Свети Писма
2 Нефи 32


Глава 32

Ангели говорат преку моќта на Светиот Дух—Луѓето мораат да се молат и да стекнат знаење за самите себеси од Светиот Дух. Околу 559–545 п.н.е.

1 И сега, ете, мои љубени браќа, мислам дека размислувате некако во вашите срца во врска со тоа што треба да правите откако ќе тргнете по патот. Но, ете, зошто ги размислувате овие нешта во вашите срца?

2 Зарем не се сеќавате дека ви кажав дека откако бевте го примиле Светиот Дух можете да говорите со ангелски јазик? И сега, како можете да говорите со ангелски јазик освен ако не беше со Светиот Дух?

3 Ангелите говорат преку моќта на Светиот Дух; затоа, ги говорат зборовите на Христос. Затоа, ви кажав, гоштевајте се со зборовите на Христос; зашто ете, зборовите на Христос ќе ви ги кажат сите нешта кои треба да ги правите.

4 Затоа, сега откако ги кажав овие зборови, ако не ги разбирате ќе биде бидејќи не прашувате, ниту тропате; затоа, не сте доведени пред светлината, туку мора да загинете во темнината.

5 Зашто ете, јас повторно ви велам дека ако влезете на патот, и Го примите Светиот Дух, ќе ви ги покаже сите нешта кои треба да ги правите.

6 Ете, ова е учењето на Христос, и нема да биде дадено друго учење додека Тој не ви се покаже Самиот во тело. И кога Тој ќе ви се покаже Самиот во тело, нештата кои Тој ќе ви ги каже ќе гледате да ги направите.

7 И сега јас, Нефи, не можам да кажам повеќе; Духот ја запре мојата изјава, и сум оставен да жалам поради неверувањето, и пакоста, и неукоста, и вкочанетоста на луѓето; бидејќи нема да бараат знаење, ниту ќе разберат големо знаење, кога им е дадено со јаснотија, дури толку јасен како што зборот може да биде.

8 И сега, мои љубени браќа, согледувам дека сѐ уште размислувате во вашите срца; и жал ми е што морам да зборувам во врска со ова нешто. Бидејќи ако вие би го послушале Духот кој го поучува човекот да се моли, би знаеле дека мора да се молите; бидејќи злобниот дух не го поучува човекот да се моли, туку го поучува да не се моли.

9 Но ете, ви говорам дека морате да се молите секогаш, а не да слабеете; дека не треба да изведувате ништо пред Господ освен ако прво не се молите на Отецот во името на Христос, за Тој да ги освети вашите дејствувања, за вашите дејствувања да можат да бидат за благосостојбата на вашата душа.