во едно. И Јас ќе им покажам на оние кои се борат против Моето слово и против Мојот народ, кои се од Израеловиот дом, дека Јас сум Бог, и Јас се заветив со Авраам дека Јас засекогаш ќе се сеќавам на неговото потомство.